Јаневска: Во ученичките и студентските домови има сериозни индиции за криминал

Катастрофална е состојбата која ја затекнавме во поголем дел од ученичките и студентските домови, а создадена во време на претходната Влада. 

Во некои од домовите има сериозни индиции за криминал и ќе поведеме соодветни постапки за да се побара одговорност од досегашните директори, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

„Ќе го посочам студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, каде нема топла вода и храна, а вработените не земале плата, затоа што создаден е долг од 34 милиони денари. Но, спречивме целосен колапс, интервентно издвоивме 5 милиони денари, за да можат да се исплатат барем платите и да се обезбеди здравствено осигурување“, рече Јаневска, додавајќи дека и државниот ревизор констатирал доста забелешки за работењето на претходната Влада во делот на ученичкиот и студентскиот стандард.

„Откриен е и случај во кој директор на дом купувал пилешко месо на големо по цена од 570 денари за килограм, иако малопродажната цена во маркетите била 270 денари и децата повторно реагирале дека не добивале доволна количина на храна“, информираше министерката.

Потенцираше и дека се срами од условите кои ги видела во ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес, каде капацитетот од 300 легла е пополнет само со 100 студенти, затоа што најголем дел од собите се тотално руинирани, како и санитарните јазли.

„За 5 месеци направивме многу повеќе отколку претходната Влада за 7 години. Но, не може сé одеднаш. Продолжуваме да работиме во интерес на младите и за нив ќе обезбедуваме доволно средства“, рече Јаневска.

Министерство за образование и наука

Со рафали и метеж се славеше Денот на албанското знаме во Скопје (ВИДЕО)

Со рафални пукотници во центарот на Скопје вечерва се славеше Денот на албанското знаме.

Стотици возила попладнево го блокираа главниот град со развиорени албански знамиња, се славеше Денот на албанското знаме. На крстосницата кај Мавровка се слушаа рафални пукотници.

Претходно колона од стотина возила тргна од средно Водно и се движеше кон централното градско подрачје. Граѓаните кои се најдоа во овој дел од Скопје сведочат дека движењето во двата правци било целосно блокирано.

Трамп вечераше со Марк Закерберг- за што разговарал со сопственикот на Фејбук?

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг вчера го посетил Мар-а-Лаго, каде што се сретнал со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и членовите на неговата претстојна втора администрација.

Извршниот директор на Мета бил виден со силно обезбедување и бројни членови на персоналот додека престојувал во приватниот клуб на Трамп во Палм Бич вечерта, изјави извор за Политико.

На Фокс њуз, Стивен Милер, заменик-шефот на кабинетот на администрацијата на Трамп, го потврди извештајот за присуството на Закерберг, велејќи дека тој „јасно ја изразил својата желба да ги поддржи и да учествува во промените што ги гледаме низ Америка, ширум светот во ова реформско движење што го води Доналд Трамп“.

Портпаролот на Мета, исто така, ја потврди средбата, велејќи во изјавата дека Закерберг е „благодарен“ за поканата да му се придружи на Трамп на вечера и да се сретне со другите членови на претстојната администрација.

„Ова е важен момент за иднината на американските иновации“, изјави портпаролот на Мета.

Трамп јавно го критикуваше Закерберг во последниве години, осудувајќи ја неговата одлука да одвои стотици милиони долари за изборната инфраструктура во 2020 година, што Трамп го опиша како мешање во изборите. Тој постојано сугерираше дека Закерберг треба да заврши во затвор и се закани дека ќе го стори тоа доколку и оваа година инвестира слични суми во изборната инфраструктура.

Сепак, и двајцата во последните месеци навестија дека нивната врска се подобрува. Трамп на подкастот „Bussin' With The Boys“ во октомври рече дека се чувствува подобро во врска со Закерберг, нарекувајќи го „убаво“ што овој пат „останува надвор од изборите“ и му се заблагодари на Закерберг што му се јави по обидот за атентат на 13 јули во Батлер, Пенсилванија.

„Ќе видиме што ќе излезе од тоа“, изјави Милер за Фокс њуз за интересот на Закерберг да работи со Трамп.

„Марк очигледно има свои интереси, своја компанија и своја агенда, но јасно стави до знаење дека сака да ја поддржи националната обнова на Америка под водство на Трамп“, заклучи Милер.

Постигнат договор, приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај, ќе нема блокади

Наместо на блокади автобусите на приватните превозници в понеделник ќе се вратат во сообраќај..

Оваа одлука доага по договорот за повисоката цена за изминат километар кој е постигнат вечерва на средбата со советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје..

Ако утре не биде закажана вонредна седница на Советот, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат нејзино свикување..

притисни ентер