Камбоџа се повлече од договорот за регионален развој

 Камбоџанскиот премиер Хун Манет ја повлекува својата земја од развојниот договор со соседните Виетнам и Лаос по поплаките дека тоа е во корист на странските интереси.

Критичарите на социјалните мрежи се фокусираа на концесиите за земјиште во пограничните области, особено со Виетнам, многу чувствително прашање поради историскиот антагонизам на Камбоџа кон нејзиниот поголем источен сосед.

Властите уапсија најмалку 66 лица пред планираниот митинг во август за да се осуди областа на развојниот триаголник Камбоџа-Лаос-Виетнам.По веќето подоцна беа ослободени, но водачите се соочуваат со обвиненија.

Договорот, формализиран во 2004 година, имаше за цел да ја олесни трговијата и миграциската соработка во четирите североисточни провинции на Камбоџа и пограничните области во Лаос и Виетнам.

Хун Манет ги нарече групите кои се противат на договорот екстремисти и рече дека го користат ова прашање за да ја клеветат и нападнат владата и да ја збунат јавноста.

Норис ја освои пол-позицијата во Сингапур

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата на Големата награда на Сингапур.

Во квалификациите попладнево тој го извозе најбрзиот круг за 1 минута 29,525 секунди.

Возачот на Ред Бул и актуелен светски шампион Макс Верстапен имаше второто време (+0,203 секунди), додека трет беше Луис Хамилтон од Мерцедес (+0,316).

Пилотот на Ферари, Карлос Сајнц доживеа несреќа во третиот сегмент, па квалификациите беа во прекин со црвени знамиња. Шпанецот не доби време и заврши на 10. место. Шарл Леклер го ресетираше времето на кругот поради прекршување на границите на патеката во вториот свиок, заврши 9-ти.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Сингапур ќе се вози утре со почеток во 14 часот.

Фото: Холивудска убавица во необичен фустан за црвениот тепих

Холивудската заводничка, актерката Скарлет Јохансон присуствуваше на промоцијата на нејзиниот нов филм „Transformers One“ во Лондон.

На лондонската промоција на нејзиниот нов филм „Transformers One“, во кој игра со Крис Хемсворт, убавата Скарлет Јохансон се појави во прекрасен фустан без прерамки и покажа зошто е една од најбараните холивудски актерки.

Една од омилените холивудски ѕвезди за оваа промоција носеше фустан во најпопуларната боја - бордо, а нејзината шминка се совпадна со овој аутфит, а имаше „зачадени“ очи и нагласени усни.

Градоначалникот на Минхен официјално го отвори овогодинешниот „Октоберфест“

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер денеска го отвори годинешното издание на најголемиот фестивал на пивото во светот - Октоберфест, јави ДПА.

Тој го отвори првото буре пиво напладне по локално време. Тоа значи дека пенестата течност сега може слободно да се точи во многуте шатори што се поставени.

Годинава се очекуваат до шест милиони посетители на Октоберфест, што ќе трае до 6 октомври.

„Ќе го направиме Октоберфест што е можно побезбеден“, вети градоначалникот Дитер Рајтер за 189-тото издание на фестивалот.

Со металните детектори кои ги прегледуваат посетителите на сите влезови на Октоберфест и повеќе камери за надзор, властите во Минхен не штедат напор да спречат каква било потенцијална опасност, јави ДПА.

притисни ентер