Маск на почетокот на октомври донирал 44 милиони долари во кампањата на Трамп

Милијардерот Илон Маск дал околу 44 милиони долари во првата половина на октомври на политичкиот акционен комитет „America PAC“ за поддршка на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, објави Федералната изборна комисија.

Претходниот извештај на истото тело покажал дека Маск дал околу 75 милиони долари на политичкиот акционен комитет „America PAC“, чиј основач и главен финансиер, за три месеци, меѓу јули и септември, пренесе Ројтерс.

Америка PAC, која е фокусирана на мотивирање на гласачите да излезат на гласање во спорните држави кои би можеле да го одлучат исходот од претседателските избори на 5 ноември, на кои Доналд Трамп и демократската кандидатка Камала Харис се тесно изедначени, рече дека потрошила вкупно повеќе од 47 милиони долари на кампањата во првата половина на октомври.

Маск најави дека секој ден до претседателските избори, на 5 ноември, ќе доделува по милион долари на гласачите на своевидна лотарија, за да ја зајакне кампањата за републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Кампањата на Трамп одделно објави дека потрошиле повеќе од 88 милиони долари на реклами во првата половина од месецот.

ВСЈ: Русија им обезбеди на Хутите сателитски снимки за да напаѓаат бродови во Црвеното Море

Контејнерските бродови го избегнуваат Црвеното Море речиси една година, откако јеменските бунтовници Хути почнаа да го бомбардираат преминот со ракети и беспилотни летала камикази.

Најновиот извештај потенцијално открива зошто тие биле во можност да ги одржуваат нападите толку конзистентно и толку прецизно сето ова време.

Како што објави „Волстрит журнал“, Русија им дала податоци за цели на Хутите поддржани од Иран за да им помогнат да ги нападнат западните бродови што минуваат низ Црвеното Море до главната глобална трговска артерија, Суецкиот канал.

Во извештајот се наведува дека Хутите подоцна почнале да користат руски сателитски податоци кога ги интензивирале своите напади. Не е јасно кога ги добиле или кога почнале да ги користат податоците, но тие биле пренесени преку иранската револуционерна гарда, која е тесно поврзана со Хутите во Јемен.

Според извештајот, САД се загрижени дека Русија би можела да им обезбеди на бунтовниците противбродски или противвоздушни ракети кои би ги загрозиле воените операции за заштита на бродовите во регионот.

Заклучно со 24 октомври, во водите околу Арапскиот Полуостров се регистрирани вкупно 128 поморски инциденти, од ноември минатата година кога Хутите го извршија првиот удар, покажуваат податоците на Британската поморска трговска операција (УКМТО).

Честите напади ги принудија контејнерските бродови да го избегнуваат Црвеното Море и соседниот Аденски Залив и да ги пренасочат своите рути околу Ртот Добра Надеж во јужна Африка, продолжувајќи го патувањето за 10 до 14 дена.

Сообраќајот на контејнерски бродови во Црвеното Море до септември е намален за 73 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на поморската аналитичка компанија „Марин Трафик“. Филип Дамас, директор на консултантската фирма „Drewry Supply Chain Advisors“, изјави дека целосно враќање на транзитот низ Суецкиот канал не се очекува пред 2026 година.

Одговарајќи на дискусиите дека САД и нивните сојузници ѝ дозволуваат на Украина да користи донирано оружје за напади длабоко во Русија, претседателот Владимир Путин се закани дека ќе испрати оружје со долг дострел и воена поддршка до „регионите“ ширум светот каде што може да се користи за напад на западни цели.

„Секое запалено место е добредојдена вест за Русија, бидејќи го одвлекува вниманието на светот од Украина“, рече Александар Габујев, директор на Карнеги центарот за Русија и Евроазија, тинк-тенк со седиште во Берлин.

Речиси една десетина од светската трговија со нафта минува низ Баб ел Мандеб, теснецот што го дели Црвеното Море од Индискиот Океан. Сообраќајот на танкери низ таа рута беше за 77 отсто помал во август 2024 година во споредба со октомври 2023 година, според податоците на компанијата Windward, специјализирана за поморска разузнавачка анализа.

На мета на Хутите беа и руски танкери со нафта, но тие се дел од „флотата духови“ создадена за да се заобиколат меѓународните санкции, објави порталот „Воена зона“.

Манчини „пее“ по отказот од Саудиска Арабија, тренерот ќе добие милиони

Роберто Манчини и Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија наводно преговараат за раскин на неговиот договор, пренесува Riyadh TV, и се чини дека ова може да стане најскапиот отказ во светскиот фудбал.

Италијанскиот стручњак го презеде водството на саудиската репрезентација во август 2023 година, постигнувајќи седум победи, пет нерешени и шест порази на 18 натпревари.

Иако Манчини имаше поддршка од клучните фигури на саудискиот фудбал по поразот од Јапонија (0:2) на 10 октомври во квалификациите за Светското првенство, ситуацијата драстично се влоши пет дена подоцна, кога на домашен терен имаше реми против Бахреин. (0:0). Овој резултат предизвика дискусии меѓу навивачите на стадионот поради незадоволството од лошата игра.

Според „Кориере дела сера“, Манчини како селектор на Саудиска Арабија добива 30 милиони евра годишно, а неговиот договор е со важност до летото 2027 година.

Од друга страна, британски Мирор пренесува дека е постигнат договор за взаемно раскинување на договорот, а според овој аранжман, Манчини би можел да добие околу 70 милиони евра отпремнина, што би претставувало најголема отпремнина некогаш исплатена на фудбалски тренер.

„Ролеркостер“ остана без струја среде возење, децата се спуштаа од 20 метри височина (ВИДЕО)

Драматичното видео е снимено неодамна во забавен парк во Колумбија.

Ролеркостерот запрел поради прекин на струја, па луѓето биле принудени да се спуштат по структурата висока 20 метри, пренесува Метро.

На социјалните мрежи се појави видео на кое посетителите внимателно се симнуваат по тесната патека, а меѓу нив има и родители со деца.

Лицето кое снима вели дека „се чувствувале нервозни, но искуството било уникатно“.

@pulzocolombia 😰Alrededor de 18 personas tuvieron que bajarse del vagón de la atracción en el Parque del Café por bajón de energía. #parquedelcafe #montañarusa #accidente #fyp ♬ ■ News News-Drone-IT-AI(963995) - ImoKenpi-Dou

Претставникот на забавниот парк истакнал дека при инцидентот немало повредени и дека редовно ги проверуваат нивните возења.

Тој додава дека за повеќе од 20 години работа не се соочиле со сериозна вонредна состојба.

притисни ентер