ИОК ги повика спортистите да одбијат да учествуваат на Игрите на пријателство

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги повика спортистите да не учествуваат на Игрите на пријателство.

- ИОК ги повикува сите учесници во олимпиското движење и сите влади да одбијат да учествуваат и да поддржат какви било иницијативи насочени кон целосна политизација на меѓународниот спорт, се вели во соопштението на ИОК.

Во март, Светската антидопинг агенција (ВАДА) изрази загриженост за Светските игри на пријателство што ќе се одржат во Русија. Организацијата ги повика сите што го потпишаа кодот на WADA да бидат претпазливи и да не дават легитимитет на настанот.

Игрите на пријателство ќе се одржат од 15 до 29 септември во Москва и Екатеринбург. Спортистите ќе добијат 40.000 долари за победа, 30.000 долари за второ место и 20.000 долари за трето место. /МИА

Детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ во Градски парк

 На Школка во Градски парк вечер од 19 часот ќе се одржи централниот настан од 33. Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“.

Детскиот културен центар „Карпош“ со својот фолклорен ансамбл е домаќин и организатор на фестивалот под покровителство на Град Скопје.

Директорката на фестивалот Билјана Лалчевска-Серафимовска истакнува дека „Оро без граници“ е симбол на пријателствo меѓу децата кој континуирано се одржува од 1991 година.

-Еден од главните и најсимболични моменти на фестивалот е дефилето на учесниците, каде се формира најголемото оро, кое не познава граници, оро кое е симбол на пријателство меѓу децата. Овој детски фолклорен фестивал придонесува за зачувување и презентирање на традицијата и културата и промовирање на знаменитостите по кои е препознатливо Скопје, истакнува Лалчевска-Серафимовска во најавата за настанот.

Премиерот Мицкоски во посета на Кавадарци

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе биде во посета на општина Кавадарци каде ќе присуствува на поставување на камен темелник на Дом на култура со спортска сала во селото Дреново.

Проектот, како што информира владината прес-служба, ќе чини 25.000.000 денари.

Премиерот ќе изврши увид и во градежните активности на Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост, а ќе присуствува и на презентацијата „Safe Sity“ во Кавадарци.

„Safe Sity“ е проект почнат во 2019 година со општински средства и досега се вложени 13.000.000 денари. Поставени се вкупно 220 камери.

Речиси 75 милиони евра конфискувани на раководството на Јувентус

Судот во Торино одлучи да одземе речиси 75 милиони евра од сопственикот на Јувентус, Џон Елкан.

Станува збор за финансиски средства, движен и недвижен имот. Братот на Елкан, Лапо, неговата сестра Гинерва и претседателот на клубот Џанлука Фереро исто така се под истрага за „даночна измама“ и „измама на штета на државата“.

Семејството Елкан, наводно, го наследило имотот по смртта во 2019 година на нивната баба Марела Карачиоло, сопруга на поранешниот шеф на Фиат и поранешен сопственик на Јуве, Џани Ањели.

Според адвокатите на Елкан, конфискацијата на имотот е стандардна постапка што не значи дека обвинетите се виновни.

-Потенцираме дека Марела Карачоло е жител на Швајцарија од раните 70-ти години, многу пред да се родат браќата Елкан. Нејзината желба да живее во Швајцарија беше непроменета“, се вели во соопштението на адвокатите, кои се „убедени дека можат да ја докажат невиноста на своите клиенти“.

Јувентус по четири кола сезонава во Серија А има две победи и два нерешени натпревара.

притисни ентер