Ограничено движење кај Студенчишкиот канал во Охрид поради вежбовните активности на МВР

Полицијата ги известува граѓаните на Охрид дека во врска со симулациската вежба на припадниците на МВР закажана за утре, заради изведување подготвителни активности денеска од 10 до 14 часот за движење ќе биде затворена пешачката патека.

Полицијата ги известува граѓаните на Охрид дека во врска со симулациската вежба на припадниците на МВР закажана за утре, заради изведување подготвителни активности денеска од 10 до 14 часот за движење ќе биде затворена пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“.

На посочениот простор забрана за движење ќе има и утре, на денот на изведување на показната симулациска вежба, во периодот од 10 до 13 часот.

Активности поврзани со симулациската вежба, ќе се изведуваат и на одредени точки во водите на Охридското Езеро поради што Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во соработка со Капетанија на пристаништа, од 5 до 13 часот ќе вршат ограничување на внатрешната пловидба на дел од пловниот пат од каналот „Студенчишта“ до комплексот „Инекс“.

Од СВР Охрид се упатува апел до граѓаните да ги почитуваат ограничувањата и насоките на полициските службеници кои преземаат мерки од областа на безбедноста.

На сеопфатни дискусии ќе се бара решение за законите за Судски совет и за Јавно обвинителство

На сеопфатни дискусии ќе се бара решение за законите за Судски совет и за Јавно обвинителство, дебатите почнуваат од следниот месец.

Нема да бидат површни туку сеопфатни и отворени за сугестии и критики од сите релевантни чинители дискусиите што ќе ги иницира Министерството за правда за законите за Судскиот совет и за Јавното обвинителство, со цел да се создаде решение што ќе гарантира независност на овие институции, рече министерот Игор Филков на прес-конференција по повод сто дена Влада.

Информираше дека јавните дебати ќе почнат идниот месец и нивна цел ќе биде да се најде најприфатливо решение, нагласувајќи дека Судскиот совет и Јавното обвинителство „мора да бидат ослободени од каква било форма на политичко мешање и да функционираат единствено во служба на правдата“.

-Овие тела ќе бидат реформирани за да работат со најголем интегритет, фокусирајќи се на професионалноста и строгото почитување на владеење на правото, рече Филков во отчетот.

За законот за Судски совет, на кој веќе работеше една работна група, министерот посочи дека ќе има „нова и видоизменета работна група“.

Притоа нагласи дека предизвик во оваа насока ќе биде тоа што Министерството за правда не располага со документот со препораките од Оценската мисија на Европската комисија по однос на Судскиот совет.

Поведена постапка и предложен притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

-За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. 

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело „учество во тепачка“ од член 132 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, за двајца од нив надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.

-За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ „Идризово“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Подигнати 50 кубни метри непрописно одложен отпад во Центар и Чаир

Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше повеќе активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри отпад одложен на јавни или сообраќајни површини.

Активностите се одвиваа во неколку скопски општини, така што во скопската општина Центар - на булеварот Мајка Тереза (Водњанска) е отстрането поголемо количество кабаст и градинарски отпад одложени на тротоарот во непосредна близина на ООУ „Кочо Рацин“. Во оваа скопска општина е интервенирано и на улицата Васил Ѓоргов.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија и обемна дива депонија лоцирана веднаш до ООУ „Васил Главинов“ на улицата Џон Кенеди во општината Чаир, а подигнати се и околу 15 кубни метри непрописно одложен градежен отпад во близина на трговскиот центар „Мавровка“.

притисни ентер