Погба за можноста да се пресели во Лига 1: Никогаш не се знае што ќе донесе утре

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, одговори на зборовите на поранешниот дефанзивец на Марсеј, Патрис Евра, кој рече дека ќе го олесни трансферот на фудбалерот во францускиот клуб.

- Се насмеав затоа што тоа е чичко Пат, тоа го рече како шега. Сè уште сум под договор. Дали е можно да се преселам во Лига 1? Имам клуб, размислувам само да се вратам и да излезам од оваа ситуација. Но, никогаш не знаеш што ќе донесе утре, затоа никогаш не кажувај никогаш, изјави Погба за „L’Equipe“.

Претходно се дозна дека на Погба, кој беше дисквалификуван поради допинг, му е намалена казната од четири години на 18 месеци, а во професионалниот фудбал ќе може да се врати во март 2025 година. Сепак, според пишувањата на медиумите, Јувентус има намера предвреме да го раскине договорот со играчот.

Како што објави „Le10sport“, раководството на Марсеј ќе ја разгледа можноста за трансфер на 31-годишниот Французин во зимскиот преоден рок.

Индија купува 31 дрон од САД

Индија денеска потпиша договор со американскиот Стејт департмент за купување на 31 воен дрон, соопшти индиското Министерство за одбрана.

Американските дронови „МQ-9Б“ (Sky guardian high altitude long endurance) главно ќе се користат од индиската морнарица во регионот на Индиски Океан.

Американските беспилотни летала се очекува значително да ги зголемат способностите за надзор на Индија, како и да го одвратат Њу Делхи од купување руска воена опрема.

Договорот е постигнат по преговорите што почнаа во 2018 година./МИА

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија која се бори за опстанок, Арсовска го уништи и колабира Скопје

Единствен виновник за хаосот со јавниот превоз во Скопје е Данела Арсовска во коалиција со СДС и ДУИ.

Одамна е демаскирана коалицијата на Арсовска со СДС и ДУИ.

Коалицијата Арсовска, СДС и ДУИ од свои лукративни причини го предизвикуваат уништувањето на Скопје. Сите кадри именувани од Арсовска се функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ.

Арсовска е градоначалник и единствено одговорна за хаосот во Скопје.

Арсовска е единица мерка за неспособност и криминал.

Одамна стана јасно дека на Арсовска сите други и се криви само таа не е.

Единствена работа која истата треба да ја работи е да го чисти ѓубрето од улиците и да има ефикасен јавен превоз, и овие две работи истата не може и е неспособна да ги прави.

Арсовска треба што побрзо да си даде оставка и да ги спаси Скопјани од маките во кои самата ги втурна.

ВМРО-ДПМНЕ има јасен план, програма и визија за развој на општините.

Град Скопје и Општините ќе добијат 250 милиони евра за инфраструктурни проекти.

Никогаш претходно немало во толку голем обем вложувања секаде и за сите како сега со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден, со превземањето на општините работат на проекти и нема населено место во кое не се работи на некој нов проект.

ВМРО -ДПМНЕ има поинаков пристап, ВМРО-ДПМНЕ има план и проекти, неспособноста завршува со СДС и ДУИ, се наведува во партиското соопштение.

Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифоски Питу“ ќе бидат обновени до 2026 година

Реконструкцијата на девет студентски домови, од кои четири во Скопје и останатите во другите градови ќе придонесе за подобрување на условите за едукација и престој за македонските студенти.

Реконструкцијата на девет студентски домови, од кои четири во Скопје и останатите во другите градови ќе придонесе за подобрување на условите за едукација и престој за македонските студенти, како една од мерките во напорите младите луѓе да се задржат дома.

Активностите за етапна реконструкција на студентските домови се во тек, а во моментот се реализираат во „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје.

Според планот, реконструкцијата на двата скопски студентски домови која е во тек се очекува да заврши до 2026 година и да чини 10 милиони евра.

притисни ентер