Златан Ибрахимовиќ ги шокира фановите - расечена му е главата

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ и во текот на својата играчка кариера важеше за многу „палаво“ момче, а очигледно и сега како директор во својот Милан има одредени проблеми, што можеше да се види преку неговиот Инстаграм профил.

Златан Ибрахимовиќ се повлече од играчкиот свет, но остана во фудбалот, бидејќи фудбалот е дел од него. Сепак, со последната објава на својот Инстаграм профил прилично ги шокираше своите фанови и сите оние кои го следат.

Ибра сподели две фотографии од кои на првата се гледа крвава глава, додека на втората се конците кои ги добил на задниот дел од главата.

Тој остави опис со фотографиите.

- Сето тоа е дел од играта...

Сепак, се уште не е познато како дошло до повредата, ниту за што точно се работи.

Момент од кој замрзнува крвта: Магионичар за време на вежба паѓа од меч долг 2 метри (ВИДЕО)

Снимен е страшниот момент кога магионичар паднал од врвот на меч.

Џејми Дохерти, член на илузионистичкото дуо Џеј и Џос, падна со лицето на под и за момент бил онесвестен додека вежбал трик со својот партнер. Џеј (30) требало да балансира на врвот на меч додека Џос, кој е негов сопруг, го свртел, пишува Дејли Мејл.

Магионичарот роден во Кетеринг, сепак, ненадејно се лизнал и удри од 2 метри на дрвениот под од студиото. Џеј за среќа се извлекол само со огромно црно око и со помодрен грб.

Илузионистичкото дуо ја вежбале својата точка пред престижниот сценски натпревар The Magic Circle кој привлече публика во која беа Дарен Браун и Деби Мекги.

Џеј, кој имаше намера да ја изведе точката со мечот, во последен момент се предомисли.

-Публиката сигурно беше збунета, но да знаеја што се случи само една недела претходно, сигурен сум дека ќе разбраа. Ние ги изградивме нашите кариери на поместување на границите, но на крајот на денот, безбедноста на мојот сопруг е на прво место. Луѓето често мислат дека илузиите се само маскирани трикови, но многу од нашите акробации се всушност опасни. Засега таа точка ќе остане надвор од сцената. Ќе ја вратиме ли? Кој знае – изјави Џос.

Старец со нож нападна 7- годишно девојче во Чикаго, зашто имала арапско потекло (ВИДЕО)

Седумдесет и тригодишен маж со нож нападнал седумгодишно арапско-муслиманско девојче во парк во Детроит, Мичиген, а активистите веруваат дека станува збор за злосторство од омраза.

Нападот се случил оваа недела, а Гери Лански е обвинет за тежок напад со намера за убиство, објави Си-Би-Ес.

Седумгодишната Саида Машрах вели дека има кошмари по нападот, наведувајќи дека додека си играла со други деца во паркот, непознат маж ѝ пришол и длабоко ѝ го пресекол грлото со џепен нож.

Саида рече дека потоа го удрила напаѓачот, побегнала дома и со брза помош била пренесена во болница. За една недела ќе ѝ бидат отстранети 20 конци на вратот.

Раководството на Советот за американско-исламски односи (CAIR-MI) во Мичиген соопшти дека верува дека случајот треба да се истражи како злосторство од омраза.

Мајката на Саида, исто така, верува дека тоа можеби е злосторство од омраза. Канцеларијата на окружниот обвинител соопшти дека во моментов нема докази за злосторство од омраза.

Следното рочиште за тој предмет е закажано за 16 октомври.

ОН: Израел со тенкови ја проби вратата од базата на нашите мировни сили на југот на Либан

Обединетите нации денеска соопштија дека израелски тенкови ги пробиле вратите на базата во јужен Либан каде се стационирани мировници.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно ги повика ОН да ги евакуираат припадниците на мировните сили (УНИФИЛ) од областите во Либан каде што продолжуваат конфликтите.

Неколку часа подоцна, силите пријавија дополнително израелско кршење на договорот, што се однесува на насилно кршење и влегување на тенкови низ вратата на воената база.

„Дојде време да се повлече УНИФИЛ од упориштата на Хезболах и од конфликтните зони“, му рече Нетанјаху на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Израелските одбранбени сили го побараа тоа неколку пати, но со оглед на тоа што тие постојано беа одбиени, војниците последователно станаа жив штит за терористите на Хезболах“, додаде тој.

Милитантната група Хезболах, поддржана од Иран, ги негира израелските обвинувања дека ја користи близината на мировниците за своја заштита.

Петмина мировници беа ранети во последните денови во серија напади насочени кон позициите и персоналот на мировниците, а УНИФИЛ ги обвини израелските воени сили за повеќето напади.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони, една од најгласните поддржувачи на Израел меѓу западноевропските лидери, денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Нетанјаху и ги осуди израелските напади.

Во силите на УНИФИЛ, кои се состојат од 10.000 војници, Италија учествува со повеќе од илјада. Заедно со Италија, речиси 700 војници во УНИФИЛ имаат Франција и Шпанија, членки на ЕУ, кои исто така ги осудија израелските напади.

Израелските власти велат дека УНИФИЛ не ја исполнил резолуцијата 1701 на ОН донесена по војната во 2006 година, која бараше пограничната област на јужен Либан да биде ослободена од оружје и воени сили, освен либанските државни трупи.

притисни ентер