Марко: Верстапен ќе стане шампион бидејќи Норис има психолошки слабости

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко објасни зошто е уверен дека Макс Верстапен ќе ја освои титулата, а не Ландо Норис од Мекларен.

-Макс е најдобар, тој е најбрз и пред се е ментално силен да се бори за светската титула. Во ова тој е супериорен во однос на Шарл Леклер и Ландо Норис. Знаеме дека Норис има некои психолошки слабости. Прочитав дека треба да прави некои ритуали за да се претстави добро на денот на трката, изјави Марко.

Верстапен претходно изјави дека крајот на тековната сезона, според него, нема да биде толку напнат поради борбата со Норис како што беше со Луис Хамилтон од Мерцедес во 2021 година.

Во моментов предноста на Верстапен во однос на Норис е 52 бода. Остануваат уште шест трки до крајот на сезоната 2024.

Следната етапа од Формула 1 шампионатот е од 18 до 20 октомври во Остин (САД). /МИА

Совет на Европа: Русија сака да го избрише историскиот и културен идентитет на Украина

Русија, која ограбува и уништува бројни историски локалитети, се обидува да го „избрише историскиот и културниот идентитет на Украина“, соопшти денеска Советот на Европа, осудувајќи ја „геноцидната намера на Москва. "

Во соопштението за уништувањето на културното наследство во Украина, Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа „повтори ја осуди актуелната агресивна војна против Украина и ја потврди нејзината непоколеблива посветеност на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзината меѓународно признати граници“.

Конгресот ги осуди „континуираните напади на Русија врз местата на културно наследство во Украина, што го прекршува меѓународното хуманитарно право“.

„Имајќи предвид дека повеќе од илјада културни објекти се оштетени или уништени од почетокот на војната, Конгресот нагласи дека гаѓањето и грабежот на културните објекти одразува систематска политика насочена кон бришење на историскиот идентитет и култура на Украина, што е геноцидно во својата намера“, се наведува во декларацијата усвоена денеска од Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа.

Русија беше членка на Советот на Европа, од каде беше исклучена во март 2022 година, неколку недели по почетокот на нејзината инвазија на Украина, потсетуваат француските медиуми.

„Русија мора да плати компензација за штетата предизвикана на историското, културното и верското наследство“, се наведува во соопштението на Советот на Европа, што на почетокот на април го формираше Регистарот на штети предизвикани од руската агресија врз Украина.

Конгресот ги повика локалните и регионалните власти ширум Европа да ги засилат своите напори да и помогнат на Украина „со воспоставување вистинско партнерство за културното наследство“.

Гори автомобил на Плетвар- сообраќајот со пропуштање

Сообраќајот на превојот Плетвар кај м.в.Ленишки мост се одвива по една коловозна лента со пропуштање.

Поради опожарен автомобил на коловоз, од 20:00 часот сообраќајот на превојот Плетвар кај м.в.Ленишки мост се одвива по една коловозна лента со пропуштање, соопшти АМСМ.

Отишле во аквариум за да видат огромна ајкула, но останале разочарани (ВИДЕО)

Популарен аквариум во Кина се најде на удар на критики по петгодишното реновирање.

Објектот бил отворен на 1 октомври и веднаш привлече околу 100.000 посетители, кои уживаа во убавината на подводниот свет.

Една од атракциите на аквариумот е кит-ајкулата - најголемиот постоечки вид риби, кој може да достигне должина од осум до девет метри (иако имало и поголеми примероци).

Меѓутоа, поединците се почувствувале измамени кога сфатиле дека огромниот предатор е всушност механичка копија, пренесува New York Post.

Нивните критики се појавија на социјалните мрежи.

„Најголемото разочарување беше робот-ајкулата“, „Местото не е доволно големо, па дури и кит-ајкулата е вештачка“, „Имав многу очекувања, а потоа видов механичка ајкула. Не е интересно“, стои во дел од пораките.

Претставниците на аквариумот веднаш реагирале и објасниле дека механичката ајкула, чие производство било прилично скапо, не е таму за да „привлече гости“.

Посочуваат дека го поддржуваат законот за забрана на трговија со кит-ајкули. Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) смета дека овој вид е загрозен, меѓу другото, и поради ловот.

притисни ентер