Казинс предложи да се воведат минути за тепачки меѓу играчите во НБА

Поранешниот центарот во НБА, Демаркус Казинс, смета дека на лигата и се потребни две минути паузи за тепачки.

- Да ја водам лигата, очигледно не би ми пречело двеминутни борби, како во хокејот. Ова ќе им даде на момците неколку минути да ги испразнат своите емоции. Мислам дека е спектакуларно и одлично за спортот - преживуваат само силните. Би било возбудливо. Сигурен сум дека тоа би го зголемило рејтингот на лигата, изјави казинс за „Run It Back“.

Триесет и четиригодишниот Американец играше во НБА од 2010 до 2022 година.

Казинс беше член на Сакраменто кингс, Голден Стејт вориорс, Њу Орлеанс, Хјустон рокетс, Лос Анџелес клиперс, Милвоки бакс и Денвер нагетс./МИА

Јанчев: Отворање на Центар наскоро, трајна цел ни е да нема бездомни кучиња во Вардарски регион

 Отворање на Центар наскоро, трајна цел ни е да нема бездомни кучиња во девет општини од Вардарски регион, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, во рамките на денешната 49 седница на Совет на Општина Кавадарци.

- Ќе имаме хумано третирање на бездомните кучиња во центарот. Тоа ќе биде континуиран процес за решавање на проблемот со кој се соочуваат сите општини. Истовремено истакнувам дека ги поддржувам реакциите на невладините организации против труење. Апелирам дека таквиот чин е недозволив и казнив. Апелирам исто така за одговорно сопствеништво, подвлече Јанчев.

Од Центарот истакнуваат дека програмата се базира на методата заловување, стерилизирање, вакцинирање и вдомување или враќање, востановена како единствена ефикасна стратегија и од страна на Светската здравствена организација.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалскиот натпревар Македонија - Летонија

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска поради одржување на меѓународниот фудбалски натпревар со почеток во 20:45 часот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Европарламентот усвои измени на Законот за дефорестација

Европскиот парламент денеска со 371 глас „за“, 240 „против“ и 30 „воздржани“ ги усвои измените на Регулативата на ЕУ за заштита на шумите од уништување, со кои се предвидува одлагање на стапувањето во сила на некои од нејзините одредби. 

Првично беше предвидено примената на овие одредби да важи од крајот на годинава, но сега тие за големите и средни компании ќе стапат во сила од 30 декември 2025 година, а за микро и малите претпријатија од 30 јуни 2026 година.

Законот за дефорестација има за цел да гарантира дека производите што се продаваат во ЕУ не се добиени со обесшумување на земјиште. Измените беа предложени по скратена постапка, откако некои членки на ЕУ, изразија загриженост дека земјите кои не се членки на Унијата, како и некои трговци и оператори не ќе може да ги почитуваат овие правила доколку тие почнат да се применуваат од крајот на 2024 година.

Се проценува дека дополнителното време што им се дава на компаниите ширум светот со одлагањето на целосната примената на Регулативата, ќе спречи непречено спроведување на нејзините правила од самиот почеток без поткопување на целите на законот.

Европратениците усвоија и неколку други амандмани на Регулативата предложени од политичките групи, со кои се воспоставува нова категорија земји „кои не претставуваат ризик“ за уништување на шумите, покрај веќе постојните три категории на држави од „низок“, „стандарден“ и „висок“ ризик за дефорестација. Земјите како ќе бидат дефинирани како „без ризик“ за уништување на шумските површини, би се соочиле со значително помалку строги барања. Комисијата е задолжена оваа класификација да ја заврши до 30 јуни 2025 година.

За да стапат во сила, денеска усвоените измени во ЕП ќе треба да бидат одобрени и од Советот на ЕУ.

Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) проценува дека во периодот меѓу 1990 и 2020 година биле уништени 420 милиони хектари шума, површина што е поголема од територијата на ЕУ. Според проценките, производите што се продаваат во ЕУ „се одговорни“ за околу 10 отсто од глобалното уништување на шумите. Над две третини од ова отпаѓа на палминото масло и сојата.

Регулативата за заштита на шумите од уништување, која стапи во сила на 29 јуни 2023 година, има за цел да ја зајакне борбата против климатските промени и загубата на биодиверзитетот преку спречување на уништувањето на шумите, поврзано со потрошувачката на производи од какао, кафе, палмово масло, соја, дрво, гума, јаглен и хартија.

притисни ентер