Таа добила повик од семеен дом во Ајова. Сопственичката забележала змија која брзо се „изгубила“, па се исплашила и повикала експерти.
„Мојата работа беше да го лоцирам рептилот и да најдам пукнатина или дупка за да го запечатам“, објаснила Кимра.
Таа пристигнала на местото на настанот и почнала со потрагата, за што забележала дупка која води до темелот, односно под семејната куќа.
Немало друг избор освен да исползи под куќата, пренесува People.
„Се најдов во голем простор, а земјата беше покриена со пластика. Потоа слушнав како нешто се движи и сфатив сè“.
Таа по звукот го препознала движењето на змијата.
„Знаев дека на сопственичката ќе ѝ олесни кога ќе слушне дека го најдов непоканетиот гостин. Ја имав опремата со мене и набрзо најдов црн рептил“.
Таа извадила дел од пластиката и видела уште два примероци.
„Не можев да им верувам на очите! Тогаш сфатив дека ползем под куќата со непознат број змии“.
Таа одлучила да го пребара секој сантиметар од просторот, со помош на специјални рачки.
„Адреналинот цело време ми се креваше, но останав смирена и прибрана. Фатив неколку змии, ги ставив во вреќи. Потоа најдов уште неколку… На крајот изброив вкупно 16“.
Кога излегла надвор, нашла друг рептил, со што бројот се искачил на седумнаесет.
„За среќа, ниту една од нив не била отровна, а веројатно биле заедно бидејќи се ближи зимата и времето на хибернација. Под пластиката најдоа совршено место за да се изолираат“, заклучила Кимра.