Македонија ја пречекува новата 2025, Сара Мејс, „Љубојна“,„Ареа“ и „Нокаут“ вечерва на Плоштад

2024-та изминува. За многумина турбулентна и неизвесна, за други просперитетна и успешна.. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Пораст на напади врз странци во Магдебург по нападот на Божиќниот пазар

Бројот на кривични дела насочени против странци во германскиот град Магдебург нагло се зголеми по нападот на Божиќниот пазар пред две недели, пренесуваат германските медиуми.

Во заедничко соопштение, дел од советниците во градскиот совет изјавија дека „овие кривични дела се одвратни и се спротивни на вредностите на градот“.

Според јавниот сервис МДР, полицијата годинава забележала три кривични дела со расистичка позадина. По нападот на Божиќниот пазар на 20 декември, кога еден Саудиец со автомобил уби пет лица и повреди околу 200, секојдневно се бележат напади врз странци.

Организациите за заштита на човековите права сметаат дека причината за порастот на насилството е реториката на партиите како Алтернатива за Германија (АфД), кои го користат нападот за политички цели пред претстојните избори./МИА

Тотенхем потпиша договор со голманот Кински

Голманот на Славија Прага, Антонин Кински се согласи на соработка со премиерлигашот Тотенхем.

Според прес-службата на англискиот клуб, 21-годишниот Кински потпишал договор до 2031 година и ќе го носи бројот 31.

Фудбалерот е син на поранешниот голман на Чешка, Антонин Кински.

Во 2024 година, Кински Јуниор го имаше своето деби во Чешкиот шампионат во мечот со Словачка и во Лигата на шампионите во натпреварот против Унион.

Оваа сезона 21-годишниот Чех прими 18 гола на 29 натпревари за Славија во сите натпреварувања./МИА

Сириската влада најави зголемување на платите во јавниот сектор за 400 проценти

- Ова е првиот чекор за итно решавање на економската реалност во земјата, изјави Абазид.

Привремената влада на Сирија ќе ги зголеми платите на бројни вработени во јавниот сектор за 400 проценти следниот месец, откако ќе заврши административното преструктурирање на министерствата за подобрување на ефикасноста и отчетноста. Ова денеска го изјави министерот за финансии, Мохамед Абазид.

Зголемувањето, за кое се проценува дека ќе чини 1,65 трилиони сириски фунти (околу 127 милиони американски долари), ќе биде финансирано од постојните државни ресурси, заедно со регионална помош, нови инвестиции и обиди за одмрзнување на сириските средства во странство.

- Ова е првиот чекор за итно решавање на економската реалност во земјата, изјави Абазид.

Тој додаде дека платите за овој месец ќе бидат исплатени неделава. /МИА

притисни ентер