Иранско Министерство: Училиштата во Иран работат нормално по нападот на израелската армија

Училиштата во Иран денеска работат нормално по нападите на израелската армија кои беа извршени во текот на ноќта, соопшти утринава иранското Министерство за образование.

Претставникот на Министерството Али Фархади за агенцијата ИРНА изјави дека сите училишта во Иран денеска се отворени и наставата се одвива нормално.

Во исто време, новинската агенција Тасним јави дека се обновени летовите во Иран, откако тие беа кусо прекинати поради нападот на израелската армија врз воени цели во Иран.

Израелската армија ноќеска го нападна Иран, а за време на нападите, кои траеја неколку часа, мета биле 20 цели во земјата.

Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран веднаш откако израелската војска соопшти дека врши напади врз воени цели во Иран како одмазда за иранскиот напад врз Израел на 1 октомври./МИА

Израелската армија во контролирана експлозија уништи резерви на оружје на Хезболах

Во северниот дел на Израел утрово беа издадени предупредувања за земјотрес по контролираната експлозија на резерви на оружје на либанската милитантна група Хезболах од страна на израелските сили.

Израелската метеоролошка служба соопшти дека издала предупредување за земјотреси откако мерните уреди регистрирале земјотрес по поголема контролирана експлозија што утринава била извршена на северот на Израел, пренесе порталот Инет.

Во експлозијата биле уништени резерви на оружје на Хезболах, се вели во соопштението./МИА

Гвардиол: Меси беше мојот идол

 Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Јошко Гвардиол даде свое видување за настапите од почетокот на сезоната.

На осум натпревари од сезоната во Премиер лигата, дефанзивецот на Манчестер Сити постигна два гола.

- Мојот идол беше Меси. Кога играш дефанзивец 10-15 години, се заморуваш од тоа. Како помлад, играв насекаде - крилен играч, дефанзивен играч за врска, офанзивен играч за врска, па дури и напаѓач. Се чувствувам удобно во која било позиција и често завршувам на внатрешната лева страна бидејќи тоа го сака тренерот, рече Гвардиол.

Пред да дојде во Манчестер сити, Гвардиол играше за Динамо Загреб и за Лајпциг. /МИА

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Прифатете го предлогот за минимална плата од 450 евра заради граѓаните

Додека граѓаните живеат сè полошо, Владата одбива да ја зголеми минималната плата на 450 евра.

На денешната прес конференција СДСМ уште еднаш ја повика ВМРО-ДПМНЕ и Владата да го прифати предлогот за поголема минимална плата од 450 евра затоа што тоа ќе значи бенефит за сите работници и нивните семејства, потенцирајќи дека тоа е вистинска потреба за подобар животен стандард на граѓаните.

-Додека граѓаните живеат сè полошо, Владата одбива да ја зголеми минималната плата на 450 евра. Со потсмев им вели на граѓаните „да почекаат, ќе бидат задоволни“. Чекаат работниците за повисоки плати, а граѓаните за ефективни мерки за намалување на цените. Сите чекаат Владата да се смилува и да преземе нешто што ќе значи директна поддршка за семејствата и родителите кои се борат да ги покријат основните потреби. Наместо да манипулира со лажни кампањи, Мицкоски треба да се охрабри и да ги продолжи добрите политики на СДСМ. Јасно е дека нема економски концепт и дека со неговите политики сите осиромашуваат. Време е да признае дека вака веќе не може и да го прифати предлогот за зголемување на минималната плата. Ова е решение кое ќе донесе бенефит за сите работници, ќе ја зголеми минималната плата, а со тоа и просечната плата. Секое семејство ќе има повеќе пари, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

СДСМ обвинува дека по само неколку недели од воведувањето, анализите покажуваат дека владината мерка за намалување на цените на основните производи е целосно неефективна додека стандардот на граѓаните опаѓа.

-Денес, на едно четиричлено семејство му се потребни 61.249 денари за основните потреби во месецот, додека просечната плата падна за 1.000 денари откако Мицкоски стана премиер. Овие индикатори покажуваат дека животниот стандард на граѓаните драстично опаѓа и дека имаат сè помалку пари во џебовите, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција на партијата.

притисни ентер