Иран до крајот на месецов ќе преговара за нуклеарен договор со европската тројка и ЕУ, без САД

Иран на 29 ноември ќе разговара со Велика Британија, Франција, Германија и Европската унија за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу таа земја и шесте големи сили.

Иран на 29 ноември ќе разговара со Велика Британија, Франција, Германија и Европската унија за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу таа земја и шесте големи сили, вклучително и три европски држави и САД, изјавија денеска ирански дипломатски извори.

Доналд Трамп се повлече од договорот за време на неговата прва администрација во 2018 година.

Иран се спротивстави на потегот на САД со засилување на своите нуклеарни активности надвор од границите поставени во договорот.

Планираните разговори меѓу Иран, три европски нации и ЕУ, која дејствува како посредник, ќе бидат први нуклеарни преговори откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ја презеде функцијата кон крајот на јули по смртта на Ебрахим Раиси, кој во мај загина во хеликоптерска несреќа.

Уапсено е уште едно, 13-то лице поради трагедијата во Нови Сад

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека 13-от осомничен е уапсен за уривањето на настрешницата во Нови Сад.

Како што соопштија, уапсен е и приведен 13-от осомничен со иницијали Ј.С.М., кој на денот на акцијата за апсење на останатите осомничени, бил недостапен за надлежните.

Неправилното извршување на градежните работи е кривично дело за кое се товари.

„Откако осомничениот е приведен и извршен распит во Вишото јавно обвинителство во законскиот рок, осомничениот Ј.С.М. е приведен кај судијата на Вишиот суд во Нови Сад за да одлучи по поднесениот предлог на јавниот обвинител за притвор.“ се наведува во соопштението за печатот.

Како што велат, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад итно и темелно ќе ги преземе сите доказни дејствија, по што ќе донесат понатамошни одлуки.

Симеоне се расплака среде интервју и си замина (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид го победи Алавес со 2:1 во 14. коло од Ла Лига и сега заостанува пет бода зад лидерот Барселона.

Гостите поведоа од пенал на Гуриди во седмата минута. Атлетико се мачеше до 76. минута, а потоа Антоан Гризман погоди за 1:1 од пенал. Победата ја донесе Сорлот во 86. минута. Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне (54) беше особено емотивен на крајот од натпреварот, толку многу што мораше да го прекине интервјуто и да си замине во солзи.

"Мирен сум. Не знам што да кажам за годишнината. Го сакам ова место, овој клуб, овој град. Ова место, тоа сум јас... Ништо. Здраво", низ солзи изјави Аргентинецот. За Симеоне ова беше 700. натпревар на клупата на Атлетико. Има 412 победи, 156 нерешени и 131 пораз.

Два пати беше шампион на Шпанија, победник на Лига Европа и Суперкупот на УЕФА. Два пати загуби во финалето на Лигата на шампионите од Реал. Тој е во Атлетико од 23 декември 2011 година и има договор со нив до 30 јуни 2027 година.

Сирени за тревога низ Израел: Хезболах испука 150 ракети

Низ Израел се огласија сирените, проследени со повеќе ракетни напади од правец на Либан во кои беа ранети неколку лица, соопшти израелската војска.

Проиранската милиција Хезболах истрела приближно 150 ракети, принудувајќи ги цивилите во засолништата во централниот и северниот дел на Израел, вклучувајќи го и Тел Авив.

Војската објави дека за само неколку минути биле истрелани околу 30 проектили кон крајбрежниот град Хаифа и западната Галилеја, но некои од нив биле пресретнати. Во нападите наводно биле ранети неколку лица.

Нападите се случија еден ден по израелскиот воздушен напад врз Бејрут, според либанските власти, во кој загинаа најмалку 20 лица.

притисни ентер