Концерт на Мухамед Ибрахими на „Скопско лето“

На Факултетот за ликовни уметности - Сули ан во рамки на „Скопско лето“ вечер од 21 часот концерт ќе одржи Мухамед Ибрахими на гитара, во придружба на Џоле Максимовски (бас) и Ратко Даутовски (перкусии).


Мухамед Ибрахими е композитор и мултиинструменталист на жичани инструменти од Скопје. Неговиот деби албум „Fly” излезе во јануари 2014 за скопската независна продукција „ПМГ Рекордингс“ и може бесплатно да се симне на нивната веб-страница.

- Својот инструмент (гитара, мандолина, саз) Ибрахими го третира на мошне неконвенционален начин, длабоко интуитивно и широко инспиративно. Неговите композиции се автентичен микс од различни музички стилови, мириси и созвучја. Рок, блуз, амбиент, кои се длабоко вкоренети во ориенталната (суфи), но и балканска (албанска, македонска) фолклорна традиција. Оваа храбра и елегантна комбинација, често доловува неочекувани резултати во прекрасен и уникатен звучен свет, соопшти Дирекцијата за култура и уметност, организатор на „Скопско лето“.

Басистот и композитор Џоле Максимовски на музичката сцена е повеќе од 20 години. Член на „Архангел“ од 1998 до 2006 година. Од 2000 година свири во „Влатко Стефановски Трио“. Соработувал и снимал со Гарбет Тавитјан, Јан Акерман, Теаодосиј Спасов, Стефан Миленковиќ, Дамир Имери, Мугер Фугер, Чиста околина, Никола Коџобашија и Алшар. Во моментов работи на својот нов албум со својот авторски бенд „Кабадајас“. Во 2013 година е дел од групата „Темпера“ со која оваа година го промовираше албумот „Играј“.

Ратко Даутовски е еден од најактивните македонски перкусионисти, кој од најрана возраст целосно е посветен на истражувањето на богатата мелоритмичка структура, пред се, на македонската традиционална музика. Покрај редовното музичко образование на ФМУ, добивал континуирана обука од неговиот татко, проф. д-р Драган Даутовски. Ратко Даутовски од 1999 е редовен член на „Драган Даутовски квартет“. Има настапувано во многу земји и соработува со многу светски музичари и ансамбли. Како автор и изведувач, учествува и во голем број театарски и филмски проекти.
Во рамки на „Скопското летно кино“, во Кинотеката на Македонија вечер ќе биде прикажан мјузиклот „Мулен руж“ од 2001 година во режија на Баз Лурман, со Никол Кидман и Јуан Мекрегор во главните улоги. Оваа австралиско-американска копродукција има два Оскара и уште 75 филмски награди.

Ѓорческа на стартот од квалификациите на Ролан Гарос против Рувруа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во следната недела ја очекува настап на квалификациите на Ролан Гарос. 

На денешната ждепка за квалификациите македонската тенисерка за противничка во првото квалификациско коло ја доби домашната тенисерка Французинката Марго Рувруа.

Рувруа има 23 години и се наоѓа на 277. место на ВТА листата и во квалификациите настапува со вајлд карта. Нејзиниот најдобар пласман во кариерата е на 231.то место остварен на 15.јаниари 2024 година.

Ова е втор настап на Грен слем турнир оваа година за Ѓорческа откако претходно беше дел од квалификациите на Австралија Опен во Мелбурн.

Нашата тенисерка веќе неколку дена се наоѓа во Париз и тренира на терените на Ролан Гарос.

Мечот Ѓорческа – Рувруа ќе се игра во вторник. /МИА

Во Тунис собир за поддршка на претседателот Сајед

Неколку стотици луѓе денеска се собраа во главниот град на Тунис во знак на поддршка на претседателот Каис Сајед, по неодамнешните апсења на новинари, адвокати и други дисиденти и јавни личности.

Меѓународната заедница ги осуди апсењата во Тунис. Пред неколку дена Обединети нации и Европска Унија бран апсења го оценија како незаконски, но Сајед секоја меѓународна критика ја нарече „мешање од странство“ и му нареди на Министерството за надворешни работи да ги покани на разговор амбасадорите на неколку земји.

Демонстрантите денеска носеа транспаренти со натпис „Нема странско мешање, бидејќи ние сме суверена држава“.

Туниското граѓанско општество го осуди неодамнешното задушување на владините критичари додека земјата се подготвува за претседателските избори оваа есен.

Изминатите денови беа уапсени неколку експерти, новинари, адвокати и претставници на граѓанското општество. Покрај тоа, околу 40 личности, меѓу кои и осум политички противници на Сајед, поранешни министри и бизнисмени, беа приведени како дел од истрагата за „заговор против државната безбедност“./МИА

Одиграни мечевите од првото квалификациско коло на „Macedonian Open 2024“

На терените на ТК Југ во Градски парк, денеска стартуваа мечевите на годинашново издание на „ATP Challenger 75 турнирот Macedonian Open 2024“. Во првото квалификациско коло настапија и четири македонски тенисери, кои се елиминирани. 

Најискусниот играч на турнирот македонскиот тенисер Димитар Грабул одигра меч против младиот хравтски тенисер Лука Микрут од кого загуби со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4). Мечот траеше 88 минути, притоа дури осум гема беа решени на разлика, а во вкупниот број поени биланост беше 77:65 за Микрут, а само еден гем заврши на „0“ и го освои Грабул.

Неизвесен прв сет одигра и Берк Бугариќ, против Жером Ким од Швајцарија, откако ривалот поведе со 5:2 во гемови Бугариќ успеа да изедначи на 5:5, а потоа двата гема ги освои Ким, кој беше сигурен во вториот сет и го освои без загубен гем. Буграиќ загуби со 2-0 во сетови (7:5 и 6:0).

Шендрите Деари го загуби мечот од Лука Павловиќ од Франција со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4), притоа неговиот ривал ги искористи можностите и го доби мечот.

Четвртиот македонски тенисер кој настапи во квалификациите беше младиот Амар Хусеиновиќ, кој загуби од Константин Битон Козмин од Франција со 2-0 во сетови (6:0 и 6:1)./МИА

притисни ентер