Излезе од печат романот „Идис“ од Робер Бадентер

Романот „Идис“ од Робер Бадентер, новата книга од издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ преведена од француски на македонски јазик од Гзиме Старова, денеска излезе од печат. Објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура.

Бадентер е познат кај публиката преку неговиот ангажман околу осамостојувањето на Македонија по распадот на СФРЈ, но и како книжевник кој многу добро го познава писателскиот занает.

Тој овој роман го напишал од почит кон својата баба по мајка, Идис. Пишувајќи за нејзиниот живот и патешествието на семејството како еврејски емигранти на Руската империја, Бадентер дава еден неверојатен приказ на животот на неколку генерации на семејството на неговата баба како еврејски емигранти, дојдени во Париз пред 1914 год.

- „Идис“ е високо оцента книга од книжевната критика и е популарна меѓу рафинираните читатели. Оваа книга претставува вистинско книжевно доживување, велат од ИЛИ - ИЛИ.

Робер Бадентер (Париз, 1928) e француски адвокат и политичар. Завршил студии по литература и право во Париз. Магистрирал на Универзитетот Колумбија (САД, 1949). Докторирал компаративно право во Париз (1951). Бил адвокат во Апелациониот суд во Париз (1951-1981), министер за правда на Франција (1981-1986) и претседател на Уставниот совет на Франција (1986-1995). Бил и претседател на Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија (формирана во 1991), која, под негово претседателствување, констатираше дека РМ ги исполнува сите општи и посебни услови за меѓународно признавање. Поради тоа беше прогласен за почесен доктор на правни науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (1996). /МИА

Јелен: Г-7 до октомври треба да договори 50 милијарди долари за Украина

 Министерката за финансии на САД, Џенет Јелен синоќа изјави дека „сѐ оди добро“ земјите од Г-7, групата на најразвиени демократии, да се договорат до октомври за условите за обезбедување 50 милијарди долари за Украина.

Средствата ќе бидат дадени како кредит од залогот на средствата на Русија замрзнати во меѓународните банки и финансиски институции.

Во изјава дадена на маргините на состанокот на министрите за финансии на Г-20 во Рио де Жанеиро, Бразил, Јелен рече дека „преговорите за кредитот биле конструктивни“, вклучувајќи ги и „барањата на САД да обезбедат гаранции дека средствата ќе останат замрзнати подолго време“.

- Имавме конструктивен разговор. Работиме заедно за да напредуваме по ова прашање. Мислам дека сѐ оди добро и дека ќе можеме да ја завршиме оваа работа, најверојатно до октомври, рече Јелен.

Кредитот од 50 милијарди долари, принципиелно договорен од лидерите на Г-7 во јуни, ќе биде обезбеден и ќе се враќа од приходите што доаѓаат од вложувањето на средствата на Централната банка на Русија во износ од околу 300 милијарди долари, замрзнати од Западот по инвазијата на Москва на Украина на почетокот на 2022 година.

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот

На собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден по ред треба да продолжи општата расправа за ребалансот на Буџетот.

Според пратениците од власта, ова е најтешкиот ребаланс затоа што е врз база на најлошиот и најтешкиот Буџет. Посочија дека Буџетот кога бил предложен претходната власт кажала ќе биде развоен и ќе има реализација на капиталните инвестиции, а сега, велат, имаме потреба не само од фискална консолидација, туку и од консолидација на државата. Додека, па, според пратениците на опозицијата, овој ребаланс е најлошиот досега и со него нема раст на платите и пензиите, а зголемен е и јавниот долг од 58 на 68 отсто.

На вчерашниот втор ден, пратениците расправаа околу намалувањето на буџетот на судовите и јавните обвинителства. Според пратениците на опозицијата, институциите од судската власт треба да имаат поголеми буџети, додека, пак, според владините пратеници овој буџет им е премногу со доверба од само два проценти кај граѓаните.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски вчера на собраниската комисиска расправа истакна дека оваа Влада има намера да направи финансиска консолидација на целокупното стопанство, да ги екипира сите буџетски корисници и да направи контрола на непродуктивните трошења, ќе продолжи со зголемување на платите и пензиите, а обезбеди и средства од каде можеше за нормално функционирање на државата.

Реплицирајќи и на пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ според која овој ребаланс е најлошиот досега, Јанкуловски потенцира дека Владата ги креирала проекциите согласно состојбите што ги наследила.

-Ова е најлошиот ребаланс, и за граѓаните и за еконоимијата. Платите и пензиите во изминатите години растеа како никогаш досега, и просечната и минималната плата, а како резултат на тоа се подобруваше животот на граѓаните и тоа е непобитен факт, но и доказ за добрите политики на СДСМ. Во делот на пензиите, ако вие како ВМРО-ДПМНЕ ги зголемувавте 11 години како ние, наместо да ги лажете пензионерите со 600 денари, денеска ќе зборувавме за минимални пензии од 20 000 денари, Тренчевска.

Општата расправа за ребалансот на Буџетот трае најмногу три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амадмани, шест дена. Завчера, на првиот ден од расправата, министерката Гордана Димитриеска-Кочоска го образложи ребалансот, нагласувајќи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за се што треба да се исплати согласно закон.

Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти

Сончево и топло со слаб северен ветер

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во следните денови ќе преовладува сончево време со постепен пораст на температурата. Во почетокот на следната седмица повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер.

притисни ентер