Мноштвото дезинформации нема да влијаат на претседателските избори во САД

Директорката на американската Агенција за кибер и инфраструктурна безбедност (CISA) Џен Истерли вчера изјави дека нејзиниот оддел нема докази за каква било активност што може директно да влијае врз исходот на изборите.

Директорката на американската Агенција за кибер и инфраструктурна безбедност (CISA) Џен Истерли вчера изјави дека нејзиниот оддел нема докази за каква било активност што може директно да влијае врз исходот на изборите, и покрај поплавата од дезинформации.

Таа додаде дека изборите во 2024 година се обележани со „невиден број на дезинформации“ од странски противници.

Американските агенции предупредија дека Русија и другите актери имаат намера да шират приказни за поделби пред изборите, обвинение што Русија го негираше.

Високата функционерка на ЦИСА рече дека постои голема веројатност странските дезинформации да продолжат со недели и месеци по изборите.

Истерли додаде дека „изборната инфраструктура никогаш не била посигурна и подобро подготвена да спроведе безбедни, слободни и фер избори“.

ОЛАФ започна истрага за увоз на „ребрендирана“ руска нафта во ЕУ

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) започна истрага во врска со наводите дека некои земји под друг бренд во ЕУ препродаваат руска нафта, чиј увоз во ЕУ е опфатен со режимот на санкции против Русија. 

Случајот се третира како обид за заобиколување на санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија поради руската инвазија врз Украина. Забраната за увоз на руска нафта во Унијата беше воведена со пакетот санкции усвоен во февруари 2023 година.

Истрагата следи откако некои медиуми објавија дека милиони барели руска нафта најверојатно се пласираат на пазарот во ЕУ откако претходно биле „ребрендирани“ во други земји, меѓу кои и Турција и Бугарија.

Според наводите на „Политико“ на овој начин во изминатите 12 месеци во ЕУ била извезена руска нафта преку Турција, од што Русија заработила околу три милијарди евра. Овој трансфер на руска нафта под променет бренд на потекло, се вршел преку три турски пристаништа.

Дополнително, според истите тврдења, минатата година Русија заработила околу милијарда евра од пласман на своја нафта во ЕУ преку Бугарија.

„Политико“ наведува дека ова ги покажува креативните начини на кои Русија прави обиди за заобиколување на санкциите на ЕУ и ја штити својата трговија со фосилни горива, од која Москва обезбедува речиси половина од своите приходи.

Истрагата доаѓа во време на заладени односи меѓу Брисел и Анкара поради турската соработка со Русија и покрај обидите на Турција за делумно усогласување со американските санкции кон Москва.

Видео: Пејач на концерт падна низ бина

Мегапопуларен пејач на концерт падна низ бина, публиката вресна.

Фронтменот на „Coldplay“, Крис Мартин, настапуваше на четвртиот и последен концерт на бендот во Мелбурн на нивната турнеја „Music of the Spheres“, а она што му се случи ја шокираше публиката.

Крис на бината почна да чита порака добиена од публиката и чекореше наназад, а поради невнимание неочекувано паднал низ дупката.

На видео кое кружи на социјалните мрежи, публиката можеше да се слушне како здивнува во шок откако тој падна низ бината. Потоа се слушна како пејачот на шега ги уверува фановите дека паѓањето низ бината не било планирано.

Потоа, тој се заблагодари на продуцентскиот тим кој беше таму, велејќи: „Ви благодарам што ме фативте“. Набргу по овој настан, тој продолжи да настапува.

Уапсено 21 лице во Атина за насилни кражби на ланчиња од граѓани во јавниот превоз

​Од уапсените, 14 се малолетници, а во обвинението вклучени се и 48 други лица од кои 11 се во затвор.

Грчката полиција разби група која со физичко насилство крадела ланчиња што луѓето ги носеле на врат, уапсено е 21 лице и расчистени се 129 случаи на кражби во Атина, меѓу кои, според медиумите во Грција и онаа на атинска плажа, кога непланирано беше пренесена во живо за време на линк на телевизијата „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од уапсените, 14 се малолетници, а во обвинението вклучени се и 48 други лица од кои 11 се во затвор.

Групата, кражбите најчесто ги вршела во јавниот превоз во Атина, пред сè во метрото и трамвајот, но и на централни плоштади.

Како што соопштија од грчката полиција, сторителите им приоѓале на жртвите и насилно со влечење или со физичко насилство им ги одземале ланчињата што го носеле на врат.

На почетокот на јуни, како што тогаш објави МИА, повозрасна жена остана без нејзиното ланче на атинска плажа откако во моментите кога се подготвуваше да влезе во море, непознато лице насилно и го извади од вратот и побегна, а сето тоа го сними грчката телевизија Скај за време на вклучувањето во живо за сосема друга тема.

Медиумите во Грција, денеска пишуваат дека меѓу уапсените е и лицето што ја ограби жената, но и дека уапсените на социјалните мрежи објавувале фотографии од нивниот плен. /МИА

притисни ентер