Во Шпанија е уапсен еден од најбараните криминалци во Европа- лидер на озлогласен српски клан

Шпанската национална полиција (Policía Nacional) во соработка со Европол и уште шест европски партнери уапси двајца високи членови на озлогласениот српски „врачарски клан“, разбивајќи клучна фракција на споменатата група.

Водачот на кланот е уапсен во Барселона на 18 октомври, а потоа и неговата десна рака на 22 октомври. И двајцата се барале по обвиненија за убиство, обид за убиство и киднапирање во Србија, Австрија, Германија и Шпанија, објавија шпанските медиуми.

Водачот на кланот важел за еден од најбараните и најопасни бегалци во Европа.

„На 18 октомври во Барселона беше уапсен лидерот на српскиот клан Никола Вушовиќ, познат по прекарот Лудиот Џони, а потоа беше приведен и човекот на кого му веруваше, Никола Филиповиќ“, соопшти шпанската полиција.

„Врачарскиот клан“, огранок на „Кавачкиот клан“ од 2014 година е во војна со ривалскиот „Шкаљарски клан“ кој однесе повеќе од 60 животи. Конфликтот започна по запленувањето на голема пратка кокаин во пристаништето во Валенсија.

„Неговите експерти работеа со австриските, германските и српските власти за да ги анализираат шифрираните комуникации на осомничениот, што доведе до нивна идентификација и евентуално фаќање. Како дел од тие напори, српски полицајци беа распоредени во Европол во 2021 година за да работат на тие цели.“

Минатиот месец, Европол, со поддршка на Европската мрежа на активни тимови за пребарување бегалци (ENFAST), ги координираше активностите на органите за спроведување на законот од Австрија, Германија, Словенија, Шпанија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, што на крајот доведе до апсење.

И двајцата осомничени сега се соочуваат со екстрадиција и се очекува да бидат кривично гонети за нивната вмешаност во неколку убиства од висок профил.

Во оваа истрага учествувале следните тела:

• Австрија: Криминално-разузнавачка служба на Австрија (Bundeskriminalamt)

• Босна и Херцеговина: Министерство за внатрешни работи на Република Српска

• Хрватска: Министерство за внатрешни работи на Република Хрватска

• Германија: Федерална криминалистичка полиција (Bundeskriminalamt)

• Србија: Министерство за внатрешни работи на Република Србија, Дирекција за криминалистичка полиција, Служба за борба против организиран криминал и FAST

• Шпанија: Национална полиција (Policía Nacional)

• Словенија: Управа за криминалистичка полиција (Управа за криминалистичка полиција)

Обвинителството го смета Џони Вушовиќ за водач на „врачарскиот клан“, а тој претходно беше поврзан и со атентатот на претседателот на Хаити, што неговиот адвокат го негираше.

На Никола Вушовиќ и на членовите на криминалната група на чело со него им се суди пред Специјалниот суд во Белград под обвинение дека ги убиле Александар Сарач, Драган Ристиќ и Александар Халабрин. Според истите обвиненија, обиди за убиство биле извршени на 7 октомври над сега починатиот Лазар Вукиќевиќ, на 29 декември 2019 година против Самир Дивљановиќ, на 11 мај 2020 година против Милош Ниловиќ и на 27 ноември 2020 година против Андрија Зариќ, како и против Арсениј Стефановиќ на 01.02.2021 година.

Покрај тоа, Вушовиќ е обвинет дека основал група со водачот на кавачкиот клан Радој Звицер, чии членови, меѓу другото, се обиделе да отрујат со цијанид лице кое било во притвор во Црна Гора и било подготвено да соработува со истражната властите на таа земја. За потсетување, во бегство е и Радоје Звицер.

Поточно, во обвинението Вушовиќ се товари за шест кривични дела тешко убиство, од кои три за поттикнување и три за обид за поттикнување, додека неговата десна рака Урош Пиперски се товари за шест кривични дела тешко убиство, од кои три се за поттикнување и три за обид за поттикнување, две кривични дела перење пари и неовластено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Иако претходно во медиумите се појавија тврдења дека Вушовиќ е поврзан со атентатот на поранешниот претседател на Хаити, Јовенел Мојсе и дека после тоа мистериозно исчезнал од притворот, неговиот адвокат претходно го негираше тоа.

Најмалку 16 лица, од кои двајца полицајци се убиени во вооружена пресметка на банди во Мексико

Најмалку 16 лица, меѓу кои и двајца полицајци, се убиени во престрелка меѓу членови на две криминални банди во јужниот дел на Мексико, соопшти мексиканското Министерство за одбрана.

Министерството наведува дека во престрелката се повредени четворица полицајци и тројца војници на Националната гарда кои дошле од блиската база, одговарајќи на пукањето од криминалните банди, и дека нивната состојба сега е стабилна.

Поради пукањето, според Министерството, уапсени се 11 лица.

Забележано е дека пукањето се случило во мексиканската држава Гереро во рурален планински регион кога се судриле два картели, борејќи се за превласт, објави Ројтерс.

Страшна глетка во куќа во Ајова: Пластиката се помести и излегоа десетици змии (ВИДЕО)

Експертката за фаќање диви животни, Кимра Хајнс ја откри „најлудата работа“ што некогаш ја завршила.

Таа добила повик од семеен дом во Ајова. Сопственичката забележала змија која брзо се „изгубила“, па се исплашила и повикала експерти.

„Мојата работа беше да го лоцирам рептилот и да најдам пукнатина или дупка за да го запечатам“, објаснила Кимра.

Таа пристигнала на местото на настанот и почнала со потрагата, за што забележала дупка која води до темелот, односно под семејната куќа.

Немало друг избор освен да исползи под куќата, пренесува People.

„Се најдов во голем простор, а земјата беше покриена со пластика. Потоа слушнав како нешто се движи и сфатив сè“.

Таа по звукот го препознала движењето на змијата.

„Знаев дека на сопственичката ќе ѝ олесни кога ќе слушне дека го најдов непоканетиот гостин. Ја имав опремата со мене и набрзо најдов црн рептил“.

Таа извадила дел од пластиката и видела уште два примероци.

„Не можев да им верувам на очите! Тогаш сфатив дека ползем под куќата со непознат број змии“.

Таа одлучила да го пребара секој сантиметар од просторот, со помош на специјални рачки.

„Адреналинот цело време ми се креваше, но останав смирена и прибрана. Фатив неколку змии, ги ставив во вреќи. Потоа најдов уште неколку… На крајот изброив вкупно 16“.

Кога излегла надвор, нашла друг рептил, со што бројот се искачил на седумнаесет.

@kritter_kim I removed 16 snakes from a crawlspace. #kritterkim #kritterkimwildliferemoval #animaltrapping #girlpower ♬ original sound - Kritter Kim

„За среќа, ниту една од нив не била отровна, а веројатно биле заедно бидејќи се ближи зимата и времето на хибернација. Под пластиката најдоа совршено место за да се изолираат“, заклучила Кимра.

Иран ја осуди на затвор добитничката на Нобелова награда поради „непослушност“

Иранското правосудство ѝ изрече нова затворска казна од шест месеци за иранската нобеловка Наргес Мохамади, кој веќе е во притвор во Техеран поради „непослушност“ и игнорирање на упатствата на затворската управа.

Новата пресуда е одговор на судството на протестите на Мохамади против егзекуциите во таа земја, се вели во објавата на нејзиниот Инстаграм профил, што го одржуваат нејзиното семејство и пријателите.

И група поддржувачи ја осуди новата затворска казна бидејќи 52-годишната жена е во лоша здравствена состојба. Таа има потреба од медицинска нега, но озлогласениот затвор Евин во Техеран одбива да ѝ ја обезбеди. Мохамади има проблеми со срцето, а нејзиното здравје дополнително се влоши по притворот.

Добитничката на Нобеловата награда за мир би требало да остане во затвор уште две години, пренесува Dpa.

Таа докторка во изминатите години била апсена 13 пати, а секој пат била осудена на затворска казна. Активистката за човекови права минатата година ја доби Нобеловата награда за нејзината борба против угнетувањето на жените и против смртната казна.

притисни ентер