Министерот Салиу на конференција во Чанакале

На конференцијата се дискутирало за положбата на Ромите во Турција и Балканот, биле разменети искуства од спроведувањето на Стратегијата за Ромите од Берлинската конференција.

На покана на претседателот на Федерацијата на европски и балкански ромски здруженија, Хилми Кескин, министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу присуствувал на конференција во Чанакале, Турција, каде се зборувало за формирање федерација за заедничко дејствување на невладините организации, соопштија од неговиот кабинет.

На конференцијата се дискутирало за положбата на Ромите во Турција и Балканот, биле разменети искуства од спроведувањето на Стратегијата за Ромите од Берлинската конференција.

- Воедно, посетата на Едрене ја искористив за средби со локалните лидери Роми, кои освен што ни овозможија да размениме знаења, претставуваат зародиш за нови средби и плодни проекти, се истакнува во писмената изјава на министерот.

Французин осуден во Русија на три години затвор за собирање воени инфрормации

 Рускиот суд денеска прогласи француски државјанин за виновен за собирање воени информации и го осуди на три години затвор.

Лоран Винатие, кој беше уапсен во Москва во јуни, веќе ја призна вината, отворајќи го патот за брзо судење. Неговите адвокати побараа од судот да му изрече парична казна.

Во коментарите на руски јазик пред изрекувањето на пресудата, Винатие повтори дека е целосно свесен за својата вина и побара од судијата да покаже милост. „Барам од Руската Федерација да ми прости што не ги почитував руските закони“, рече тој.

Според осудениот, тој се заљубил во Русија пред 20 години, кога почнал да ја проучува земјата, а говорот го завршил со извадок од делото на рускиот поет Александар Пушкин, во кој се вели дека треба човек треба да биде трпелив, дека му претстојат подобри денови.

Апсењата и судењата под обвинение за шпионажа и собирање чувствителни информации се зголемени во високо политизираниот правен систем на Русија откако Москва испрати војници во Украина во февруари 2022 година.

Руските власти го обвинија Винатие дека не се регистрирал како „странски агент“ додека собирал информации за руските „воени и воено-технички активности“ кои би можеле да се искористат за да и наштетат на безбедноста на земјата.

Винатие е советник во Центарот за хуманитарен дијалог, невладина организација со седиште во Швајцарија. Во јуни организацијата соопшти дека прави „се што е можно за да му помогне“.

Адвокатите на Винатиер сметаат дека казната што ја бараа обвинителите е престрога и побараа од судијата да го казни парично. Тие ја истакнаа неговата кариера како политиколог кој се фокусирал на проучувањето на Русија и нагласија дека неговите книги и написи се пријателски настроени кон руската страна. /МИА

Европските клубови и фудбалери покренаа голем случај против ФИФА

Водечките европски лиги и синдикатот на професионални фудбалери Фифпро поднесоа случај против ФИФА во Европската комисија. Според нив, светската фудбалска централа врши „злоупотреба на власта“.

Европските лиги - организација која претставува 39 европски првенства, вклучувајќи ја англиската Премиер лига, италијанската Серија А и Бундеслигата - и 1.130 клубови од 33 земји, како и европскиот дел на Фифпро ја обвинија ФИФА за злоупотреба според европскиот закон за натпреварување во врска со меѓународниот календар. Кон тужбата се приклучи и шпанската Ла Лига, која не е членка на европските лиги.

Причина за протестот на организациите е зголемениот број на натпревари во календарот, а повод е новиот формат на Светското клупско првенство кое следното лето треба да се одржи во САД.

На посебна прес-конференција денеска дадоа повеќе информации. На неа присуствуваа претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас и претставници на другите две организации. На прес-конференцијата беа објавени изјави на некои водечки фудбалери со критики за зголемениот број на натпревари. Меѓу нив се најдоа Родри, кој неодамна заработи многу тешка повреда и нема да игра до крајот на сезоната, како и Килијан Мбапе, Кевин Де Бруин, Алисон и Жил Кунде./МИА

Зеленски: Веќе пет дена Украина ги одбива руските контранапади во Курскиот регион

Украинските сили веќе петти ден ги одбиваат руските обиди да ги пробие борбените линии во Курскиот регион, во западна Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми.

Тој на каналот на Телеграм напиша дека украинските сили цврсто ги држат позициите и возвраќаат на нападите.

Украина испрати војници во рускиот регион во август во својот прв голем прекуграничен упад од почетокот на војната, забележуваат британските медиуми./МИА

притисни ентер