Во рамките на велешката „Питијада“ се одржа и рекреативна велосипедска тура

Во рамките на „Питијадата“ 2024 денеска се одржа 11 по ред Рекреативна велосипедска тура „Велес МТВ TOUR 2024 која ја  организира Здружението „Велес Бајкиг,во која настапија повеќе рекреативци од сите возрасти.

Стартот беше кај Винарија Шато Сопот Македонија.

„Одлично расположение и на третиот ден од велешка ПИТИЈАДА!

Велосипедистите го искористија убавото време и возеа на рекреативната велосипедска тура "Велес MTB Tour 2024" која по 11ти пат во организација на Велес Бајкинг тргна од винаријата Шато Сопот.

Детскиот хор Поточиња ги разигра и распеа најмалите кои во огромен број дојдоа и се забавуваа заедно со Поки.

Програмата продолжува вечерва во 18:00 часот со Огнен Здравковски, Благоја Грујоски, Елена Ристеска и САРС.

Ве очекуваме на гурманска симфонија од вкусови!“, објави на ФБ градоначалникот МаркоКолев.

Во забавниот дел на „Питијадата“ денеска на бината кај Гимназија настапија децата пеачи од Детскиот фестивал „Поточиња“.

Вечерва во 18 часот на бината на „Питијадата“ 2024 ќе пее Огнен Здравковски веднаш потоа од 19.30 популарниот македонскиот пејач на народни песни Благоја Грујовски, во 21.15 часот ќе настапи и популарната Елена Ристеска. На крај на третата и последна вечер и програмата на годинашната „Питијада“ 2024 во 23 часот ќе настапи и групата „С.А.Р.С.

Во рамки на програмата на годинашната „Питијадата“ 2024 од 11 до 13 октомври, сите три дена на влезот кај Гимназијата се одржува и Саемот на рачни изработки.

Синоќа пред неколку илјадната публика кај бината кај Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес во рамките на „Питијада“ 2024 концерт одржа популарната српска музичка ѕвезда Саша Ковачевиќ. Освен од Велес имаше и гости од повеќе градови и населени места во земјава кои вчера беа во Велес на оваа традиционална манифестација да се угостат со вкусна велешка пита пастрмајлија и се напијат квалитетни вина, а голем дел од нив потоа останаа и вечерта да ја проследат богатата музичка програма. Во програмата синоќа настапија Спасен Силјановски, Александра Јанев, Мики Секуловски.

Момент од кој замрзнува крвта: Магионичар за време на вежба паѓа од меч долг 2 метри (ВИДЕО)

Снимен е страшниот момент кога магионичар паднал од врвот на меч.

Џејми Дохерти, член на илузионистичкото дуо Џеј и Џос, падна со лицето на под и за момент бил онесвестен додека вежбал трик со својот партнер. Џеј (30) требало да балансира на врвот на меч додека Џос, кој е негов сопруг, го свртел, пишува Дејли Мејл.

Магионичарот роден во Кетеринг, сепак, ненадејно се лизнал и удри од 2 метри на дрвениот под од студиото. Џеј за среќа се извлекол само со огромно црно око и со помодрен грб.

Илузионистичкото дуо ја вежбале својата точка пред престижниот сценски натпревар The Magic Circle кој привлече публика во која беа Дарен Браун и Деби Мекги.

Џеј, кој имаше намера да ја изведе точката со мечот, во последен момент се предомисли.

-Публиката сигурно беше збунета, но да знаеја што се случи само една недела претходно, сигурен сум дека ќе разбраа. Ние ги изградивме нашите кариери на поместување на границите, но на крајот на денот, безбедноста на мојот сопруг е на прво место. Луѓето често мислат дека илузиите се само маскирани трикови, но многу од нашите акробации се всушност опасни. Засега таа точка ќе остане надвор од сцената. Ќе ја вратиме ли? Кој знае – изјави Џос.

Старец со нож нападна 7- годишно девојче во Чикаго, зашто имала арапско потекло (ВИДЕО)

Седумдесет и тригодишен маж со нож нападнал седумгодишно арапско-муслиманско девојче во парк во Детроит, Мичиген, а активистите веруваат дека станува збор за злосторство од омраза.

Нападот се случил оваа недела, а Гери Лански е обвинет за тежок напад со намера за убиство, објави Си-Би-Ес.

Седумгодишната Саида Машрах вели дека има кошмари по нападот, наведувајќи дека додека си играла со други деца во паркот, непознат маж ѝ пришол и длабоко ѝ го пресекол грлото со џепен нож.

Саида рече дека потоа го удрила напаѓачот, побегнала дома и со брза помош била пренесена во болница. За една недела ќе ѝ бидат отстранети 20 конци на вратот.

Раководството на Советот за американско-исламски односи (CAIR-MI) во Мичиген соопшти дека верува дека случајот треба да се истражи како злосторство од омраза.

Мајката на Саида, исто така, верува дека тоа можеби е злосторство од омраза. Канцеларијата на окружниот обвинител соопшти дека во моментов нема докази за злосторство од омраза.

Следното рочиште за тој предмет е закажано за 16 октомври.

ОН: Израел со тенкови ја проби вратата од базата на нашите мировни сили на југот на Либан

Обединетите нации денеска соопштија дека израелски тенкови ги пробиле вратите на базата во јужен Либан каде се стационирани мировници.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно ги повика ОН да ги евакуираат припадниците на мировните сили (УНИФИЛ) од областите во Либан каде што продолжуваат конфликтите.

Неколку часа подоцна, силите пријавија дополнително израелско кршење на договорот, што се однесува на насилно кршење и влегување на тенкови низ вратата на воената база.

„Дојде време да се повлече УНИФИЛ од упориштата на Хезболах и од конфликтните зони“, му рече Нетанјаху на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Израелските одбранбени сили го побараа тоа неколку пати, но со оглед на тоа што тие постојано беа одбиени, војниците последователно станаа жив штит за терористите на Хезболах“, додаде тој.

Милитантната група Хезболах, поддржана од Иран, ги негира израелските обвинувања дека ја користи близината на мировниците за своја заштита.

Петмина мировници беа ранети во последните денови во серија напади насочени кон позициите и персоналот на мировниците, а УНИФИЛ ги обвини израелските воени сили за повеќето напади.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони, една од најгласните поддржувачи на Израел меѓу западноевропските лидери, денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Нетанјаху и ги осуди израелските напади.

Во силите на УНИФИЛ, кои се состојат од 10.000 војници, Италија учествува со повеќе од илјада. Заедно со Италија, речиси 700 војници во УНИФИЛ имаат Франција и Шпанија, членки на ЕУ, кои исто така ги осудија израелските напади.

Израелските власти велат дека УНИФИЛ не ја исполнил резолуцијата 1701 на ОН донесена по војната во 2006 година, која бараше пограничната област на јужен Либан да биде ослободена од оружје и воени сили, освен либанските државни трупи.

притисни ентер