Коалиција „Менуваме“ со протестен марш бара преговарачка рамка со институциите

Во Скопје денеска се одржа протестен марш под слоганот „И ние сме деца на Македонија“ во организација на Коалицијата „Менуваме“. 

Целта на овој настан беше да се привлече вниманието на јавноста кон лицата со попреченост и да се наметнат приоритети за нивна поддршка и инклузија во општеството преку преговарачка рамка со надлежните институции.

Како што информираше Суарет Алиша од Коалицијата „Менуваме“ маршот се организира со цел Владата да им овозможи преговарачка рамка во која ќе бидат вметнати сите недостатоци.

- Маршираме како резултат на апсурдот што се случуваше месеци наназад со доцнењето на исплатата на персонална асистенција од страна на државата. Денеска сме тука да бидеме видливи со цел властите да нѐ разберат. Исплатени се два месеци, септември не е исплатен. Бараме од Владата веднаш и сега да имаме преговарачка рамка во која сакаме да ги внесеме сите недостатоци, недоречености и намери кои Министерството за социјална политика, демографија и млади има намера да ги направи, рече Алиша.

Дополни дека согласно новиот Закон е предвидено лицата со попреченост да плаќаат 20 часа за асистент што, според нив, е недозволиво бидејќи, како што рече, лицата со попреченост се социјална група.

- Тука сме да покажеме дека и ние сме деца на Македонија, да пратиме порака до државата да можат да нѐ разберат. Заедно со Црвениот Крст како најуспешен провајдер на асистенти имаме предлог решенија со цел да ги заштитиме асистентите да не бидат обесправени. Предлагаме формирање на мешовита установа водена од Црвениот Крст. Нашата цел е асистентите да можат да добиваат по 22 500 денари, согласно законот кој предвидува хонорарот на асистентите да не биде под минималната плата. Предлозите ги поднесовме вчера до Собранието, Владата и претседателката на државава, дополни тој.

Маршот започна пред Собранието, а заврши пред Владата. Учесниците бараа социјална правда, рамноправност и крај на дискриминацијата.

За време на маршот во центарот на Скопје беше воведен посебен сообраќаен режим.

Отишле во аквариум за да видат огромна ајкула, но останале разочарани (ВИДЕО)

Популарен аквариум во Кина се најде на удар на критики по петгодишното реновирање.

Објектот бил отворен на 1 октомври и веднаш привлече околу 100.000 посетители, кои уживаа во убавината на подводниот свет.

Една од атракциите на аквариумот е кит-ајкулата - најголемиот постоечки вид риби, кој може да достигне должина од осум до девет метри (иако имало и поголеми примероци).

Меѓутоа, поединците се почувствувале измамени кога сфатиле дека огромниот предатор е всушност механичка копија, пренесува New York Post.

Нивните критики се појавија на социјалните мрежи.

„Најголемото разочарување беше робот-ајкулата“, „Местото не е доволно големо, па дури и кит-ајкулата е вештачка“, „Имав многу очекувања, а потоа видов механичка ајкула. Не е интересно“, стои во дел од пораките.

Претставниците на аквариумот веднаш реагирале и објасниле дека механичката ајкула, чие производство било прилично скапо, не е таму за да „привлече гости“.

Посочуваат дека го поддржуваат законот за забрана на трговија со кит-ајкули. Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) смета дека овој вид е загрозен, меѓу другото, и поради ловот.

Покренато е ново судење поради „бунга бунга“ забавите на веќе покојниот Берлускони

Врховниот касационен суд на Италија нареди ново судење за таканаречениот случај „Руби тер“, еден од неколкуте поврзани со наводните сексуални забави „бунга бунга“ што ги одржувал покојниот поранешен премиер и медиумски милијардер Силвио Берлускони.

Врховниот касационен суд на Италија нареди ново судење за таканаречениот случај „Руби тер“, еден од неколкуте поврзани со наводните сексуални забави „бунга бунга“ што ги одржувал покојниот поранешен премиер и медиумски милијардер Силвио Берлускони во неговиот дом во Аркоро , во близина на Милано.

Судот ја укина ослободителната пресуда за дваесетина лица, вклучително и неколку жени кои присуствувале на забавите, на кои сега им претстои ново судење под обвинение дека земале мито од покојниот италијански премиер за да лажат за случајот на малолетничка проституција, пренесува Анса.

Меѓу обвинетите е и Мароканката со прекар „Руби крадецот на срцата“ Карима Ел Махруг, која наводно била платена за секс од Берлускони кога била сè уште малолетна, пред 2010 година.

Берлускони на крајот беше ослободен од обвинението за плаќање за секс со малолетничка во главниот случај „Руби“, со образложение дека нема докази дека знаел дека Ел Махруг во тоа време имала под 18 години.

Случајот „Руби тер“ се однесува на наводите дека Берлускони, кој почина минатата година на 86-годишна возраст, подмитувал сведоци да лажат за забавите за кои велат дека биле невини собирања.

Сите обвинети, вклучително и Берлускони, во првостепената постапка беа ослободени од технички причини.

Врховниот суд вчера одлучил дека се истечени роковите за обвинувањата за лажно сведочење против обвинетите во случајот „Рубитер“, но се потврди сличното обвинение, за корупција во судските дејствија.

Младите жени, вклучително и Ел Махруг, признаа дека Берлускони им плаќал и им дал станови, но инсистирале дека тоа првично го направил од великодушност, а подоцна за да им ја надомести штетата на угледот предизвикана од судењата.

Жените го добиле името „Олгетинес“ по миланската улица Виа Олгетина, каде се наоѓаат нивните луксузни апартмани.

„Се вратив“ - Адријана Лима повторно на пистите како „Ангел на Викторија“ (ВИДЕО)

Светскиот топ модел и поранешната српска снаа, Адријана Лима, триумфално се враќа на модната писта, ни повеќе ни помалку од онаа што ја прослави.

Таа утре ќе ги прошета моделите на „Викторија Сикрет“, па може да се каже дека помина цел круг, бидејќи до повлекувањето од сцената била една од најбараните манекенки како и нивно лице.

Инаку, таа е една од најуспешните манекенки на оваа модна куќа, па не е ни чудо што некако се „враќа дома“, како што е прикажано во најавата за претстојната ревија.

Таа е во Њујорк и се качува во такси, а таксистот ја прашува: „Каде?“, а таа одговара: „Дома“.

- Како да знам каде е вашата куќа? - прашува изнервираниот таксист, а Лима одговара.

- Извинете, на ревијата на „Викторија сикрет“ - додека гледа во камерата и вели дека се вратила.

Ревијата се одржува во Њујорк, а започнува во 1:00 часот по наше време. За фановите, ќе има и директен пренос на YouTube и Instagram.

Сето ова доаѓа по неколку тешки години за манекенката која безмилосно ја прозиваа дека има вишок килограми.

притисни ентер