Именувањето на Христовски за прв човек на АНБ повод за нови партиски препукувања

Бојан Христовски е партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ и Владата треба итно да го разреши – втор ден по ред СДСМ обвинува дека именувањето на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност е опасна партизација на службата .

Бојан Христовски е партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ и Владата треба итно да го разреши – втор ден по ред СДСМ обвинува дека именувањето на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност е опасна партизација на службата и потенцираат дека тоа е споритвно на Законот.

Доказ за неговата поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ, велат е тоа што тој на социјалните мрежи активно споделувал и пропагирал со партиски објави и бил фотографиран во штабовите на партијата.

-Буквално нема неполитичка, ниту некаква професионална објава на Христовски, сите му се партиски. Дури и во последните објави на Христовски се гледа тоа. На 25 септември, со слика пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ќе објави дека „ја чува организацијата“. Бараме итни мерки за департизација, односно разрешување на Христовски и назначување на нов директор на АНБ, со што ќе се врати професионализмот и довербата во оваа институција,- Методија Илиевски – СДСМ.

Од Владата веќе дадоа објаснување дека Христовски уште од минатата година не е член на ВМРО-ДПМНЕ и нема партиски ангажман, иако не негираат дека до 2023 година бил Претседател на Градскиот комитет на партијата. Од политличкиот ангажман се откажал откако се вратил на работа во МВР, по добиениот судски спор за отказот од АНБ.

Дека се работи за професионалец тврдат и од владејачката партија, од каде велат дека СДСМ нема кредибилитет да зборува за безбедносните служби..

-Виктор Димовски беше член на ИО на СДС, највисоко тело во опозициската партија, и член на нивните комисии. Во АР СДС го има поставено Еролд Муслиу, кој во ек на најголема власт на СДС ги следеше функционерите на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувајќи ја службата. За разлика од кадрите на СДС како Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Миле Зечевиќ, ВМРО-ДПМНЕ на чело на службите поставува професионалци,- Бране Петрушевски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Во одбрана на Христовски застана и премиерот Мицкоски, кој изјави дека преку судска постапка се докажал политичкиот прогон кон него од претходната власт, кога му беше одземен безбедносниот сертификат и со тоа беше остранет од АНБ, поради наводно руско влијание преку неговиот татко кој учествувал во протести против Преспанскиот договор.

Премиерот одговори и дека досегашниот директор на АНБ Зарко Милошевски е разрешен бидејќи два ипол месеца немал доставено никаков извештај до Владата за работата на агенцијата.

Видео: Погледнете ја трката на два роботи: Едниот во патики, другиот трча бос

„Robot Era“, компанија која развива хуманоидни роботи, повторно го привлече вниманието на технолошките ентузијасти ширум светот.

Откако пред неколку месеци го покажа својот „XBot-L“ како оди по Кинескиот ѕид, компанијата сега објави снимка од два модели на „Star1“ кои трчаат низ пустината Гоби.

Трчањето во пустината со голема брзина овозможува поглед на потенцијалната иднина на хуманоидните роботи дизајнирани за реални средини.

Видеото е снимено кон крајот на минатиот месец и прикажува два хуманоидни роботи „Star1“ како се тркаат низ пустината. Тие се движат по карпести патеки, тревни површини и кривулести патишта.

Еден од роботите трча „бос“, додека другиот носи патики, кои, како што се испостави, одиграа значајна улога во исходот на трката.

Иако „Robot Era“ не откри многу детали за роботот „Star1“, знаеме неколку клучни спецификации: висок е 171 cm и тежи 65 kg .

Во трката во пустината, роботот со патики тргна зад својот противник, но брзо ја намали разликата. „Robot Era“ објави дека „Star1“ облечен во чевли достигнал брзина од околу 13 km/h и успеал да остане во водство цели 34 минути.

Извор: Б92

Се огласи Хамас, прв пат по убиството на лидерот Синвар: Нема да ги ослободиме заложниците

Палестински Хамас се огласи за прв пат по ликвидацијата на Јахја Синвар, нејзиниот лидер.

Највисокиот политички лидер на Хамас, Калил ал-Хаја, во петокот ја потврди смртта на водачот на групата, Јахја Синвар.

Во телевизиска изјава тој го повтори ставот на палестинската милитантна група дека нема да ги ослободат израелските заложници што ги заробија во нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, додека не дојде до примирје во повеќемесечната војна во Газа.

„Тие затвореници нема да се вратат пред крајот на нападот врз Газа и повлекувањето од Газа“, рече тој, пренесе АП.

Се огласи и либанската милитантна група Хезболах, која вети дека ќе започне нова фаза од борбата против Израел, еден ден откако израелските сили во Газа го убија Јахја Синвар, главниот архитект на минатогодишниот смртоносен напад врз Израел.

Хезболах од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас речиси секој ден истрелува ракети кон Израел. Хамас и Хезболах се поддржани од Иран, кој го прогласи Синвар за маченик кој може да ги инспирира другите да се спротивстават на Израел.

Израел вети дека политички ќе го уништи Хамас во Газа, а убиството на Синвар беше висок воен приоритет.

Еден од политичките лидери на Хамас во странство рече дека Израел е во заблуда ако „верува дека убиството на нашите лидери значи крај на нашето движење и борбата на палестинскиот народ“.

Кривична пријава против Рамиз Мерко за незаконско назначување директор на училиште

Против градоначалникот на Струга Рамиз Мерко е поднесена кривична пријава од ОВР Струга затоа што пред речиси три години,  спротивно на законот, назначил в.д. директорка во училиште во општината што ја раководи. 

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, кривична пријава е поднесена против Р.М.(67) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

-На 17.01.2022 година, во својство на градоначалник на општина Струга, тој спротивно на законските прописи, донел решение за избор и именување на в.д. директор на училиште во Струга. Тоа го направил иако знаел дека кандидатката што ја наименувал, не исполнувала низа услови од Законот за основно образование, не го положила испитот за директор во утврдениот законски рок и не поседувала соодветен сертификат за познавање англиски јазик, информира МВР во дневниот билтен.

И покрај тоа што таа не ги исполнувала условите за функцијата, пријавениот, наведува МВР, „и овозможил да добие решение и противправно да оствари парична корист во износ од 1.390.536 денари за вршење работни задачи како в.д. директор и како директор на училиштето“.

притисни ентер