Барселона бара Јамал да не игра против Србија

Ламин Јамал (17) неодамна се здобил со неколку полесни повреди.

Така тој стартувал од клупата против Осасуна на Барселона, а се здоби со полесна повреда на натпреварот меѓу Шпанија и Данска (1:0). Во Барселона стравуваат што би можело да му се случи ако во вторник игра против Србија.

Тој натпревар се игра во рамките на 4.коло од Лигата на нации, кое Шпанија го пречекува како водечка селекција во групата со сооднос од две победи, против Швајцарија 4:1 и против Данска 1:0, и реми без голови со Србија од 1. коло. Јамал ќе биде прегледан од медицинската служба на репрезентацијата, по што ќе биде донесена одлука за неговиот настап. Барса воопшто не сака да ризикува и побарале резерва за тинејџерот и негово враќање во Каталонија.

Офанзивниот играч на Барса, да потсетиме, веќе е европски првак со шпанската репрезентација и шпански првак со клубот, а неговиот придонес беше голем и во двата тие успеси. На натпреварите на Европското првенство, кои ги започна како 16-годишник, а пред финалето го прослави 17. роденден, постигна гол во полуфиналето против Франција и подели четири асистенции.

Тој асистираше за голови во групата против Хрватска, во осминафиналето против Грузија, во осминафиналето против Германија, а потоа и во финалето против Англија. На 17 натпревари за репрезентацијата постигна три и асистираше девет гола.

Момент од кој замрзнува крвта: Магионичар за време на вежба паѓа од меч долг 2 метри (ВИДЕО)

Снимен е страшниот момент кога магионичар паднал од врвот на меч.

Џејми Дохерти, член на илузионистичкото дуо Џеј и Џос, падна со лицето на под и за момент бил онесвестен додека вежбал трик со својот партнер. Џеј (30) требало да балансира на врвот на меч додека Џос, кој е негов сопруг, го свртел, пишува Дејли Мејл.

Магионичарот роден во Кетеринг, сепак, ненадејно се лизнал и удри од 2 метри на дрвениот под од студиото. Џеј за среќа се извлекол само со огромно црно око и со помодрен грб.

Илузионистичкото дуо ја вежбале својата точка пред престижниот сценски натпревар The Magic Circle кој привлече публика во која беа Дарен Браун и Деби Мекги.

Џеј, кој имаше намера да ја изведе точката со мечот, во последен момент се предомисли.

-Публиката сигурно беше збунета, но да знаеја што се случи само една недела претходно, сигурен сум дека ќе разбраа. Ние ги изградивме нашите кариери на поместување на границите, но на крајот на денот, безбедноста на мојот сопруг е на прво место. Луѓето често мислат дека илузиите се само маскирани трикови, но многу од нашите акробации се всушност опасни. Засега таа точка ќе остане надвор од сцената. Ќе ја вратиме ли? Кој знае – изјави Џос.

Старец со нож нападна 7- годишно девојче во Чикаго, зашто имала арапско потекло (ВИДЕО)

Седумдесет и тригодишен маж со нож нападнал седумгодишно арапско-муслиманско девојче во парк во Детроит, Мичиген, а активистите веруваат дека станува збор за злосторство од омраза.

Нападот се случил оваа недела, а Гери Лански е обвинет за тежок напад со намера за убиство, објави Си-Би-Ес.

Седумгодишната Саида Машрах вели дека има кошмари по нападот, наведувајќи дека додека си играла со други деца во паркот, непознат маж ѝ пришол и длабоко ѝ го пресекол грлото со џепен нож.

Саида рече дека потоа го удрила напаѓачот, побегнала дома и со брза помош била пренесена во болница. За една недела ќе ѝ бидат отстранети 20 конци на вратот.

Раководството на Советот за американско-исламски односи (CAIR-MI) во Мичиген соопшти дека верува дека случајот треба да се истражи како злосторство од омраза.

Мајката на Саида, исто така, верува дека тоа можеби е злосторство од омраза. Канцеларијата на окружниот обвинител соопшти дека во моментов нема докази за злосторство од омраза.

Следното рочиште за тој предмет е закажано за 16 октомври.

ОН: Израел со тенкови ја проби вратата од базата на нашите мировни сили на југот на Либан

Обединетите нации денеска соопштија дека израелски тенкови ги пробиле вратите на базата во јужен Либан каде се стационирани мировници.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно ги повика ОН да ги евакуираат припадниците на мировните сили (УНИФИЛ) од областите во Либан каде што продолжуваат конфликтите.

Неколку часа подоцна, силите пријавија дополнително израелско кршење на договорот, што се однесува на насилно кршење и влегување на тенкови низ вратата на воената база.

„Дојде време да се повлече УНИФИЛ од упориштата на Хезболах и од конфликтните зони“, му рече Нетанјаху на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Израелските одбранбени сили го побараа тоа неколку пати, но со оглед на тоа што тие постојано беа одбиени, војниците последователно станаа жив штит за терористите на Хезболах“, додаде тој.

Милитантната група Хезболах, поддржана од Иран, ги негира израелските обвинувања дека ја користи близината на мировниците за своја заштита.

Петмина мировници беа ранети во последните денови во серија напади насочени кон позициите и персоналот на мировниците, а УНИФИЛ ги обвини израелските воени сили за повеќето напади.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони, една од најгласните поддржувачи на Израел меѓу западноевропските лидери, денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Нетанјаху и ги осуди израелските напади.

Во силите на УНИФИЛ, кои се состојат од 10.000 војници, Италија учествува со повеќе од илјада. Заедно со Италија, речиси 700 војници во УНИФИЛ имаат Франција и Шпанија, членки на ЕУ, кои исто така ги осудија израелските напади.

Израелските власти велат дека УНИФИЛ не ја исполнил резолуцијата 1701 на ОН донесена по војната во 2006 година, која бараше пограничната област на јужен Либан да биде ослободена од оружје и воени сили, освен либанските државни трупи.

притисни ентер