Јаневска: Во февруари идната година ќе се потпише нов колективен договор

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека Владата само симболично ги зголемила платите на наставниците, што било далеку од потребното. 

Постигнатиот договор за повисока плата на вработените во образованието за 5 %, која ќе ја добијат идниот месец, е најоптималната моженост која во моментов ја нуди буџетот, вели министерката за обрзавоание Весна Јаневска за Канал 5. Според неа преку партнерски дијалог по речеиси 3 месеци преговори била постигната заедничката цел со СОНК, вели и до оваа бројка од 5 % стигнале на многу тежок начин со оглед на тоа каков буџет затекнале. Очекува новиот колективен договор да биде потпишан во февруари идната година, а во него ќе биде вклучена и спогодбата за континуиран раст на платите во следните 4 години.

„ 3 ипол месеци постојано работиме на ова со СОНК за да најдеме заедничко решение, и во корист на наставниците и во корист на учениците за да не губат насатава. Ова беше партнерски дијалог и постигнавме заедничка цел. Ова е најоптимална моженост која ја нудди буџетот. Но тоа не значи дека во иднина наставниците и останатитот училишен персонал договроот важи за сите нема да добијат повисоки плати.“

Јаневска уверува следната година учениците ќе добијат учебници по странски јазици, а во однос на реформите во образованието, вели ги има многу, но клучни, според неа, сега се промената на делови од концепцијата, воведувањето на едносменска и целодневна настава, промена на матурата, и реорганизација на високото обрзаование.

„Со светска банка правиме анализа на вишокот на наставници и потребите на учиилиштата за инфрастурктура , значи доградба на училници или изградба на училишта што генерално се однесува на Скопје додека во дргуите места нема толкава потреба од сето тоа... “

Покачувањето на платите од само 5% од опозициската СДСМ го оценија како обид на власта за, како што велат, амортизација на незадоволството коешто постои. Првиот човек на партијата Венко Филипче вели власта не го почитува законот, па немасто законски предвидените 12, ги покачи платите за само 5%, што според него е недостоинствено решение и е далеку од потребното.

„Само 5 % и тоа под притисок на јавноста и нашата партија. Ова не е достоинствнео решение, ова е обид само да се смири револтот со симболично зголемување што е далеку од вистинската потреба за нашите наставници. “

По повеќе месечни преговори вчера Владата и СОНК постигнаа договор. Очекувањата на власта се дека до 2028 година година наставниците и професорите ќе имаа повисоки плати за минимум 46%. Следното покачување во март идната година ќе биде за 2 % поголемо, а во март 2026 и 2027 зголемувањето ќе биде помеѓу 7,5% и 10 %, а веќе во март 2028 година растот ќе изнесува од 10 до 12,5 %.

ИДФ: Во куќи на цивили во јужен Либан е пронајдено скриено оружје на Хезболах (ВИДЕО)

Израелските вооружени сили на ИДФ на југот на Либан открија десетици магацини со оружје скриени во куќи на цивили, соопшти денеска израелската армија.

Оружјето го откриле членовите на борбениот тим на 8-та бригада и елитната антитерористичка единица ЛОТАР што дејствува во јужен Либан, соопшти ИДФ, објави „Тајмс оф Израел“.

На снимката објавена од војската се гледаат магацини со минофрлачки гранати, мини, пушки калашникови, магацини и панцири.

ИДФ соопшти дека биле пронајдени и противтенковски ракети Корнет и дека ова оружје било наменето за елитните сили Радван на либанското движење Хезболах, кои се подготвуваат да го нападнат северниот дел на Израел.

Во соопштението се додава дека трупите кои ги пронајдоа складиштата со оружје, изведоа значителен број операции против Хамас во Газа во текот на изминатата година, како и дејствуваа како дел од 91-та дивизија на источното крило на копнените операции на ИДФ во јужен Либан.

Македонија со убедлива победа против Еременија од 2:0 среде Ереван

Македонските репрезентативци постигнаа голема пробеда од 2:0 против Еременија во Ереван во 4. коло од Групата 4 во Ц-Лигата на УЕФА.

Македонската фудбалска репрезентација ја совлада вечерва Ерменија во Ереван со 2-0 (0-0) и со трите бодови го обезбеди првото место во групата Ц4 и пласманот во Б дивизијата во Лигата на нации од следната сезона.

Победата, трета во серија за избраниците на селекторот Благоја Милески, ја навести Бојан Миовски со прекрасен гол во 72 минута, а ја потврди Исник Алими во 85 минута.

Македонија уште на самиот почеток на дуелот на стадионот „Варгзен Саргсјан“ ја затресе противничката мрежа, но голот на Никола Серафимов беше поништен од ВАР собата поради милиметарски офсајд.

Ерменија во продолжението доминираше на теренот, но не реализираше неколку идеални шанси за гол.

Македонија воспостави контрола врз играта на средина на вториот дел, а откако Дарко Велковски пропушти идеална шанса за гол по слободниот удар на Енис Барди во 70 минута, Миовски набрзо донесе водство, а Алими стави печат на победата.

Македонската репрезентација води на табелата со 10 бодови од четири натпревари, пред Ерменија со четири бодови. Летонија е третопласирана со три, а Фарски острови се на последното место со два бодови пред нивниот меѓусебен дуел вечерва од 20:45 часот.

Двата завршни дуели во рамки на групата Ц4 избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги одиграат идниот месец во Скопје, против Летонија на 14 и против Фарски Острови на 17 ноември.

Се запали хотел во бања во Италија, евакуирани се 270 гости, десетици се во болница(ВИДЕО)

Повеќе од 270 гости се евакуирани од хотел во северниот италијански град Абано Терме во близина на Падова, откако избувна пожар во текот на ноќта.

Се вели дека околу 40 луѓе се јавиле на 911 и биле пренесени во болница поради вдишување чад, јави италијанската новинска агенција АНСА. Хотелот е целосно евакуиран, а пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот пред зори, јави новинската агенција.

Според првите информации на пожарникарите, пожарот избувнал во техничката соба на вториот кат од хотелот, а за кратко време се создал изобилен чад кој се проширил низ целата зграда. Тричлено семејство со мало дете првично биле заробени во нивната соба на шестиот кат, но биле спасени со помош на скала извлечена од противпожарно возило, соопштија пожарникарите.

@triestecafe ABANO TERME, INCENDIO IN UN VANO TECNICO DI UN HOTEL, 273 PERSONE EVACUATE 40 IN PRONTO SOCCORSO PER AVERE RESPIRATO DEL FUMO. Mezz’ora dopo la mezzanotte, i vigili del fuoco sono intervenuti presso l’hotel Alexander di Via Ungheria ad Abano Terme per un incendio divampato in un vano tecnico al secondo piano, il quale ha prodotto del fumo che ha invaso l’intera struttura con 273 ospiti. Una quarantina di persone hanno ricorso alle cure del pronto soccorso per avere respirato del fumo. I vigili del fuoco arrivati nell’immediatezza da Abano e a seguire da Padova, Piove di Sacco, Rovigo e con i volontari i Borgoricco con circa 30 operatori e 9 automezzi, tra cui due autoscale e una piattaforma aerea, hanno subito spento le fiamme ed evacuato del tutto la struttura con ancora molti ospiti all’interno. Una famiglia di tre persone con un bambino piccolo rimasti bloccati al sesto piano sono stati tratti in salvo e portati a terra con l’autoscala. Le persone intossicate dal fumo sono state assistite dal personale del Suem arrivato sul posto con più ambulanze, diversi ospiti si sono recati autonomamente al pronto soccorso del vicino ospedale. Tutti gli ospiti sono stati assistiti con generi di conforto e riposizionati su altre strutture alberghiere della zona. I vigili del fuoco hanno provveduto al recupero dei beni degli ospiti. Le cause dell’incendio sono al vaglio dei tecnici dei vigili del fuoco. Le operazioni di soccorso sono terminate alle 7:30 con il rientro di tutte le squadre nelle proprie sedi di servizio. #triestegrandeamore #triestesegreta #triestemia #vivotrieste #triestecity #trieste #triesteitaly #triesteshopping #triesteitaly #triesteguida #triestecafe #triestebynight #trieste_photogroup #triesteincartolina #triestefood #triestelive #triestecentro #triestesalario #trieste_street #fvgcafe #triestecittà ♬ suono originale - Trieste Cafe

Абано Терме е популарно здравствено одморалиште каде живеат 20.000 луѓе. Сместен во близина на ридовите Еуган, кои се познати по изворите на термална вода, а градот привлекува многу туристи.

притисни ентер