Македонската репрезентација во традиционално карате на ИТКФ/ЈКА Европскиот куп освои 8 злата

Македонската репрезентација во традиционално карате на ИТКФ/ЈКА Европскиот куп освои осум златни медали

Македонската репрезентација во традиционално карате викендот на ИТКФ/ЈКА Европскиот куп во Крушевац, Србија освои вкупно 21 медал, од кои осум златни, три сребрени и десет бронзени медали.

Најуспешна македонска каратистка беше Камелија Недев која освои 6 златни и 1 сребрена медала во поединечна и екипна конкуренција.

Први места освоија и: во кадетска конкуренција Камелија Недев и Матеј Мангаровски во енбу, Камелија Недев освои златни медали во кати, џиу ипон кумите поединечно како и две први места во ката тим и џиу ипон кумите тим заедно со Софија Јарчевска, Срна Вапски и Ива Спасеновска.

Во јуниорска конкуренција Камелија Недев, Ива Ромевска и Матеј Мангаровски освоија сребрен медал во ката тим. Филип Недев освои прво место во кати за деца, Лука Крстевски, Дамјан Трајковски и Александар Зафировски освоија прво место во џиу ипон кумите тим за деца. Ката тимот Филип Недев, Ѓорѓи Кокорманов и Војдан Паламидовски освои второ место а трети во ката тим освоија Максим Поп Трпев, Димитар Дангов и Марко Илиевски. Ива Ромевска во јуниорска конкуренција освои второ место во кого кумите. Најмладиот напреварувач Тадеј Недев освои две трети места во ката и кихон за деца 5-6 години.

Норис ја освои пол-позицијата во Сингапур

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата на Големата награда на Сингапур.

Во квалификациите попладнево тој го извозе најбрзиот круг за 1 минута 29,525 секунди.

Возачот на Ред Бул и актуелен светски шампион Макс Верстапен имаше второто време (+0,203 секунди), додека трет беше Луис Хамилтон од Мерцедес (+0,316).

Пилотот на Ферари, Карлос Сајнц доживеа несреќа во третиот сегмент, па квалификациите беа во прекин со црвени знамиња. Шпанецот не доби време и заврши на 10. место. Шарл Леклер го ресетираше времето на кругот поради прекршување на границите на патеката во вториот свиок, заврши 9-ти.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Сингапур ќе се вози утре со почеток во 14 часот.

Фото: Холивудска убавица во необичен фустан за црвениот тепих

Холивудската заводничка, актерката Скарлет Јохансон присуствуваше на промоцијата на нејзиниот нов филм „Transformers One“ во Лондон.

На лондонската промоција на нејзиниот нов филм „Transformers One“, во кој игра со Крис Хемсворт, убавата Скарлет Јохансон се појави во прекрасен фустан без прерамки и покажа зошто е една од најбараните холивудски актерки.

Една од омилените холивудски ѕвезди за оваа промоција носеше фустан во најпопуларната боја - бордо, а нејзината шминка се совпадна со овој аутфит, а имаше „зачадени“ очи и нагласени усни.

Градоначалникот на Минхен официјално го отвори овогодинешниот „Октоберфест“

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер денеска го отвори годинешното издание на најголемиот фестивал на пивото во светот - Октоберфест, јави ДПА.

Тој го отвори првото буре пиво напладне по локално време. Тоа значи дека пенестата течност сега може слободно да се точи во многуте шатори што се поставени.

Годинава се очекуваат до шест милиони посетители на Октоберфест, што ќе трае до 6 октомври.

„Ќе го направиме Октоберфест што е можно побезбеден“, вети градоначалникот Дитер Рајтер за 189-тото издание на фестивалот.

Со металните детектори кои ги прегледуваат посетителите на сите влезови на Октоберфест и повеќе камери за надзор, властите во Минхен не штедат напор да спречат каква било потенцијална опасност, јави ДПА.

притисни ентер