Киану Ривс сакал да се откаже по четвртото продолжение на „Џон Вик“: Убијте го!

Еден од продуцентите на франшизата Џон Вик, Басил Иваник, откри во неодамнешното интервју за Collider дека Киану Ривс ги молел режисерите да го убијат Џон Вик во четвртиот дел од франшизата, чија премиера беше во март оваа година.

59-годишниот актер се чувствувал исцрпен по снимањето на секој филм од франшизата бидејќи сам ги прави сите акробации. Кога дознал дека Џон Вик: Поглавје 4 е во продукција, Ривс ги молел режисерите конечно да го убијат Џон Вик и да не остават простор за интерпретација, за конечно да може да се одмори.

„По второто, третото и четвртото продолжение, снимањето на овие филмови е толку исцрпувачко што го уништува Киану, и физички и емотивно“, објасни Иваник. "На крајот од секој филм тој вели: "Не можам да го направам ова повторно", и ние се согласуваме со него. Тој едвај личи на себе затоа што само се нурнува во проектот и го вложува целиот напор. Ни рече, „Сакам да ме убиеш на крајот од овој филм...“ Му рековме: „Знаеш, ќе оставиме околу 10% простор за слободна интерпретација“.

Иваник се спореди себеси, Ривс и режисерот Чад Стахелски со Битлси кога станува збор за продукција на филмовите за Џон Вик. „Гледам на тоа вака: тие двајца се како Пол Макартни и Џон Ленон, а јас сум Ринго. Ќе ми се јават и ќе ми кажат: „Во ред, еве доаѓаме. Смисливме приказна и еве што треба да правиш“.

Продуцентот открил и дека целиот тим сакал да работи на новиот филм за Џон Вик. „Сите сакаме нов Џон Вик. Сè уште не знаеме како ќе изгледа филмот и што ќе се случи, но сите се сакаме и го сакаме овој свет“, рече Стахелски. „Ќе дадеме сѐ од себе за да продолжиме. Дали смисливме приказна? Не сме. Нема да правиме ново продолжение само за да направиме нешто“.

Иако фановите на Џон Вик ќе мора да го чекаат петтиот дел, дотогаш ќе можат да уживаат во спин-оф филмовите и сериите. Серијата The Continental ќе биде достапна на стриминг платформата Prime Video од 22 септември, а филмот Балерина ќе се прикажува во јули 2024 година.

На првата годишнина од анексијата на четирите украински региони, Путин вети обнова

На првата годишнина од руската анексија на четирите украински региони Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск, рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе ги обнови регионите зафатени од војна.

„Училиштата, болниците, станбените згради и патишта, музеите и спомениците“ ќе бидат обновени и реконструирани, рече Путин во видео пораката објавена денеска од Кремљ.

Сите руски региони ќе ја дадат својата „братска помош“ во напорите за обнова, додаде тој. Путин, кршејќи го меѓународното право и по референдумите кои меѓународно беа исмејувани како измама, потпиша договор со окупационите лидери на четири региони на 30 септември 2022 година да станат дел од Руската Федерација.

Украина ја продолжува својата контраофанзива со надеж дека ќе ги ослободи териториите од руската окупација.

„Пред нас е голема задача и решение за тешките предизвици, спроведување на голема програма за обнова и социо-економски развој на нашите историски региони“, продолжи Путин во видео пораката. „И сигурно ќе ги постигнеме поставените цели“, додаде тој.

Рускиот претседател го нарече „историски и судбоносен настан“ анексијата на територијата, која не ја призна ниту една друга земја во светот. Тој им се заблагодари на граѓаните на териториите чија решителност ја направи Русија уште посилна: „Ние сме еден народ. И заедно надминуваме сè, наоѓаме одговори на сите предизвици“.

Дури и по повеќе од една и пол година војна, Русија не контролира целосно ниту еден од четирите анектирани региони. Украина успеа да врати некои окупирани делови од територијата за време на повеќемесечните борби.

Саудијците го плаќаат Нејмар половина милијарда евра, синоќа промаши пенал (ВИДЕО)

Ниту во четвртиот натпревар за Ал Хилал, Нејмар не успеа да постигне гол иако имаше идеална можност.

Тој во 37. минута од натпреварот од осмото коло на саудиското првенство против Ал Шабаб шутираше пенал, но го одбрани Ким Сеунг Ѓу. Тоа беше при резултат 0:0, но избраниците на Нејмар до крајот успеаја да победат со 2:0. Нејмар постави три гола на првите четири натпревари за својот нов клуб, но најскапиот фудбалер во историјата и напаѓач се уште нема постигнато гол.

Ал Хилал раскошно го плати ангажманот на Нејмар. На ПСЖ му дава отштета од 90 милиони евра, а Нејмар потпиша на две години за плата од 300 милиони евра. Вкупните трошоци за неговиот ангажман ќе надминат половина милијарда евра, вклучувајќи ги премиите, бонусите и луксузот со кој Саудијците го опсипуваат.

Нејмар доби вила со 25 соби, сауна, базен, осум работници да го чуваат и девет автомобили. Бразилецот пристигна во Саудиска Арабија со авион што му го испрати саудискиот принц Ал Валид бин Талал. Тоа е најлуксузниот Боинг 747-400 со неколку спални соби и златен трон.

Петровска ги посети припадниците на Армијата кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Припадниците на Армијата на Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија се на ниво на задачата.

Припадниците на Армијата на Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија се на ниво на задачата, мотивирани, посветени и исклучително професионални во остварувањето на единствената заедничка цел – да бидат гарант за безбедноста на секоја педа сојузничка територија, рече министерката Славјанка Петровска по посетата на армискиот вод кој е дел од силите на НАТО во Бугарија, во рамки на активностите на зголемена будност на Алијансата, воведени на вонредниот Самит на НАТО во Брисел во март 2022 година, по руската агресија во Украина. Целта на мисијата е гаранција на безбедноста на целата територија на Алијансата.

Во базата во Ново Село, министерката Петровска им се заблагодари на македонските, но и на бугарските и сите припадници на сојузничките армии кои се дел од мултинационалната група на НАТО во Бугарија за нивниот придонес кон безбедноста на НАТО.

„Чест и задоволство ми е што денеска заедно со мојот колега дојдовме тука да ги посетиме војниците од оваа група, меѓутоа исто така да им обрнеме особено внимание на нашите, на македонските и на бугарските војници. Особено ме радува и информацијата од брифингот кој го имавме од командантот, од успесите кои се забележани, од начинот на којшто двете армии во состав на оваа мултинационална сила заедно функционираат, заедно работат и се разбира заедно ги бранат интересите на НАТО алијансата“, рече министерката Петровска.

Министерката посочи дека сите политички одлуки кои беа донесени во рамките на Алијансата, во однос на безбедноста на НАТО алијансата, денеска војниците го спроведуваат тоа на дело.

„Уште повеќе ме радува што сите оние политички одлуки кои изминатиот период ги носевме во рамките на НАТО алијансата и како гаранција за мирот, безбедноста на секоја педа територија на земјите членки на Алијансата, војниците овде се подготвени тоа да го спроведат на дело. Секое едно вложување и инвестирање во нив значи инвестирање во нашата иднина и во нашата безбедност и затоа ја заслужуваат нашата поддршка“, подвлече министерката.

Бугарскиот министер за одбрана, Тагарев посочи дека во Ново Село со министерката Петровска беа сведоци на реалната примена на концептот за зголемена будност на НАТО и изградбата на мултинационалните борбени групи кои се елементи на капацитетот за одвраќање и одбрана на источното крило на НАТО.

„Овде, придонесуваат со војници седум земји, водечка земја е Италија со многу сериозен капацитет, но секој придонес на наш сојузник кон заштитата на НАТО и нашата територија е ценет, вклучително и на воените лица од Македонија. Јас сум многу благодарен што имам можност заедно со министерката Петровска да присуствуваме овде. Видовте воени лица од двете страни во еден строј, со знамињата, со почит еден кон друг“, рече бугарскиот министер.

Министерот Тагарев посочи дека војниците од двата контингенти одржуваат дневни контакти со кои се гради соработката и капацитетот заедно да ја гарантираме сигурноста на сојузот.

Македонскиот контингент во мултинационалните сили во Бугарија е во големина на еден вод. Во овие сили има над 1.000 припадници од сојузниците Македонија, Бугарија, Албанија, Грција, Црна Гора, Турција и САД, под водство на Италија.

притисни ентер