Конзервација и ревитализација на фрескоживописот во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга

Во тек е втората фаза на конзервација и ревитализација на фрескоживописот во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга, проект кој е дел од програмата на Министерството за култура за заштита на недвижното културно наследство.

Активностите што ги спроведува надлежната установа Завод и музеј Охрид предвидуваат отстранување на нечистотиите, талозите и солите во северниот дел од црквата. Во рамките на подготвителните активности, минатата година беа реализирани истражувачки работи на фрескоживописот, што подразбираше анализа на малтерите и пигментите од обоениот слој од живописот.

Министерството за култура соопшти дека е изработена комплетна техничка документација со развиени шеми на живописот и приказ на детектираните оштетувања. Врз основа на сите овие истражувања, изработен е проект за конзервација на фрескоживописот кој е од исклучителна важност, особено од иконографски аспект.

Третата, завршна фаза од реализацијата на проектот е планирана за 2015 година, кога ќе се финализира конзервацијата на фрескоживописот, со што во целост ќе биде вратен првобитниот колорит и сјај на фрескоансамблот во црквата „Св. Ѓорги“ во Струга.

Храмот посветен на великомаченикот свети Ѓорѓија е лоциран во централното градско подрачје на Струга. Во овој храм се наоѓа и најстарото познато сликарско дело, исцелителната икона со претстава на св. Ѓорѓија во цел раст, насликан фронтално со меч и копје во рацете, која датира од 1267 година.

Манчестер сити четврти пат по ред шампион на Англија

Манчестер сити е шампион на Англија во сезоната 2023/24. 

Во натпреварот од 38. коло „Граѓаните“ на домашен терен го победија Вест Хем (3:1). Двоен стрелец беше Фил Фоден. Играчот од средниот ред погоди во 2. и 18. минута. Родри постигна уште еден гол од додавањето на Фоден во 59. минута.

Стрелец на единствениот гол за гостите беше Мохамед Кудус (42. минута).

Манчестер сити заврши на првото место во Премиер лигата со 91 бод пред Арсенал кој собра 89. Тимот на Пеп Гвардиола ја освои шампионската титула четврти пат во низа. Покрај тоа, ова е шеста титула за Гвардиола во Премиер лигата.

Вкупно Манчестер сити има 10 трофеи. По бројот на шампионски титули, пред Сити се само Арсенал (13), Ливерпул (19) и Манчестер јунајтед (20).

Вест Хем ја заврши сезоната на деветтото место на првенствената табела. /МИА

Сасуоло испадна од Серија А по 11 сезони во првата лига

Сасуоло испадна од италијанската Серија А. Денес  тимот загуби на домашен терен од Каљари (0:2) во натпреварот од 37. коло на најсилното фудбалско првенство во Италија.

Попладнево Удинезе и Емполи ремизираа (1:1) и се одлепија од Сасуоло на недостижни 4, односно 5 бода на едно коло пред крајот на првенството. Сасуоло (29 бодови) е претпоследен во поредокот.

Сасуоло стигна до Серија А во 2013 година. Оттогаш, тимот помина 11 сезони во највисоката дивизија.

Претходно Салернитана рано испадна од Серија А.

Третиот тим кој ќе ја напушти елитата ќе се бара помеѓу екипите на Емполи, Удинезе, Фросиноне, Верона и Каљари./МИА

Таравари се демантира самиот себе

Арбен Таравари ретерира од својата изјава дадена вчера за косовската државна телевизија дека ВРЕДИ ќе има 6 министри во идната Влада.

Денеска вели дека договор се уште не е постигнат, а информацијата што произлезе од него била дезинформација. Вели дека нема договор ниту за претседателот на Собранието да биде од нивните редови, иако вели дека остануваат на тоа барање, за да остане воспоставената пракса една од трите највисоки државни функции да биде раководена од Албанец.

Преговорите на работните групи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ“, според најавите, ќе продолжат и утре за да се финализира владината програма, а до петок се очекува да бидат договорени и кадровските решенија. Во меѓувреме во среда ќе има и прегласување на седум избирачки места во 5 и 6 изборна единица за да се види финалниот распоред на силите во Собранието.

притисни ентер