Конор Мек Грегор сака две борби во 2025 година

Поранешниот шампион на УФЦ Конор Мек Грегор во интервју за ESPN потврди дека ќе се врати во октагонот во 2025 година. 

Според зборовите на 36-годишниот Ирец, тој планира да има две борби, кои се предвидени во неговиот договор со менаџерите.

На крајот на јуни 2024 година, Мек Грегор требаше да се бори со Американецот Мајкл Чендлер на УФЦ 303, но борбата беше откажана поради повреда на прстот на Ирецот.

Конор не влезе во октагонот од јули 2021 година, кога беше поразен на UFC 264 од Американецот Дастин Поарие.

Вкупно, Ирецот има 28 борби во ММА и биланс од 22 победи (19 со нокаут) и шест порази (2 со нокаут).

Дводневен самит на лидерите во Њујорк–клучни теми војните во Украина и на Блискиот исток

Над 130 светски лидери се дел од дводневниот Самит за иднината во Њујорк, како вовед на 79. сесија на Генералното собрание на ОН. Справување со конфилктите и кризите во фокус на лидерите. 

Главни теми за кој ќе се разговара во следната недела ќе биде војните на Блискиот Исток и во Украина.

Македонската делегација ја предводи претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а со неа се и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и вицепремиерот Изет Меџити. Сиљановска вчера оствари средба со македонската дијаспора, денеска ќе се обрати на Самитот на иднината, а в четврток ќе има свое обраќање и на 79. Генерално собрание. Според најавите ќе оствари и средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Њујорк се наоѓа под силно полициско обезбедување, како од земја така и во воздух. Според тамошните власти градот е максимално безбеден, а предизвикот пред нив е огромен, посебно ставајќи акцент на двата непуспешни обиди за атентат на кандидатот и екс претседател на САД, Доналд Трамп, но и поради најавите за можни протести за време на лидерските собири.

„Имаме повеќе од 142 светски лидери кој во исто време доѓаат во Њујорк. Тоа е речиси 75% од сите земји членки. Бројот на припадници на тајаната служба е над 200. Ова претставува најголем собир на лидерите. “-изјави Патрик Фрини – специјален агент.

Целта на Самитот на иднината е државите членки да ја зголемат меѓусебната соработка, а незивесно е и дали ќе најдат заеднички јазик за така наречениот Пакт на иднината кој се очекува да биде усвоен од сите.

Неделата на Обединетите нации во Њујорк се случува во време кога ситуацијата на релација Израел, Газа, Либан секојдневно ескалира. По серијата напади и контранапади, утрово Стејт Департментот, но и македонското МНР ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан поради безбедносни причини. Апел до македонските граѓани е упатен и за одложување на сите неопходни патувања кон Израел. Од МНР за Канал 5 велат иако ваков апел досега бил упатен во неколку наврати, во последниве денови до СОС дежурните телефони нема пријавени македонски дражвајни или упатени барања за асистенција за напуштање на Либан или Израел.

„МНР ќе продолжи интензивно да ги следи состојбите во регионот на Блискиот исток, особено последната ескалација на состојбите. Во врска со последната ескалација на безбедносната ситуација на границата меѓу Израел и Либан, МНР досега во неколку наврати упати аепл за напуштање на Либан, како и одложување на патувања кон Израел кое се неопходни, која ја повторуваме и во оваа прилика.“-МНР.

По бранот експлозии на пејџери и токи воки уреди во Либан, изралески воени авиони го изведоа најинтензивното бомбардирање во војната низ јужен Либан во последната година, додека Хезболах ракетираше цели во северен Израел, а стотици израелци повторно се вратија во засолништата.

ВРЕДИ не се откажува од идејата за албанска академија на науките, најавуваат нејзино формирање

Претседателот на „Алтернатива“, Зеиќирија Ибрахими, кој е дел од владината коалиција Вреди  во интервју за весникот ЛАЈМ,  изјави дека Албанската академија на науките и уметностите во Македонија ќе почне со работа во 2025 година. 

Првично за да се реализира оваа нивна идеја ќе ја финансираат четири општини. Ибрахими кој го наследи Гаши на претседателското место во партјата не гледеа ништо спорно во оваа идеја која првично ја отфрлија и Мицкоски и владините партенир но и целокупната акедемска фела.

-Ме чуди македонското мислење, кога зборуваме за академија, им се чини дека зборуваме за војска. Академијата е институција од која сите би добиле. Одлучивме во 2025 година првично четирите општини Чаир, Тетово, Желина и Гостивар со буџет да ја поддржат оваа академија и во меѓувреме да се работи на нејзината законска санкција“, изјави Ибрахими за весникот ЛАЈМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска велат дека партиската позиција не е променета и упатуваат на ставот на Премиерот Мицкоски пред два месеца, кој беше категоричен во својот дека не гледа причина за паралелна институција.

И од владиниот коалиционен партнер знам се со непроименет став. Тие ја отфрлаат ваквата иницијативата на Вреди, бидејќи според нив науката нема ниту има политичка, ниту етничка припадност.

-Науката не смее да се политизира, ниту да се етнизира, таа има своја генеза и континуитет. Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам. Во Македонија постои само МАНУ, а паралелни институции не се дозволени. Велат од ЗНАМ.

Освен коалициските партнери, иницијативата беше отфрлена и од СДСМ и од ДУИ, а Против формирање на албанска академија се и дел од академиците на Ману кои вакавата идеја ја оценија како невозможна.

Според Академик Камбовски во една држава не може да има две национални академии додека академик Таки Фити тогаш ја оцени идејата од Вреди како апсурдна додавајќи дека во Ману има четворица академици од албанска националност.

Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на западниот брег

Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на западниот брег со наредба за затворање.

Израелските сили упаднаа во канцелариите на дописништвото на телевизијата Ал Џезира во Рамала на западен брег и наредија негово затворање.

Како што пренесуваат западните медиуми, наредбата за затворање е за период од 45 дена, а упадот на маскирани и вооружени војници се пренесуваше во живо.

„Таргетирањето на новинарите на овој начин секогаш има цел да ја избрише вистината и да ги спречи луѓето да ја слушнат вистината“, изјави шефот на канцеларијата Валид Ал Омари кому му беше доставена наредбата за затворање. Синдикатот на палестинските новинари го осуди упадот на израелските војници, нагласувајќи дека станува збор за произволна воена одлука и ново спречување на работата на медиумите.

притисни ентер