Лефков: Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев, 3 и 4 ешалон кој, само тој може да ги управува и мрежата на НВО на Сорос.

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Датум: 28.11.2024

Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев, 3 и 4 ешалон кој, само тој може да ги управува и мрежата на НВО на Сорос.

Неврохирургот на Заев, Филипче, од некогаш големата СДС, сега направи компанија која во етерот нуди извитоперени и искривени вредности. Раководството е составено од децата на Заев, негови потрчковци од 3 и 4 ешалон, кои само тој може да ги управува и разни поранешни НВО активисти.

Граѓаните не можат да очекуваат од СДС веќе ниту идеологија, ниту минимум чувство за државни интереси. СДС ќе биде користена како приватна фирма за интересот на поединци, а пред се за интересот на Зоран Заев и неговиот неврохирург Венко Филипче.

Целото раководство на СДС се луѓе кои биле извршители на политиките на Заев како министри, државни секретари или директори.

Сегашното раководство на СДС се виновни и за загадениот воздух, за кој 7 години не преземаа ниту една мерка, и за лошото здравство и за немањето инвестиции во инфраструктурата и за целата стагнација на државава изминативе 7 години.

Раководството на СДС ја заглави државата, сега ќе го заглави и СДС.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа, изјави денеска шефот на Делегација на ЕУ во земјава, Михалис Рокас.

На прес-конференција во Битола, евроамбасадорот Рокас нагласи дека очекува овој пат и Европската унија да може да испорачува резултати со забрзана динамика.

- Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа. Процесот на проширување на Европската унија е врвен приоритет за самата Европска унија. Како сведоштво или како доказ за тој врвен приоритет е тоа што имаме комесар за проширување, а имаме и политички директор кој што ја има функцијата за проширување. Значи ги имаме сите алатки на раполагање и треба да ги ставиме во дејство од првиот ден на работата на новиот состав на Европската комисија. Ние како Делегација на ЕУ заедно со мојот тим и сите други членки на ЕУ тука присутни, остануваме посветени на самиот напредок за да може да ги искористиме сите можности кои ЕУ ги нуди. Имаме на располагање различни финансиски механизми, како што е Планот за раст на Европската комисија и исто така реформската агенда на самата Влада. Очекувам ние како ЕУ, овој пат и ние да можеме да испорачуваме резултати со многу забрзана динамика, истакна Рокас.

Шефот на Делегација на ЕУ во земјава денеска е во посета на Општина Битола и други институции во овој град.

Се реконструира фасадата на економското училиште во Велес

 Во тек се градежните активности на реконструкција на фасадата во енергетски ефикасна на oпштинското средно училиште „Јовче Тесличков", попознато како Економска во Велес.

За таа намена обезбедени се средства за реконструкција на фасадата на ова училиште, информира градоначалникот Марко Колев.

- Со целосната реконструкција на фасадата на зградата оваа средно eкономско училиште добива нов лик. Инаку, оваа зграда е изградена во далечната 1961 година, првично за ОУ „Трајко Андреев“, а од 2006 година од септември тука се пресели економското училиште. Со реконструкција на фасадата, стара 63 години, значително ќе се подобрат условите за учење на учениците и за работа на наставниците и целокупниот кадар. Со новата енергетски ефикасна фасада ќе се постигне поголема енергетска ефикасност, односно поголема топлина во зима на сите простории во училиштето и ќе се заштеди во електрична енергијата, потенцира Колев.

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ

62 евра за мегават час е новата цена која државни електрани ја понудија на тендерот на ЕВН ХОУМ, за покривање на 100 % од потребите.

Оваа цена е за 3,33% повисока од претходната која изнесува 60 евра за мегават час ..

Од оваа цена најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните од први јануари. За покривање на загубите на струја, пак на одржаните тендери електродистрибуција доби просечна цена од 106 евра за мегават час, додека претходната цена изнесуваше 105 евра . Новата цена на струјата треба да се донесе до крајот на годинава, а да важи од први јануари......

притисни ентер