Скандал во Италија: Кај поранешен потсекретар за култура е најдено украдено ремек дело

Поранешниот потсекретар за култура и уметност, 72-годишниот Виторио Сгарби, се соочува со можно судење поради слика пронајдена на неговиот имот, која била украдена, а потоа наводно изменета во обид да се сокрие нејзиното потекло.

Обвинителот Марко Мачерати ја затвори истрагата за сликата, украдена од замок во северна Италија во 2013 година, а подоцна наводно пронајдена на имотот на Сгарби, со додавање на насликан факел за да изгледа како да не е украденото дело, објави весникот Il Fatto Quotidiano, пренесе АНСА.

Весникот наведува дека Сгарби, еден од водечките италијански критичари и историчари на уметностa, ризикува затвор од четири до 12 години доколку се докаже дека сликата е украдена.

Понатаму се наведува дека озлогласениот фалсификатор Пасквале Фронѓа им признал на обвинителите дека го додал факелот на сликата, на барање на Сгарби.

Сграби, кој ја напуштил функцијата во февруари, откако антимонополската власт на Италија утврдила дека неговите приватни конференции и други профитабилни активности се неспоиви со улогата на потсекретар за култура, денеска изјави дека „има целосна доверба во судиите“ и дека „ќе ја докаже својата невиност“.

Со метал детектор пронашол вистинско богатство на плажите на Ибица (ВИДЕО)

Tiktoker @metalesbajolaarena редовно ги известува следбениците за вредни предмети што ги наоѓа на неочекувани места, а неодамна се пофали со богат „улов“ од популарниот остров Ибица.

Младиот човек тврди дека четири часа ги „чешлал“ песочните плажи, пронашол еден куп монети и дури седум златни прстени!

Заедно со една од снимките напишал: „Благодарам на морето за сѐ што ми дава“.

@metalesbajolaarena

Primer anillo de la noche 😊

♬ sonido original - Metalesbajolaarena

Младиот авантурист открива дека еден од прстените има 19 карти, а другиот 18, пренесува Мирор.

„Трите прстени се девет карати, што се гледа по бојата. Никогаш досега не сум имал ваков „улов“. И сето тоа за четири часа“, рече тој.

@metalesbajolaarena

Cadenita 😊

♬ sonido original - Metalesbajolaarena

Што се однесува до парите, тоа биле монети евра и некои шпански пезети.

Корисниците биле изненадени од количеството вредни предмети што туристите ги губат во ова популарно одморалиште.

„Дали планирате да ги вратите прстените? Некои луѓе можеби се тажни поради загубата“, прашал еден корисник.

„Ги враќам кога ќе знам кому му припаѓаат. Но, во овој случај тоа е невозможно, бидејќи 90 проценти од луѓето овде се странци“, одговорил младиот човек.

Најмалку 16 лица, од кои двајца полицајци се убиени во вооружена пресметка на банди во Мексико

Најмалку 16 лица, меѓу кои и двајца полицајци, се убиени во престрелка меѓу членови на две криминални банди во јужниот дел на Мексико, соопшти мексиканското Министерство за одбрана.

Министерството наведува дека во престрелката се повредени четворица полицајци и тројца војници на Националната гарда кои дошле од блиската база, одговарајќи на пукањето од криминалните банди, и дека нивната состојба сега е стабилна.

Поради пукањето, според Министерството, уапсени се 11 лица.

Забележано е дека пукањето се случило во мексиканската држава Гереро во рурален планински регион кога се судриле два картели, борејќи се за превласт, објави Ројтерс.

Страшна глетка во куќа во Ајова: Пластиката се помести и излегоа десетици змии (ВИДЕО)

Експертката за фаќање диви животни, Кимра Хајнс ја откри „најлудата работа“ што некогаш ја завршила.

Таа добила повик од семеен дом во Ајова. Сопственичката забележала змија која брзо се „изгубила“, па се исплашила и повикала експерти.

„Мојата работа беше да го лоцирам рептилот и да најдам пукнатина или дупка за да го запечатам“, објаснила Кимра.

Таа пристигнала на местото на настанот и почнала со потрагата, за што забележала дупка која води до темелот, односно под семејната куќа.

Немало друг избор освен да исползи под куќата, пренесува People.

„Се најдов во голем простор, а земјата беше покриена со пластика. Потоа слушнав како нешто се движи и сфатив сè“.

Таа по звукот го препознала движењето на змијата.

„Знаев дека на сопственичката ќе ѝ олесни кога ќе слушне дека го најдов непоканетиот гостин. Ја имав опремата со мене и набрзо најдов црн рептил“.

Таа извадила дел од пластиката и видела уште два примероци.

„Не можев да им верувам на очите! Тогаш сфатив дека ползем под куќата со непознат број змии“.

Таа одлучила да го пребара секој сантиметар од просторот, со помош на специјални рачки.

„Адреналинот цело време ми се креваше, но останав смирена и прибрана. Фатив неколку змии, ги ставив во вреќи. Потоа најдов уште неколку… На крајот изброив вкупно 16“.

Кога излегла надвор, нашла друг рептил, со што бројот се искачил на седумнаесет.

@kritter_kim I removed 16 snakes from a crawlspace. #kritterkim #kritterkimwildliferemoval #animaltrapping #girlpower ♬ original sound - Kritter Kim

„За среќа, ниту една од нив не била отровна, а веројатно биле заедно бидејќи се ближи зимата и времето на хибернација. Под пластиката најдоа совршено место за да се изолираат“, заклучила Кимра.

притисни ентер