Воландри: Евентуална суспензија на Синер ќе биде најголема неправда

Капитенот на италијанскиот Дејвис куп тим, Филипо Воландри, изјави дека дисквалификација на лидерот на светската АТП ранг-листа, Јаник Синер поради прекршување на антидопинг правилата ќе биде огромна неправда во историјата.

- Не сакам ни да размислувам за евентуалното дисквалификување на Синер, со оглед на неговата искреност и непобитните докази што ги даде. Ако има човек со широко срце, тоа е Јаник. Суспензија би била најголемата неправда во историјата, изјави Воландри за порталот „Tennis 365“.

Во август се дозна дека Синер даде два позитивни теста за анаболичен стероид клостебол. Дваесет и тригодишниот тенисер беше ослободен од обвинението за кршење на антидопинг правилата. Тој објасни дека супстанцата му влегла во телото по масажата што физиотерапевт му ја вршел без ракавици.

Сепак, на оваа одлука се спротивстави ВАДА (Светска антидопинг агенција) која бара дисквалификува за Синер во период од една до две години. Организацијата поднесе жалба до CAS (Судот за спортска арбитража) против одлуката за ослободување на спортистот. /МИА

„Јас, на некое друго место“ нова премиера на штипскиот Народен Театар

Театарската претстава „Јас, на некое друго место“ во режија на Јован Ристовски премиерно ќе се одигра на 30 ноември, со почеток во 20 часот, на сцената на Народниот Театар Штип (НТШ).

Режисерот, Ристевски на денешната прес-конференција вели станува збор за праизведба на современ македонски текст, кој писателката Ана Ристоска Трпеноска, за да го напише била инспирирана од вистинска приказна.

-Ана се инспирира од еден весник, читајќи приказна за една мајка, сопруга, која за жал ги убива нејзините деца. Се случува еден пресврат во целата претстава, а жената е избеглица од Босна, кои живеат во Виена, вели Ристовски.

Во претставата се разработува проблематиката со психолошкото ментално здравје, губењето на емпатија како и деструктивното однесување во средината во која живееме.

-Оваа претстава треба да не инспирира, да се запрашаме кој сме, што сме и дали како граѓани имаме добро однесување према заедницата околу нас и дали ги приметуваме луѓето, со кои сме најблиски, односно дали имаат проблем или не, бидејќи најчесто менталните и психолошки проблеми луѓето ги кријат и им е непријатно да ги кажат на глас, рече Ристовски.

Актерите од штипскиот Народен Театар велат дека станува збор за претстава која треба да се види, доживее, а ја носи пораката дека во ова време на социјални мрежи членовите на едно семејство треба да разговараат и да се сакаат. Директорката на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Кристина Атанасова Арсова на денешната прес-конференција истакна дека ова е последната реализирана претстава за оваа година која е финансирана од Програмата на Министерството за култура и туризам. Но, најави дека во декември во нивна продукција ќе имаат уште две нови премиери, од кои едната е детска претстава.

Во претставата „Јас, на некое друго место“ играат: Марија Минчева-Андонов, Пеце Ристевски, Ангелка Нашкова, Миле Вратеовски, Ефтим Трајчов, Ава Хусеини и Стефанија Митовска.

ВМРО-ДПМНЕ-Реакција на статусот на Венко Филипче

Обвинувањата на неврохирургот на Заев, Филипче, за “мрачно враќање“ се чиста демагогија, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со враќање на довербата во институциите и зајакнување на демократијата.

Изјавата на Венко Филипче, неврохирургот на Заеви е уште еден обид за манипулација со јавноста и продолжување на политиката на двојни стандарди. Наместо да се соочат со реалноста дека нивното владеење остави институции потонати во корупција, непотизам и партизација, сега се обидуваат да го префрлат вниманието преку лажни обвинувања.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски се обврзани на реформи кои ќе ги вратат институциите на граѓаните и ќе обезбедат вистинска деполитизација и професионализација. Вистината е дека токму во време на СДСМ, институциите беа заложници на партиски интереси, а довербата на граѓаните во системот достигна историски најниско ниво.

Наша цел е градење транспарентен и одговорен систем кој ќе биде во служба на граѓаните, а не на партиите. Со реформите кои ги воведуваме, Советот за граѓански надзор ќе биде столб на независност и професионализам, за разлика од контролираниот хаос што го остави СДСМ.

Обвинувањата за ‘мрачно враќање’ се чиста демагогија од страна на тие кои беа синоним за неуспеси, блокади и скандали. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на враќање на довербата на граѓаните и зајакнување на демократијата, наместо да ја користи како алатка за евтини политички поени, како што тоа го прави опозицијата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа, изјави денеска шефот на Делегација на ЕУ во земјава, Михалис Рокас.

На прес-конференција во Битола, евроамбасадорот Рокас нагласи дека очекува овој пат и Европската унија да може да испорачува резултати со забрзана динамика.

- Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа. Процесот на проширување на Европската унија е врвен приоритет за самата Европска унија. Како сведоштво или како доказ за тој врвен приоритет е тоа што имаме комесар за проширување, а имаме и политички директор кој што ја има функцијата за проширување. Значи ги имаме сите алатки на раполагање и треба да ги ставиме во дејство од првиот ден на работата на новиот состав на Европската комисија. Ние како Делегација на ЕУ заедно со мојот тим и сите други членки на ЕУ тука присутни, остануваме посветени на самиот напредок за да може да ги искористиме сите можности кои ЕУ ги нуди. Имаме на располагање различни финансиски механизми, како што е Планот за раст на Европската комисија и исто така реформската агенда на самата Влада. Очекувам ние како ЕУ, овој пат и ние да можеме да испорачуваме резултати со многу забрзана динамика, истакна Рокас.

Шефот на Делегација на ЕУ во земјава денеска е во посета на Општина Битола и други институции во овој град.

притисни ентер