Брус Вилис е снимен како го возат во автомобил, обожувателите потресени од фотографиите

Брус Вилис ретко се појавува во јавноста откако му е дијагностицирана афазија, јазично нарушување, во 2022 година, а потоа премина во фронтотемпорална деменција.

Единствениот пат кога обожавателите добиваат шанса да го видат е кога папараците ќе го фатат додека го возат низ Калифорнија. Деновиве тој се релаксираше со својот телохранител на возење низ Лос Анџелес.

Брус седеше на совозачкото седиште и имаше тажен израз на лицето.

Секоја нова фотографија на познатиот актер ги растажува неговите обожаватели бидејќи се навикнати да го гледаат насмеан.

Семејството на Брус Вилис редовно известува за неговата состојба. Неговата ќерка Талула Вилис рече дека Брус „се чувствува исто, што е добро во неговата ситуација“. „Нашите посети имаат толку многу љубов и мислам дека тоа надминува сè“, додаде таа. Иако состојбата на Брус била тешка за целото семејство, Талула вели дека тоа „создаде можност за повеќе љубов меѓу нив“.

За состојбата на Брус проговори и неговата поранешна сопруга Деми Мур, со која има три ќерки Румер, Скаут и Талула. „Имајќи ги предвид сите работи, стабилно е“, рече таа.

Тоа е редок вид на деменција што предизвикува проблеми со однесувањето и говорот. Понекогаш се нарекува Пикова болест или деменција на фронталниот лобус. Првите видливи симптоми се промени во личноста и однесувањето и тешкотии во зборувањето. Овој тип на деменција се однесува на фронталниот и темпоралниот лобус на мозокот, каде што се јавува оштетување поради болеста. Не е познато што го предизвикува, но често има генетска компонента.

Герасимовски: Во среда македонски евергрини на „Џез под ламба“ кај Италијанска амбасада

Општина Центар, информира дека и годинава, во среда, 25 декември со почеток во 19.00 часот ќе се одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада.

Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека на овој настан граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез верзија на македонските евергрини од Искра Србиновска квартет, но и да пробаат греано вино и печени костени.

„Во среда ги слушаме омилените македонски евергрини во џез верзија. Ги повикувам сите граѓани кои сакаат да слушнат добра македонска музика да дојдат и заеднички да го прославиме нашиот културен идентитет и да уживаме во музиката во пресрет на новогодишните празници. Се гледаме на македонски џез“, порачува Герасимовски.

Настанот „Џез под ламба“ е во организација на Општина Центар, а во соработка со МГ Мјузик продукција.

Општина Центар

Минута молк на натпреварите во Германија

Германската фудбалска лига побара од клубовите да одржат едноминутно молчење пред почетокот на натпреварите во Бундеслигата и втората лига викендов, во знак на почит кон жртвите на нападот на божиќниот пазар во Магдебург.

Бундеслигата, исто така, соопшти дека играчите мора да носат црни ленти на рацете, пренесува агенција ДПА.

Најмалку пет лица загинаа, а над 200 се повредени откако маж влета со автомобил на божиќен пазар во германскиот град Магдебург во петокот вечер. Возачот на автомобилот е уапсен од полицијата.

Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за внатрешни работи Радовиш, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштението, началникот пријавил дека во службени простории на полициската станица инспекторот агресивно се однесувал кон пријавителот, кој извршувал службени задачи, а во еден момент и физички го нападнал, нанесувајќи му телесни повреди.

Во соопштението се додава дека за настанот биле запознати началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и јавен обвинител, по чии насоки биле преземени мерки за расчистување на случајот, а по целосно документирање на случајот против Б.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер