Јаневска најави затворање на два института поради нерегуларности

Чешлањето на универзитетите и инситутите, особено оние приватните од страна на МОН веќе резултираше со затворање на приватниот факултет за Бизнис економија во Скопје, како и на тетовскиот институт за мода Фешн Дизајн од Тетово. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Закани по живот за виципремиерот Фетаи

Закани по животот завчера пристигнале на службениот маил на вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи.

Тој пораката со заканите за негова ликвидација испратена од протон маил со име „Јидаке“ ја сподели на социјалните мрежи, а смета дека истата е поттикната од неговата завчерашна изјава за промена на формулацијата во Уставот „јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните со албански јазик“. Вицепремиерот веднаш по пристугнувањето на маилот, лично го известил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од кого побарал постапување, но и да се зголемат мерките за негова безбедност.

-Не можам да останам рамнодушен на овие закани. Го извисетив лично министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, барајќи акција и зголемување на мерките за мојата лична безбедност. Тужбата е во подготовка, заканувачите и екстремистите мора да добијат одговор кој го заслужуват, затвор според постоечките закони. – Напиша Фетаи на својот фејсбук профил.

Според информациите МВР во меѓувреме веќе работат на случајот, односно одделението за компјутерски криминал се обидува да истражи кој стои позади заканата која е испратена од протон-маил кој е тежок за лоцирање. Сепак, повеќе детали за истрагата засега од МВР не откриваат, освен дека за случајот се постапува согласно процедурите за откривање на заканувачот.

Во соопштението од кабинетот на вицепремиерот исто така посочија оти Фетаи заканувачите ги сметал за лица со племенски ментален склоп, а како коалиција Вреди, се наведува нема да бидат спречени во преземените заложби пред граѓаните. Албанскиот јазик, велат, не загрозува никого, туку посочуваат дека е богатство и средство за комуникација.

Седумдесет и осум лица сè уште се водат како исчезнати во поплавите во Шпанија

Десет дена по катастрофалните поплави во Валенсија, Шпанија, 78 луѓе уште се водат како исчезнати, објави Владата на платформата Икс.

Претходната бројка на исчезнати лица во поплавите изнесуваше 93. Додека според официјалните бројки на загинати е 219 луѓе. Во областа Валенсија откриени се 211 луѓе, а уште осум безживотни тела се пронајдени во соседните области Кастилија-Ла Манча и во Андалузија.

Невремето продолжува, така што синоќа обилниот дожд предизвика поплави во Каталонија и на островот Мајорка./МИА

Минчев се сретна со претставници на МАТТО

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со претставници на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во насока на реформите во јавната администрација.

Средбата ја потврди заложбата на Министерството за јавна администрација за креирање поефикасна и транспарентна администрација која ќе го поддржи деловниот сектор и ќе придонесе кон подобрување на инвестиционата клима во Република Македонија.

Министерот Минчев истакна дека реформата на јавната администрација е стратешки приоритет на Владата и нагласи дека тесната соработка со стопанските комори, вклучувајќи ја и МАТТО, е клучна за создавање на модерна и инклузивна административна рамка.

Тој нагласи дека Министерството е подготвено да ги имплементира најдобрите практики и да спроведува политики кои ќе ја унапредат деловната околина и ќе го олеснат пристапот на домашните и странските инвеститори.

Претставниците на МАТТО ја истакнаа својата поддршка за реформските напори на Министерството, и посочија дека спроведувањето на ефикасни административни решенија е од суштинско значење за економскиот развој на државата.

Беше дискутирано и за можностите за заеднички иницијативи, кои ќе се фокусираат на дигитализација на административните процеси, намалување на бирократските бариери и промоција на транспарентноста.

Оваа средба ја потврди заложбата на Министерството за јавна администрација да ја поттикнува соработката со приватниот сектор како клучен партнер во реализацијата на реформските цели, кои се насочени кон создавање модерна и ефикасна јавна администрација, подготвена да одговори на потребите на граѓаните и деловниот сектор.

Министерство за јавна администрација

притисни ентер