Клебо првпат во кариерата победи на маратон 50 километри во класичен стил

Норвешкиот скијач Јоханес Клебо е победник на маратонот масовен старт на 50 километри класичен стил на Светскиот куп во Осло.

Петкратниот олимписки шампион растојанието го мина за 2 часа 6 минути и 50 секунди.

Втор беше уште еден претставник на Норвешка, Мартин Левстром Нигет, кој заостана само 0,4 секунди зад победникот.

Бронзата ја освои исто така Норвежанец. Пол Голберг заостана 1,1 секунда зад Клебо.

Дваесет и седумгодишниот Клебо за прв пат во кариерата победи на Кралскиот маратон. Пред тоа успеа да дојде само до второто место на трка од 50 километри.

Полицијата пронајде дрога во дом на 40-годишен скопјенец во Гази Баба

Четириесет годишен скопјанец вчера бил уапсен откако полициските службеници во неговиот дом во Гази Баба пронашле дрога.

Од МВР информираат дека вчера, во 15.50 часот, во Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, при претрес на домот на Р.П., извршен со судска наредба, пронашле и одзеле бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и две дигитални ваги.

- По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Вучиќ: Воопшто не се уплашивме од насилниците, нема да им ја дадеме Србија

Со денови сме изложени на брутални изливи на насилство кои ги спроведуваат одредени политички фактори кај нас со поддршка на т.н. групи на медиумски притисок и други групи на притисок. 

„Со денови сме изложени на брутални изливи на насилство кои ги спроведуваат одредени политички фактори кај нас со поддршка на т.н. групи на медиумски притисок и други групи на притисок. А, она што ни останува нам пристојните граѓани, не врзани за политичка ориентација во државата Србија, е да веруваме во работата на државните органи и да не преземаме никакви мерки за да покажеме на улица кој е поброен, а кој е посилен, или нешто слично“, изјави на својот Инстаграм профил српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод блокадите и протестите на опозицијата во Нови Сад по повод истрагата за трагедијата на Железничката станица во Нови Сад и денешните апсења на 11 лица.

-Го трпиме сиот овој терор поради притисокот наводно да се забрза Обвинителството. Обвинителството овде одлучуваше сто пати побрзо отколку во најразвиените земји на ЕУ кога се случуваа слични работи. За таа одлука ќе зборувам вечерва во 17:20 часот на РТС. А дотогаш мојата клучна порака за сите граѓани на Србија е дека ќе ги победиме насилниците, дека ќе ги победиме на секое место. И со владеење на правото, на секои можни избори, ќе ја покажеме разликата меѓу нормална и пристојна Србија и Србија на насилници и дека воопшто не се плашиме од нив. Србија на храбрите, само затоа што молчи, не значи дека Србија стана кукавица, само значи дека се сака Србија многу повеќе од оние што би ја уништиле. Ќе отидам токму таму во таа телевизија, која ја сметам за една од најодговорните за поддршката, како на насилството, така и на секоја антидржавна идеја, и ќе им кажам се в лице, и за нивната работа и за сите групи на притисок, додаде Вучиќ.

Во Собранието во тек седница за пратенички прашања

Во Собранието денеска по гласањето на дневниот ред на 20-.седница, се одржува пленарна седница на чиј дневен ред се пратенички прашања.

Седницата за пратенички прашања не е најавена на веб страницата на Собранието. Претседателот на Собранието, Африм Гаши соопшти дека седницата ќе трае два часа, односно до 13:30 часот.

Од Собранието информираа дека одржувањето на оваа седница со пратенички прашања е согласно член 42 од Деловникот усвоен во 2023 година, што почнува да се применува од овој мандат.

- Денешната седница е согласно Член 42 - (1) Пратенички прашања од пратениците од пратеничките групи во опозиција и од пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група се поставуваат еднаш месечно, во денот кога се одржува седница на Собранието. Доколку во текот на месецот не се свикани седници, претседателот на Собранието задолжително свикува една седница заради поставување на пратенички прашања. (2) Пратеничките прашања од ставот (1) на овој член се поставуваат по утврдувањето на дневниот ред на седницата во траење од два часа.. велат од собраниската прес-служба

На седницата, посочуваат, присуствуваат членови на Владата кон кои е упатено прашањето од пратениците од опозицијата.

Во рамки на 20-тата седница при утврдувањето на дневниот ред поддршка да одат по скратена постапка не добија законите за минимална плата и Предлог-измените на Законот за додадена вредност поднесени од пратеници од опозицијата.

притисни ентер