СДСМ: Мицкоски продолжува со лагите и манипулациите за Коридор 8

СДСМ ја потсетува јавноста дека Република Македонија и Република Бугарија имаат потпишан Меморандум за разбирање за Коридор 8, исто како што Владата на СДСМ потпиша и договор за брза пруга Ниш – Скопје.

Овие документи се клучни за развојот на инфраструктурата и поврзаноста на земјата со соседите и регионот.

Сѐ што требаше Христијан Мицкоски да направи е да испрати свој претставник, министерот за транспорт, во Бугарија или да го покани бугарскиот министер во Скопје и да ги расчисти сите дилеми околу проектот. Наместо тоа, Мицкоски продолжува да ги менува своите тези и да манипулира со јавноста.

Ќе признае ли Мицкоски дека беше свесен за ова кога пред две недели отпатува во Брисел на средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен? На оваа средба се разговарал за Планот за раст, кој го предвидува заокружувањето на железничкиот Коридор 8, кој ги поврзува Бугарија, Македонија и Албанија.

Планот за раст, целосно подготвен од Владата на СДСМ, Мицкоски го потврди со само три измени, од кои ниту една не се однесува на проектната листа за Коридор 8. Мицкоски го имал овој документ со себе на 19 септември, но продолжува да ја заблудува јавноста.

Дополнително, дали Мицкоски ќе признае дека СДСМ предложи, а тој се согласи, дека најмалку 400 милиони евра од Планот за раст ќе бидат наменети за пругата? Зошто ја манипулира јавноста дека 500 милиони евра ќе потрошела нашата Влада за проектот? Дали владините претсравници во понеделникот во Брисел ја потврдија финансиката конструкција за пругата кон

Бугарија според која државното директно учество е само 18 милиони евра?

Овој капитален проект е од суштинско значење за регионалната поврзаност и економскиот развој на Северна Македонија.

СДСМ останува посветена на реализација на капиталните инфраструктурни проекти кои ќе ја подобрат поврзаноста и економскиот раст на државата.

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се менува и развива

Македонија се менува и развива, за годинава 4,1 милијарда денари за 270 капитални проекти за трансформација на општините.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува вистинска грижа кон сите, се подобрува квалитетот и животниот стандард на граѓаните во речиси сите општини во Македонија.

Владата за годинава потврди над 270 проекти кои ќе се реализираат во општините низ цела држава и за истите ќе се вложат над четири милијарди денари.

Финасиските средства кои Владата ќе ги додели кон општините ќе послужат за нивна економска трансформација, развој и подобрување на инфраструктурата, реализација на крупни капитални инвестиции.

Целта на проектот за доделување на финансиски средства на општините е за истите да се развиваат економски и инфрастуктурано, со што ќе се подобри квалитетот на животот на сите граѓани во секое населено место и граѓаните да газат по асфалтирани улици и патишта.

И сето ова се прави затоа што Владата се бори за секој милиметар квадратен на целата територија на државата, затоа што и е важно секое парче земја и секој еден граѓанин.

И за да продолжи економската трансформацијата на Македонија, проектот за доделување средства на општините за реализација на крупни капитални и инфраструктурни проекти, ќе трае следните четири години.

Целта која треба да ја постигне овој проект е да нема општина во Македонија која ќе има кал по улиците, неасфалтирани патишта или проблеми со канализација и водовод.

Македонија се менува, ова е само почеток. Почнува процес во кој ќе се развива секоја една педа на државата, каде секој граѓанин ќе има пристојни и достоинствени услови за живот.

ВМРО-ДПМНЕ

Орбан: Војната во Украина не може да се добие со победничкиот план на Зеленски

Војната во Украина не може да се добие со „планот за победа“ предложен од украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Со ова можеме само да загубиме, а Унгарија нема да биде дел од тоа“, изјави Орбан за јавниот сервис Кошут радио.

Орбан истакна дека ЕУ е поделена на две групи по прашањето за војната: „Тука сме ние и останатите“.

„Унгарија на почетокот на војната рече дека нема да учествува во воените напори, додека другите земји на ЕУ се во неа. ЕУ се однесува како воинствена страна“, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија на почетокот јасно ставила до знаење дека тоа е погрешна стратегија.

Тој нагласи дека оваа војна не може да се добие и дека преговорите се неопходни. „Сега другите 26 земји од ЕУ зачудено слушаат дека претседателот Зеленски има 'план за победа'. Зошто, што имаше до сега? Тоа што досега го имаа како план испадна дека е план за пораз, а сега тие се обидуваат да го заменат со план за победа“, рече Орбан и повтори дека Унгарија нема да учествува во тоа.

притисни ентер