Клиперси очекуваат Пи Џеј Такер да ја започне новата сезона во нивниот ростер

Раководството на НБА-лигашот Лос Анџелес клиперс не може да го замени П.Џ.Такер.

Клиперси се подготвуваат Такер да остане во нивниот ростер на почетокот на сезоната 2024/25, објави „ The Athletic“.

Клубот размислуваше да го „трејдува“ кошаркарот и минатата сезона, но не успеа да најде прифатлив договор.

Такер им се придружи на Клиперс од Филаделфија во трејдот во кој беше вклучен Џејмс Харден. Сепак, напаѓачот испадна од ротацијата на Тајрон Лу во поголемиот дел од сезоната 2023/24.

На Такер му останува последната година од договорот, во која ќе заработи 11,5 милиони долари.

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година. 

Вкупните приходи во Предлог-буџетот се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиoни денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП. Инфлацијата се очекува да се намали на ниво од 2,2 проценти, како резултат на стабилизирањето на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите на меѓународниот пазар, забавувањето на странската ефективна инфлација, како и поумерениот притисок од базичната инфлација. Извозот се очекува да има раст од 4,2 проценти, а увозот од 4,4 проценти како резултат на очекувањата за постепено стабилизирање на меѓународното опкружување и зголемувањето на надворешната побарувачка.

Амандманската расправа почна на 19 ноември, а треба да заврши најдоцна до 30 ноември. Поднесени се вкупно 307 амандмани од кои 204 на опозицискиот СДСМ.

По амадманската расправа како Дополнет предлог буџет се враќа во Владата на финално одобрување по што согласно законските рокови, треба да биде изгласан во Собранието до крајот на оваа календарска година.

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

 Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска организира свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен.

Како што соопшти Деканатот на Филолошкиот факултет, поздравна реч ќе имаат деканот на Факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска-Димкова.

Пригодни излагања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев - „АСНОМ и македонскиот јазик“, и проф. д-р Емилија Црвенковска – „Значењето на АСНОМ за македонскиот јазик и за просветата“.

На настанот ќе биде отворена и изложба „АСНОМ – израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“, претставена од д-р Јасмина Дамјановска.

Сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива по една коловозна лента

Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. 

Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ со потсетување дека од 15 ноември 2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Воедно, од 15 ноември, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер