Најави дека обновата ќе оди во три фази, но смета дека по завршување на првата фаза, тврдината напролет ќе ја добие својата вистинска слика и ќе биде подготвена за туристи.
Митревски се согласува дека Калето е во очајна состојба, и смета дека периодов туристите нема што да видат таму.
Калето е само една од многуте локации во земјава кои можат да бидат сериозен двигател на културниот туризам.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков најави дека следната година Владата ќе се посвети на овој вид на туризам, затоа што како земја, имаме огромен потенцијал за такво нешто.
Освен културниот, министерот Љутков смета дека Македонија може сериозно да се посвети и на планинскиот и винскиот туризам, со што земјава би станала почеста дестинација на туристите кои транзитираат во овој дел на Европа.