Покренато е ново судење поради „бунга бунга“ забавите на веќе покојниот Берлускони

Врховниот касационен суд на Италија нареди ново судење за таканаречениот случај „Руби тер“, еден од неколкуте поврзани со наводните сексуални забави „бунга бунга“ што ги одржувал покојниот поранешен премиер и медиумски милијардер Силвио Берлускони.

Врховниот касационен суд на Италија нареди ново судење за таканаречениот случај „Руби тер“, еден од неколкуте поврзани со наводните сексуални забави „бунга бунга“ што ги одржувал покојниот поранешен премиер и медиумски милијардер Силвио Берлускони во неговиот дом во Аркоро , во близина на Милано.

Судот ја укина ослободителната пресуда за дваесетина лица, вклучително и неколку жени кои присуствувале на забавите, на кои сега им претстои ново судење под обвинение дека земале мито од покојниот италијански премиер за да лажат за случајот на малолетничка проституција, пренесува Анса.

Меѓу обвинетите е и Мароканката со прекар „Руби крадецот на срцата“ Карима Ел Махруг, која наводно била платена за секс од Берлускони кога била сè уште малолетна, пред 2010 година.

Берлускони на крајот беше ослободен од обвинението за плаќање за секс со малолетничка во главниот случај „Руби“, со образложение дека нема докази дека знаел дека Ел Махруг во тоа време имала под 18 години.

Случајот „Руби тер“ се однесува на наводите дека Берлускони, кој почина минатата година на 86-годишна возраст, подмитувал сведоци да лажат за забавите за кои велат дека биле невини собирања.

Сите обвинети, вклучително и Берлускони, во првостепената постапка беа ослободени од технички причини.

Врховниот суд вчера одлучил дека се истечени роковите за обвинувањата за лажно сведочење против обвинетите во случајот „Рубитер“, но се потврди сличното обвинение, за корупција во судските дејствија.

Младите жени, вклучително и Ел Махруг, признаа дека Берлускони им плаќал и им дал станови, но инсистирале дека тоа првично го направил од великодушност, а подоцна за да им ја надомести штетата на угледот предизвикана од судењата.

Жените го добиле името „Олгетинес“ по миланската улица Виа Олгетина, каде се наоѓаат нивните луксузни апартмани.

Рено 4 се врати, но само на електричен погон (ФОТО)

Легендарната четворка се врати, но во форма на трендовски кросовер со електричен погон.

По повеќе од 8,1 милиони продадени единици и повеќе од три децении пауза, Renault го враќа легендарниот модел на сцената. Како и во случајот со малку порано лансираниот Renault 5, така и овој модел се карактеризира со висока модна свест, но и електричен погон.

Сосема е јасно дека овој модел не е таму за да ги руши рекордите на продажба. Заснован е на концептот 4ever Trophy, но со дури 68 проценти од деловите земени од R5. Тој е за добар чекор подолг од споменатиот (600 mm) и има 4140 mm, а бележи и плус по ширина и висина.

Во детали, овој автомобил навистина наликува на оригиналниот модел, но првенствено е кросовер со многу шминка и украсен со LED диоди, поголеми бандажи и многу пластика.

Зголемувањето на димензиите значи и значително подобра понуда на простор. Поголем е и багажникот со 420 литри во основната конфигурација, но и без најпрепознатливиот детал од оригиналот - менувачот Шераизл. Контролната табла ги позајмува 10,1-инчниот дигитален таблет со инструменти и стандардниот 10-инчен екран на допир од Renault 5 E-Tech, кој работи на инфозабавната мрежа на Google OpenR Link.

Други интересни внатрешни карактеристики вклучуваат менувач поставен на воланот, кој има облик на кармин. Многу попривлечни се темно сините навлаки направени од рециклиран материјал инспириран од фармерки.

Постојат бројни можности за индивидуализација, а кога ги броиме посебните бои на хаубата и покривот, станува збор за дури 670 од нив, но во сите случаи погонот е ист: напред со електричен мотор. Послабиот произведува 122 КС, а во комбинација со основната батерија од 40 kWh нуди автономија од 300 km. Ако изберете помоќен мотор од 150 КС, станува збор за батерија од 52 kWh и автономија од 402 km. Моќноста на полнење е 80 kW за помалата и 100 kW за поголемата батерија.

Помоќна опција значи 8,5 секунди за спринт до 100 km/h, максимални 150 km/h и носивост од 750 kg. Повеќе од солидни.

Неофицијалните информации говорат за почетна цена од 25.000 евра. Наместо за цената на моделот кој ќе излезе на пазарот следната година, ќе го споменеме и концептот FL4WER POWER инспириран од моделот R4 Safari.

Брутална егзекуција открива дека со популарниот грчки остров Миконос владеат банди (ВИДЕО)

Бруталната егзекуција на геодет во атинскиот кварт Псичико во јули ги разоткри борбите на мафијата за земја на островот Миконос.

Панајотис Статис (54) го паркирал автомобилот пред неговата канцеларија во 8 часот и 30 минути, кога до него се нашол маж на мопед, пишува Дејли мејл.

Мажот почнал да пука во возилото на Панајотис, а потоа застанал да го наполни пиштолот и испукал повеќе куршуми. Статис починал на лице место, потпрен на воланот натопен со крв. Убиецот го спакувал пиштолот и си заминал.

Егзекуцијата е снимена од блиската надзорна камера. Се испоставило дека убиството не е поврзано со мафијата која се бори за контрола на улиците на Атина, туку со земја на Миконос, за кое се вели дека е омилена дестинација на холивудските ѕвезди и богатите, со својот тиркизен брег, луксузни вили и фенси клубови.

Локалните жители тврдат дека голем дел од островот е под контрола на грчката мафија, која се обидува да воспостави контрола врз бирократите, инженерите и геодетите вклучени во најексклузивните градежни проекти. Тие наведуваат и дека сакаат да манипулираат со законите за да заработат од профитабилната туристичка индустрија на островот.

Миконос, каде живеат само 10.000 луѓе, само оваа година, во периодот од март до октомври, го посетиле 2,3 милиони туристи. На островот има дури 76 хотели со пет ѕвезди и стотици луксузни вили за изнајмување. За убиството на Статис полицијата уапсила 44-годишен маж поврзан со грчката мафија.

Велат дека убиството било внимателно испланирано со „проби“ пред кобниот ден.

Наводно, убиецот бил снимен пред канцеларијата на Статис 24 часа порано, како и 90 минути пред да биде убиен Статис. Сметаат дека се работи за нарачано убиство, за кое се платени 100.000 евра.

Имено, локален претприемач преговарал со Статис за парцела од три хектари. Статис и неговиот деловен партнер го купиле веднаш до локацијата планирана за изградба на хотелот „Four seasons“ и планирале подоцна да ја продадат на еден претприемач со значителен профит. Документите ги содржат имињата на блиските роднини на Статис.

"Беше многу добар во својата работа, го знаеше секое парче земја на Миконос. Имаше многу влијателни луѓе кои не го сакаа бидејќи им се мешаше во нивните планови", изјавил негов близок пријател за Дејли Меил.

Човекот осомничен за убиството на Статис е поврзан и со киднапирањето на богатиот бизнисмен Перикле Панагопулос во 2009 година, кој е ослободен откако на киднаперите им бил платен откуп од 30 милиони долари.

Христос Веронис, градоначалникот на Миконос, за еден британски таблоид изјавил дека „нема мафија од Миконос, туку грчка мафија која го таргетира нивниот остров, бидејќи знаат дека има пари што треба да се заработат“.

Официјални лица во Атина ветија поактивни интервенции за организираниот криминал со фокус на Миконос.

Обвинителката на Врховниот суд Џорџија Адеилини назначи специјален обвинител кој ќе ги истражува „мафијашките практики“ на островот, за кои се вели дека покриваат градежни дозволи и зделки со земјиште и недвижнини.

Превртено и запалено возило после мостот Гоце Делчев во Скопје, четири лица се повредени

Превртено и запалено возило, после мостот Гоце Делчев на патот кон Т.Ц. Мавровка го отежнува вечерва сообраќајот во овој дел од Скопје.

„На 15.10.2024 околу 20.55 часот е пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ на кракот со улица „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “шкода” со скопски регистарски таблички и патничко возило “бмв” со скопски регистарски таблички. Возилото “шкода” се превртело и се запалило. Четири лица се пренесени во Клинички Центар „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Сообраќајот беше пренасочен кратко време , а сега се одвива во една коловозна лента“, соопшти МВР.

притисни ентер