Почина генерал Мајкл Џексон, првиот командант на КФОР и потписник на Кумановскиот договор

Поранешниот шеф на британската армија, генерал сер Мајкл Џексон, почина на 80-годишна возраст, потврди британската армија на мрежата Х.

Џексон беше првиот командант на КФОР и потписник на Кумановскиот договор.

Во 1999 година, генералот Мајкл Џексон го потпиша Кумановскиот договор, со кој по 78 дена заврши бомбардирањето на Сојузна Република Југославија (СРЈ) и го означи почетокот на операцијата за формирање на мисијата КФОР во АП Косово и Метохија, која ја водеше како прв командант, јави Би-Би-Си.

Во 1999 година, генералот Џексон се судри со американскиот врховен командант на силите на НАТО во Европа, генералот Весли Кларк, кој му нареди да испрати сили до АП КиМ со цел да го спречи ненадејното напредување на руските сили упатени кон аеродромот во Приштина.

Џексон потоа му рекол на Кларк: „Нема да ја започнам Третата светска војна наместо вас“.

Џексон беше началник на Генералштабот на британската армија од 2003 до 2006 година, тој беше присутен во два значајни инцидента во Северна Ирска, а ја предводеше армијата и за време на војната во Ирак.

Продолжува бојкотот на наставата од вработените во гимназијата во Виница

Продолжува бојкотот на наставата од вработените во гимназијата во Виница, ќе прекине по објавувањето оглас за нов директор.

Професорите и другите вработени во СОУ „Ванчо Прке“ во Виница втор ден ја бојкотираат наставата поради разрешувањето од функцијата на досегашниот директор и назначувањето нов в.д. директор, оценувајќи дека се работи за незаконска постапка.

За време на бојкотот сите професори се присутни во училиштето во текот на работното време, но воспитно-образовниот процес не се изведува во знак на протест Просветни инспектори веќе направиле вонреден увид во состојбата и разговорале со претпоставените и со вработените.

- Новоназначената в.д. директорка нема интегритет да ја извршува функцијата поради мобингот врз нас, во што е поддржана од страна на нејзината сестра, како секретар и архивар во училиштето, и нејзиниот сопруг, наставник по историја во истото училиште. Веќе почна да врши притисоци, да има агресивни испади и закани за парични казни кон вработените кои бојкотираат, иако сè уште официјално нема депонирано потпис и не е извршено примопредавање на функцијата со претходниот директор. Бидејќи увидовме дека градоначалникот на Виница, Миле Петков, нема слух за нашите проблеми и барања, иако сме веќе скоро 90 отсто од вработените, денеска до него доставивме барање за итно распишување оглас за нов директор. Во моментот кога ќе биде распишан огласот бојкотот ќе биде ставен во мирување и ќе продолжиме со држење на наставата, истакнуваат вработените во писменото известување до МИА.

Вработените во виничката гимназија, кои вчера го почнаа бојкотот на наставата откако претходниот директор ги известил дека е разрешен од функцијата, велат дека добиле одобрувања и охрабрувања во барањата за заштита на работничките права од голем број сограѓани, родители и ученици коишто добро ја познаваат ситуацијата во училиштето.

Градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков веќе информираше дека според законските одредби функцијата на в.д. директорот е максимум шест месеци, а во овој период ќе биде објавен оглас за нов директор на кој ќе можат да конкурираат сите лица кои ги исполнуваат условите.

Видео: Русите направија „V16“ од моторни пили

Рускиот канал на „YouTube“ „Garage 54“ прави интересни експерименти, а последен во соѕвездието вакви експерименти е „V16“ направен од моторни пили.

Во видеото објавено на нивниот канал на „YouTube“, екипажот од оваа „гаража“ објаснува како користеле моторни пили „Huter BS-62“, од кои секоја има двотактен мотор од 58 кубни сантиметри, како и 4,5 КС.

Користејќи 16 од нив, теоретски треба да добиете „џин“ од 928 кубни центиметри кој треба да има 72 КС, а на овој тим му останува само да направи челична рамка.

После тоа, тие ги поставуваат моторите во форма на буквата „V“, односно во два реда по 8, сите работат со слична брзина благодарение на кабелот што ги поврзува.

Тие се поврзани со рачен менувач благодарение на замаецот од Лада, и верувале или не, ова функционира. Сепак, оваа креација не ја ставија во ниту еден автомобил, но тоа е ветено за некое следно снимање.

Извор: Б92

На сеопфатни дискусии ќе се бара решение за законите за Судски совет и за Јавно обвинителство

На сеопфатни дискусии ќе се бара решение за законите за Судски совет и за Јавно обвинителство, дебатите почнуваат од следниот месец.

Нема да бидат површни туку сеопфатни и отворени за сугестии и критики од сите релевантни чинители дискусиите што ќе ги иницира Министерството за правда за законите за Судскиот совет и за Јавното обвинителство, со цел да се создаде решение што ќе гарантира независност на овие институции, рече министерот Игор Филков на прес-конференција по повод сто дена Влада.

Информираше дека јавните дебати ќе почнат идниот месец и нивна цел ќе биде да се најде најприфатливо решение, нагласувајќи дека Судскиот совет и Јавното обвинителство „мора да бидат ослободени од каква било форма на политичко мешање и да функционираат единствено во служба на правдата“.

-Овие тела ќе бидат реформирани за да работат со најголем интегритет, фокусирајќи се на професионалноста и строгото почитување на владеење на правото, рече Филков во отчетот.

За законот за Судски совет, на кој веќе работеше една работна група, министерот посочи дека ќе има „нова и видоизменета работна група“.

Притоа нагласи дека предизвик во оваа насока ќе биде тоа што Министерството за правда не располага со документот со препораките од Оценската мисија на Европската комисија по однос на Судскиот совет.

притисни ентер