Мицкоски: Нека Божик ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела

Честитка по повод големиот христијански празник – Божик.

Премиерот Христијан Мицкоски до архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архиерејски синод, свештенство и монаштво, и до граѓаните, во лично име и во име на Владата упати честитки по повод големиот христијански празник – Божик.

-Раѓањето на Спасителот на светот е симбол на љубовта, милосрдието и жртвата за доброто на човештвото. Овој свет ден нè потсетува на вистинските вредности – вербата, надежта и љубовта, кои треба да нè водат во секојдневниот живот. Божик нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг и да ја споделуваме радоста со сите околу нас, се наведува во честитката.

Во време кога предизвиците се бројни, се додава, оваа празнична атмосфера нè поттикнува на размислување за заедништвото и единството, како најсилен темел за изградба на подобра иднина.

-Нека Божик биде потсетник дека со вера, труд и меѓусебно разбирање можеме да создаваме општество исполнето со мир, правда и напредок. Нека Божик ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани, негувајќи ја традицијата и духовноста како темели на нашето општество. Посакувам да го поминеме овој празник во духовен мир, со радост во срцата, во кругот на семејството и најблиските. Нека Божјата милост нé води низ животот, носејќи благосостојба, здравје и успех во секој наш чекор. Христос се роди!, стои во честитката од премиерот Христијан Мицкоски.

„Гответе со Дракче“ - Вкусен куглов

Во вторник (07.01.2025) во емисијата гостин ни беше Давор Панчевски – Дејвс Кичен

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. путер

200 гр. шеќер

6 јајца

1 ќесичка ванилин шеќер

350 гр. брашно

1 лажица сол

1 лажица сода бикарбона

250 г. кисела павлака

150 гр. црна чоколада

150 гр. бела чоколада

Глазура:

200 гр. темна чоколада

150 мл. хопла

1 ќесичка ванилин шеќер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Делови од Велика Британија зафатени од поплави

Обилниот дожд предизвика поплави во делови од Англија, а поради снегот привремено се затворени аеродромите во Манчестер и Ливерпул, северозападна Англија и во Абердин, североисточна Шкотска.

Изминатите денови беа издадени над 200 предупредувања за опасност од поплави откако се излеаја реките.

Предупредување за поплави опасни по животот е издадено за реката Соар во Лестершир.

Неколку железнички линии и главни патишта исто така беа затворени поради влажни и замрзнати површини, додека снегот и мразот предизвикаа прекини во северна Англија и Шкотска.

Од понеделникот десетици луѓе се спасени од поплавените домови и заглавени автомобили во Мидлендс, а стотици училишта се затворени во северните региони на Велика Британија./МИА

Трамп објави карта на која канада е дел од САД

Новоизбраниот  претседател на САД Доналд Трамп  сподели мапа на неговата платформа „Truth Social“ на која е прикажана Канада како дел од САД.објавата следи по неговите повторени изјави дека Канада станала „51-ва земја“ од неговата изборна победа.

„Многу луѓе во Канада сакаат да бидат 51-та земја. Соединетите Американски Држави повеќе не можат да ги толерираат огромните трговски дефицити и субвенции кои и се потребни на канада за да опстане. Џастин Трудо го знаеше тоа и поднесе оставка“, напиша Трамп по оставката на канадскиот премиер.објавата на Трудо во понеделникот дека се повлекува дојде во услови на растечко незадоволство во неговата либерална партија и пад на рејтингот на јавноста.Трамп отиде понатаму во својата изјава, предлагајќи спојување меѓу САД и Канада..„Доколку Канада се спои со Сад, немаше да има царини, даноците ќе беа многу пониски и тие ќе беа целосно безбедни од заканата на руските и кинеските бродови кои постојано ги опкружуваат. колку голема нација би била!“, рече Трамп.Трудо го отфрли контроверзниот предлог на Трамп, цврсто изјавувајќи дека „нема шанси канада да стане дел од Соединетите Американски Држави“.Канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли, исто така, ги критикуваше забелешките на Трамп, опишувајќи ги како одраз на „целосно недостиг на разбирање“ за Канада.

притисни ентер