Тој пораката со заканите за негова ликвидација испратена од протон маил со име „Јидаке“ ја сподели на социјалните мрежи, а смета дека истата е поттикната од неговата завчерашна изјава за промена на формулацијата во Уставот „јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните со албански јазик“. Вицепремиерот веднаш по пристугнувањето на маилот, лично го известил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од кого побарал постапување, но и да се зголемат мерките за негова безбедност.
-Не можам да останам рамнодушен на овие закани. Го извисетив лично министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, барајќи акција и зголемување на мерките за мојата лична безбедност. Тужбата е во подготовка, заканувачите и екстремистите мора да добијат одговор кој го заслужуват, затвор според постоечките закони. – Напиша Фетаи на својот фејсбук профил.
Според информациите МВР во меѓувреме веќе работат на случајот, односно одделението за компјутерски криминал се обидува да истражи кој стои позади заканата која е испратена од протон-маил кој е тежок за лоцирање. Сепак, повеќе детали за истрагата засега од МВР не откриваат, освен дека за случајот се постапува согласно процедурите за откривање на заканувачот.
Во соопштението од кабинетот на вицепремиерот исто така посочија оти Фетаи заканувачите ги сметал за лица со племенски ментален склоп, а како коалиција Вреди, се наведува нема да бидат спречени во преземените заложби пред граѓаните. Албанскиот јазик, велат, не загрозува никого, туку посочуваат дека е богатство и средство за комуникација.