Канал 5 ТВ на своите македонски сограѓани Албанци им го честита празникот на азбуката

Како што е и редот и познат македонски обичај и традиција, денес треба сите жители на Македонија да бидеме горди на овој голем ден за македонските Албанци, наши сограѓани , за нивниот посебен ден и празник - Ден на Албанската Азбука

Овој историскиот ден е поврзан со Битолскиот конгрес одржан на 22 ноември 1908 г. кога било унифицирано писмото на Албанците.
Албанците ширум Балканот и светот го сметаат овој ден за императивен момент од нивниот културен , политички, образовен и научен живот.

На 14 ноември 1908 година во Битола бил свикан Битолскиот конгрес со цел да се создаде унифицирана азбука која ќе биде и почеток на албанската литература. На конгресот присуствувале 150 делегати, кои дошле од Албанија, како и од албанските заедници во Романија, Италија, Грција, Турција, Египет, Америка итн. Претседател на Конгресот бил албанскиот дипломат, писател и политичар Митхат Фрашери.

Привршува уредувањето на просторот околу Спомен-костурницата од НОВ кај Велес

Градежните активности за партерно уредување на Спомен-костурницата од Народноослободителната војна кај Велес се во финална фаза, информирмира градоначалникот на Велес Марко Колев.

Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

-Со завршувањето на овој проект велешани и сите посетители ќе имаат уште едно модерно уредено катче за одмор и релаксација. Просторот околу Спомен-костурницата го добива својот нов лик, потенцира градоначалникот Колев.

Спомен-костурницата од НОВ е место каде почиваат стотина загинати борци во текот на НОВ од Велес и Велешко, меѓу нив и поетот и револуционер Коста Солев Рацин. Таа е репрезент на градот и култно место за граѓаните на Велес, најпосетувано место од домашни и странски туристи. Место каде се прават многу културни манифестации, меѓу кои и Рациновите средби и се снимаат музички спотови и се прават перформанси.

Неговата околина е и омилено место за одмор и рекреација на жителите од овој дел на Велес и сите велешани, посебно во долгите топли денови.

Србија: Горан Весиќ во притвор започна штрајк со глад

Српскиот министер во заминување Горан Весиќ, кој од вчера е во притвор, почна штрајк со глад, пренесува српскиот весник „Политика“.

Вишото обвинителство во Нови Сад вчера нареди апсење на 13 лица поради трагедијата на Главната железничка станица на 1 ноември во тој град, а меѓу уапсените се и досегашниот министер за градежништво и инфраструктура Горан Весиќ, в.д директор на „Српска Железничка инфраструктура“ Јелена Танасковиќ и Анита Димоски, в. д. помошник министер за железница и интермодален транспорт.

По веста дека е уапсен, се огласи и самиот Весиќ кој рече дека доброволно одговорил на повикот на полицијата.

„Не сум уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад. Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани. Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот“, рече Весиќ.

Таравари: Проблемот со недостигот на специјалисти во одредени болници е наследен

Откако ДСЗИ ја казни детската клиника и директорот реџеп мемеди со 5.200 евра.

Поради недоследности во делот на дежурање на специјализанти без специјалист и несоодветно пополнет лекарски извештај. Министерот за здравство Таравари објасни дека проблемот со недостиг на специјалисти во одредени области е стар, а за неправилно водење на медицинска документација треба да има казна за докторот кој не постапил правилно.

притисни ентер