Првото семејство со ретката болест „Фабри“ доби нова ензимска терапија

Во Македонија потврдени се првите случаи на Фабриева болест на Клиниката за нефрологија. По дијагностицирањето на болеста двајца пациенти одма се ставени на терпија.

Станува збор за генетска болест која многу ретко се потврдува, а со давање на терапија може да се продолжи животот на луѓето за 10-15 години. Лекот е на товар на фондот за здравство и одобрен од министерството за здравство.

Болеста започнува во раното детство, напредува бавно во текот на животот и резултира со сериозно оштетување на бубрезите, срцето и централниот нервен систем. Според директорот на клиниката Никола Ѓорѓиевски, пациенти се луѓето кои одат на хемодијализа и најважно е да се разговара за симптомите и фамилијарниот статус, а најважна е едукацијата кај матичните доктори.

Успехот доаѓа откако тим на доктори од клиниката, биле на едукација во Софија. истражувањата на ова генетско заболување е објавено во медицински списанија.

Од Клиниката за нефрологија потврдија дека кај дел од пациените ќе се направи и скриниг за фабриева болест со цел да се потврдат на време повеќе случи.

Google развива систем што ќе преземе контрола врз автомобилот, доколку сте лош возач

Google неодамна поднесе патент за систем кој може да ги препознае „лошите“ возачи и да преземе мерки врз основа на нивното однесување зад воланот.

Оваа технологија би следела различни параметри за возење, како што се брзината, забрзувањето, свиоците и ненадејното сопирање, за да процени колку е безбеден возачот. Развиен како дел од проектот Waymo, патентот опишува софтвер способен да ги анализира податоците за возењето, да идентификува „неправилно“ однесување и евентуално да преземе конкретни мерки, објави Авто Клуб.

Врз основа на овие податоци, системот може да го предупреди возачот за опасни дејствија, како што е ненадејно менување лента без трепкач, па дури и да испрати предупредување до возилата во близина да обрнат внимание на возачот за кој системот смета дека вози небезбедно. Во екстремни случаи, системот може да ја преземе контролата над возилото одреден временски период, што покренува сериозни прашања за приватноста и контролата на возењето.

Патентот предвидува помалку радикални мерки, како што се визуелни и звучни предупредувања кои го потсетуваат возачот да вози повнимателно. Друг интересен аспект на овој систем е тоа што може да го „научи“ специфичниот стил на возење на секој поединец и да го користи како основа за препознавање необично однесување. На пример, ако системот забележи дека возилото често скршнува или „лута“ по лентата, без стандардни предупредувања за напуштање лента, може да го предупреди возачот за потенцијална опасност.

Додека патентите често се само начин да се заштити идејата и не мора да значи знак дека некој производ доаѓа наскоро, концептот покренува голем број прашања за иднината на возењето. Технологијата што ќе им овозможи на автомобилите да проценуваат за безбедноста на возачот и да преземаат одредени активности, во далечна иднина би можела да го промени односот помеѓу возачот и автомобилот. Можеби еден ден автомобилите ќе ги „поправат“ возачите кога ќе влезат во остри кривини побрзо отколку што треба, додека возачите може да сметаат дека таквото однесување е сосема нормално и неопходно за безбедноста на патиштата.

Олаф Шолц е подготвен да разговара за нов датум на предвремените избори

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска посочи дека е подготвен за разговори за датумот на предвремените парламентарни избори, по распадот на владејачката коалиција.

„Во средата нагласив дека сакам што поскоро да побарам нови избори во Германија. А за датумот мораме да разговараме на мир“, рече Шолц на маргините на неформалниот самит на лидерите на Европската унија во Будимпешта.

Тој рече дека би било добро пратеничките групи во Бундестагот да се договорат кои закони би можеле да се донесат пред изборите.

„Овој договор потоа може да даде одговор на прашањето кога е вистинското време да се побара од Бундестагот гласање за доверба на владата - исто така во однос на евентуалниот нов датум за избори“, рече Шолц, пренесува Билд.

Шолц оваа недела го отпушти министерот за финансии Кристијан Линднер, а потоа предложи гласање за доверба на владата во јануари, што ќе го отвори патот за предвремени избори во март.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер вчера изјави дека е подготвен да распише нови избори по распадот на „семафорската коалиција“ од три партии, предупредувајќи ги сите партии дека треба да се однесуваат одговорно.

Штајнмаер има моќ да го распушти парламентот и да распише нови избори само откако владата ќе изгуби гласање за доверба.

Нетанјаху побара од Мосад план за спречување немири на спортски настани во странство

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска и нареди на шпионската агенција Мосад да подготви план за спречување на немири и насилство во странство.

Неговата одлука уследи по судирите откако заврши вчерашниот фудбалскиот натпревар помеѓу холандски Ајакс и израелскиот Макаби Тел Авив во Амстердам, при што се уапсени 62 лица.

- Им наложив на шефот на Мосад (на Давид Барне) и на другите официјални лица да ги подготват нашите правци на дејствување, нашиот систем за тревога и нашата организација за новата ситуација, истакна Нетанјаху.

притисни ентер