Тик Ток укинува стотици работни места, повеќе ќе користат вештачка интелигенција

Социјалната мрежа Тик Ток во сопственост на BiteDance соопшти дека укинува стотици работни места бидејќи се фокусира на зголемена употреба на вештачка интелигенција во модерирање на содржината.

Отпуштањата најмногу се однесуваат на персоналот во Малезија, каде првично беа пријавени повеќе од 700 работни места, но Тик Ток подоцна соопшти дека помалку од 500 вработени ќе бидат отпуштени, јави South China Morning Post.

Вработените, од кои повеќето беа ангажирани во операции за модерирање, биле известени за отпуштањата преку електронска пошта.

Хаос на лет кон Стокхолм: Куче се ослободило од кафез, сите морале да го напуштат авионот

Необичен инцидент се случил на летот OU486 на Кроација ерлајнс од Загреб за Стокхолм.

Имено, куче се ослободило од кафезот во кое се наоѓало и го оштетило багажниот простор на Airbus A319 (рег. 9A-CTL), објави Авиорадар.

Според нив, кучето согласно прописите било пренесено во багажниот простор, а набрзо по качувањето се ослободило од кафезот. Екипажот слушнал бучава и куче како трча во багажниот простор, а авионот бил вратен на пистата, а патниците биле симнати и префрлени во друг авион. По увидот на штетата што ја направило кучето во багажниот простор, превозникот одлучил како превентивна мерка да го извади авионот од сообраќај и да го испрати на технички преглед за да ги заменат оштетените делови.

- Се утврдуваат детали и околности. Засега може да се потврди дека компанијата ги почитувала хрватските и меѓународните законски прописи и соодветната внатрешна процедура за транспорт на животни во авионот како подготовка за превоз на кучето на летот OU486 Загреб - Стокхолм.

„Поради одредени оштетувања во багажниот простор на авионот планиран за летот ОУ486, донесена е одлука авионот превентивно да се извади од употреба и да се испрати на технички преглед, а патниците од наведениот лет се превезени до нивната крајна дестинација истата вечер со нашиот заменлив авион - изјавија од Кроација ерлајнс.

Џенифер Лопез: Не ми треба маж за да бидам среќна, ми требаа 30 години за тоа да го сфатам

Во неодамнешно интервју со комичарката Ники Глејзер за списанието Interview, пејачката и актерка Џенифер Лопез се отвори дека сфатила дека може сама да ја најде среќата.

„Луѓето кои се романтични и сакаат да бидат во врски, сакаат да остареат со некого, мислат: „Морам да го имам за да бидам комплетен и среќен“, рече Џеј Ло за прифаќањето на сингл животот по поднесувањето за разводот од Бен Афлек.

„Ми требаа само 30 години за да сфатам“, додаде таа низ смеа.

Лопез, која беше во брак четири пати, се омажи за Афлек (52) во јули 2022 година, откако повторно ја разгореа нивната романса во 2021 година. Сепак, Лопез поднесе барање за развод, наведувајќи го 26 април 2024 година како датум на разделбата.

Таа зборуваше и за гласините за нејзиниот живот.

"Го правам ова долго време. Мразам да го признаам тоа бидејќи сакам да мислам дека уште имам 16 години, но не е така. Знам што се пишува и зборува за мене. Сите шпекулации за тоа која сум јас како личност не сум таа што сум, научив дека одамна не ги сфаќам социјалните мрежи, кои се појавија откако веќе бев во јавноста, како другите“, вели Џеј Ло.

"Знам дека сум добра личност. Знам дека сум добра мајка. Знам кои се моите пријатели. Знам дека моите пријатели знаат која сум јас, мајка ми, тато, сите нив. Ако се надевате дека ќе имате долга кариера, треба да научите да се справувате со тој дел од работата“, додаде таа.

Меџити учествуваше на „Worlds Changers Balkan Summit“ што се одржува во Скопје

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска учествуваше и имаше обраќање на балканскиот самит „World Changers Balkan Summit“ .

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска учествуваше и имаше обраќање на балканскиот самит „World Changers Balkan Summit“ што се одржува во Скопје, со тема влијанието на вештачката интелигенција во модерното време..

Во присуство на поранешниот албански претседател Илир Мета, потпретседателот на Собранието на Косово Енвер Хоџај, министерот за здравство Арбен Таравари, дипломати и професори на многу универзитети, Меџити истакна дека визијата за напредокот на Северна Македонија се заснова на јасен пат кој обезбедува одржлив развој, во тесна соработка со образовните, академските и научните институции.

„Нашата земја мора да биде место во кој државните и јавните институции работат рамо до рамо со академската заедница, бидејќи само така можеме да бидеме сигурни дека секоја одлука ќе се заснова на докажани и научно проверени факти, одобрени со помош на стручни луѓе кои мислат и работат врз основа на објективни стандарди“, рече Меџити, додавајќи дека нашето време се карактеризира од една страна со исклучително брз технолошки напредок, а од друга страна истовремено со глобални кризи кои бараат навремени и соодветни одговори.

Меџити рече дека без разлика дали се работи за климатски промени, енергетски предизвици или преоптоварување на здравствените системи, одговорите на овие проблеми мора да се засноваат на науката.

Политиките засновани на наука ни овозможуваат да ги интегрираме потребите на државата и да ги приспособиме на глобалните трендови.

„Не можеме да зборуваме за одржлив развој без да ја споменеме енергетската криза која го тресе целиот свет, вклучително и нашата земја. Мораме заедно со вас, претставници на научната и академската заедница, да тргнеме кон истражување и имплементација на најсовремените решенија во Северна Македонија. Инвестирањето во обновливите извори на енергија, одржувањето на енергетскиот биланс, инвестирањето во енергетската ефикасност се предизвик за секоја земја која сериозно размислува за својата иднина“, рече во своето обраќање првиот вицепремиер Изет Меџити.

Меџити нагласи дека Владата работи на европски компаративни модели што ќе значат сериозни проекти за надминување на еколошкиот јаз што Македонија го има во однос на Европската Унија, се наведува во соопштението.

притисни ентер