Мајка си ги задавила трите мали деца со трака за вежбање, таткото се уште живее со неа

Поминаа речиси две години откако три невини деца беа убиени во психотичен напад од мајката Линдзи Кленси од Масачусетс, а нивниот татко вели дека „болката за нив сè уште трае“.

Мајката, на која сè уште не и е судено за делото што го направила, вели дека доживеала психотичен напад како дел од постпородилна депресија и не била свесна што прави, објави Метро.

На 24 јануари 2023 година, Линси ги задавила петгодишната Кора, тригодишниот Досон и седуммесечното бебе Калан, пред да скокне од прозорец на вториот кат. Сепак, жената го преживеала падот.

Патрик Кленси, таткото на убиените деца, по речиси две години ѝ се обрати на јавноста и рече дека се уште живее за Линдзи бидејќи знае дека таа „не била свесна што прави“.

Тој за прв пат проговори веднаш по злосторството и рече дека „вистинската Линдзи е длабоко грижлива мајка и сака таа да најде мир“.

Двојката ја продала куќата во Даксбери, Масачусетс, каде тој и Линдзи живееле со нивните деца, и купиле стан во Њујорк.

„Нема веќе куќа, нема деца, останавме само двајцата. Не бев во брак со чудовиште, туку со некој што е болен“, рекол Патрик.

Иако тој јавно и простил на Линдзи за убиството на нивните деца, на жената допрва треба да ѝ се суди, а адвокатите имаат план да ја бранат врз основа на нејзиното лудило.

„Ѝ недостигаат децата, знам дека е лудост, но тоа е реалноста“, рекол сопругот и додал дека нивниот стан во Њујорк е полн со слики од децата.

Судењето на Линдзи ќе продолжи кон крајот на оваа или почетокот на следната година, а во преден план ќе биде битката на Линдзи со постпородилната депресија која траела подолг временски период.

Обвинителите наведуваат дека мајката детално го планирала убиството на нејзините деца и дека го замолила нејзиниот сопруг да ги заврши домашните работи додека таа го извршува злосторството.

Тој кобен ден, Патрик работел од својата домашна канцеларија и излегол надвор во продавницата, а кога се вратил во куќата првото нешто што го забележал е необична тишина.

„Кога погледнав внатре, забележав крв на подот пред огледалото и отворен прозорец. Веднаш истрчав по скалите и видов жена на земја во задниот двор“, рече тој.

Жената била свесна, со исеченици на зглобовите и вратот, а кога ја прашал каде се децата, таа јасно одговорила: „Во подрумот“, додаде тој.

Истрчал во подрумот и ги затекнал децата во безживотна состојба, задавени со лента за вежбање, по што се слушнал вресок кој траел многу долго и викал: „Таа ги уби децата“.

Кина: Не се откажуваме од можноста да го вратиме Тајван со сила

„Ние сме подготвени да се стремиме кон перспектива за мирно обединување со најголема искреност и напори“, рече Чен Бинхуа, портпарол на кинеската Канцеларија за работи на Тајван, на редовниот брифинг со новинарите во Пекинг.

Кина нема да вети дека ќе се откаже од употребата на сила против Тајван, туку тоа се однесува на надворешно мешање и мало малцинство сепаратисти, соопшти денеска канцеларијата на кинеската влада за Тајван по последните воени вежби околу тој остров.

Кина, која тврди дека Тајван е нејзина територија, во понеделникот организираше големи воени вежби околу островот за кои рече дека се предупредување против „сепаратистичките акции“ по минатонеделниот говор на тајванскиот претседател Лаи Чинг-те по повод националниот ден.

„Ние сме подготвени да се стремиме кон перспектива за мирно обединување со најголема искреност и напори“, рече Чен Бинхуа, портпарол на кинеската Канцеларија за работи на Тајван, на редовниот брифинг со новинарите во Пекинг.

„Но, ние никогаш нема да се обврземе да се откажеме од употребата на сила“, рече тој.

Чен, сепак, истакна дека ова било насочено кон вклучување „надворешни сили“, што значи Соединетите Американски Држави и нивните сојузници, и многу мал број тајвански сепаратисти, а не огромното мнозинство од тајванскиот народ.

Владата на Тајван ги отфрла аспирациите на Пекинг за суверенитет над Тајван, велејќи дека само жителите на островот можат да одлучуваат за нивната иднина.

Ограничено движење кај Студенчишкиот канал во Охрид поради вежбовните активности на МВР

Полицијата ги известува граѓаните на Охрид дека во врска со симулациската вежба на припадниците на МВР закажана за утре, заради изведување подготвителни активности денеска од 10 до 14 часот за движење ќе биде затворена пешачката патека.

Полицијата ги известува граѓаните на Охрид дека во врска со симулациската вежба на припадниците на МВР закажана за утре, заради изведување подготвителни активности денеска од 10 до 14 часот за движење ќе биде затворена пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“.

На посочениот простор забрана за движење ќе има и утре, на денот на изведување на показната симулациска вежба, во периодот од 10 до 13 часот.

Активности поврзани со симулациската вежба, ќе се изведуваат и на одредени точки во водите на Охридското Езеро поради што Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во соработка со Капетанија на пристаништа, од 5 до 13 часот ќе вршат ограничување на внатрешната пловидба на дел од пловниот пат од каналот „Студенчишта“ до комплексот „Инекс“.

Од СВР Охрид се упатува апел до граѓаните да ги почитуваат ограничувањата и насоките на полициските службеници кои преземаат мерки од областа на безбедноста.

Почина генерал Мајкл Џексон, првиот командант на КФОР и потписник на Кумановскиот договор

Поранешниот шеф на британската армија, генерал сер Мајкл Џексон, почина на 80-годишна возраст, потврди британската армија на мрежата Х.

Џексон беше првиот командант на КФОР и потписник на Кумановскиот договор.

Во 1999 година, генералот Мајкл Џексон го потпиша Кумановскиот договор, со кој по 78 дена заврши бомбардирањето на Сојузна Република Југославија (СРЈ) и го означи почетокот на операцијата за формирање на мисијата КФОР во АП Косово и Метохија, која ја водеше како прв командант, јави Би-Би-Си.

Во 1999 година, генералот Џексон се судри со американскиот врховен командант на силите на НАТО во Европа, генералот Весли Кларк, кој му нареди да испрати сили до АП КиМ со цел да го спречи ненадејното напредување на руските сили упатени кон аеродромот во Приштина.

Џексон потоа му рекол на Кларк: „Нема да ја започнам Третата светска војна наместо вас“.

Џексон беше началник на Генералштабот на британската армија од 2003 до 2006 година, тој беше присутен во два значајни инцидента во Северна Ирска, а ја предводеше армијата и за време на војната во Ирак.

притисни ентер