Министерот Фетаи добил мејл со закана по живот

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, доби  порака со закана по животот. 

Тој информацијата ја објави на својот фејсбук профил посочувајќи дека пораката стигнала по неговата изјава за отстранување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот.

„Денес, од европската престолнина Брисел, се чувствувам принуден да одговорам на заканата по мојот живот што ја добив во мојата официјална електронска пошта. Оваа закана дојде по мојата вчерашна изјава за отстранување на дефиницијата ’20 проценти’ за албанскиот јазик. Мејлот е насловен ‘куршум во глава за тебе шипо Фетаи’ напиша Фетаи на фејсбук.

РСБСП: Подгответе се за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови

 Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) секоја година реализира кампања „Користи зимска опрема“.

Кампањата започнува на 15 ноември и трае до 15 март следната година, а се реализира со цел потсетување на возачите на законската обврска за задолжително носење и користење на зимска опрема за возилата во овој временски период, и нивно советување за подготовка на возилата за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови, информираат од РСБСП.

Зимската опрема за возилата подразбира - за лесни моторни возила зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 mm (6 mm за возила со погон на сите четири тркала) или - летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 mm (6 mm за возила со погон на сите четири тркала) и носење на синџири за снег во возилото, потоа за тешки моторни возила зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат (лопата).

-Зимските пневматици имаат подлабока шара која овозможува лесно истиснување на водата и снегот и се изготвени од материјал кој е флексибилен и во услови на ниски температури. Обезбедуваат стабилен контакт со подлогата и стабилно управување и запирање на возилото при зимски услови на патот. Зимските пневматици странично имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Комбинацијата, односно истовремената употреба на зимски и летни пневматици е исклучително опасна бидејќи го нарушува управувањето со возилото, особено траекторијата на движење и запирање на возилото, појаснуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати решенијата на СДСМ за намалување на цените

 ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати решенијата на СДСМ за намалување на цените и повеќе пари за граѓаните.

Се потврди тоа што го говоревме и што граѓаните го гледаат секој ден - нема намалување на цените во маркетите, владината мерка не даде резултат.

Податоците коишто ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври се намалиле за само 0,1%.

Ова значи дека намалување на цени нема и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Владата треба итно да ги прифатат пакет законските решенија на СДСМ:

-Да се усвои Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра.

- Да се усвои Законот за укинување на ДДВ за храната со кој граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари месечно.

-Итна да се примени Законот за нефер трговски практики за спречување на нов раст на цените.

Овие пакет решенија на СДСМ ќе значат намалување на цените, зголемување на платите односно повеќе пари за граѓаните и семејните буџети.

СДСМ уште еднаш повикува да проработи разумот кај власта, пред се кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Подаваме рака за соработка, за подобар животен стандард и поддршка на граѓаните во време кога нивниот живот станува се потежок.

Просечната плата во земјата е намалена за 1,000 денари а македонската економија е во слободен пад. Индустриското производство бележи пад во септември за 7,9% а прогнозите за економијата стануваат се полоши. По Светска банка и Народна банка ги намали проекциите за македонската економија и предвидува послаб раст оваа и наредната година.

Ова се лоши вести. Потребно е заедничко делување за да им се помогне на граѓаните а пакет решенијата на СДСМ, овие три политики кои ги споменав се реални, одржливи и ќе дадат брз резултат.

Жално е ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се подготвена на штета на граѓаните да водат политички инает со отфрлање на добрите решенија.

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска - пратеничка

Николоски најави изградби на станбени згради со цел да се намали цената на станбениот квадрат

Николоски најави изградби на станбени згради во Битола, Штип и Скопје, со цел да се намали цената на станбениот квадрат

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПДП) прави план за изградба на нови станбени згради во Битола, Штип и Скопје, со цел да се регулира цената на станбениот квадрат, бидејќи токму ова јавно претпријатие треба да е регулатор на цената на станбениот квадра најави денеска од Штип, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Тој истакна дека последната комерцијална зграда од страна на ЈПДП во Битола е изградена пред 13 години, а во Штип какошто рече веројатно и никој не се сеќава кога.

-А улогата на ова јавно претпријатие е да ја регулира цената на пазарот со цел градежниците да неможат да имаат екстремно високи цени, да имаат монополи и на тој начин да го цицаат народот.

За Битола најавивме дека ќе одиме со цени кои ќе се за 30-40 проценти пониски од тоа што е пазар во моментот, вели Николоски.

Тој најави дека работат и интензивно на проектот „Купи или изгради куќа за млади“, каде за купување или изградба на куќа за млади брачни двојки ќе има големи поволности, кои ќе покриваат и до 50 проценти од трошоците за изградба или за купување.

притисни ентер