ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се менува и развива

Македонија се менува и развива, за годинава 4,1 милијарда денари за 270 капитални проекти за трансформација на општините.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува вистинска грижа кон сите, се подобрува квалитетот и животниот стандард на граѓаните во речиси сите општини во Македонија.

Владата за годинава потврди над 270 проекти кои ќе се реализираат во општините низ цела држава и за истите ќе се вложат над четири милијарди денари.

Финасиските средства кои Владата ќе ги додели кон општините ќе послужат за нивна економска трансформација, развој и подобрување на инфраструктурата, реализација на крупни капитални инвестиции.

Целта на проектот за доделување на финансиски средства на општините е за истите да се развиваат економски и инфрастуктурано, со што ќе се подобри квалитетот на животот на сите граѓани во секое населено место и граѓаните да газат по асфалтирани улици и патишта.

И сето ова се прави затоа што Владата се бори за секој милиметар квадратен на целата територија на државата, затоа што и е важно секое парче земја и секој еден граѓанин.

И за да продолжи економската трансформацијата на Македонија, проектот за доделување средства на општините за реализација на крупни капитални и инфраструктурни проекти, ќе трае следните четири години.

Целта која треба да ја постигне овој проект е да нема општина во Македонија која ќе има кал по улиците, неасфалтирани патишта или проблеми со канализација и водовод.

Македонија се менува, ова е само почеток. Почнува процес во кој ќе се развива секоја една педа на државата, каде секој граѓанин ќе има пристојни и достоинствени услови за живот.

ВМРО-ДПМНЕ

Тедрос: Речиси сите во Газа се гладни

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека речиси сите во Појасот Газа се гладни, нарекувајќи ја оваа ситуација „нехумана.

„СЗО повикува на итен пристап до целата хуманитарна помош, започнувајќи од храна и лекови за тешко неисхранети деца, на кои им е потребен итен третман,“ напиша Тедрос Аданом Гебрејесус на социјалната мрежа Икс.

СЗО продолжува да повикува на прекин на огнот, бидејќи „најдобриот лек е мир,“ додаде тој.

Од 2006 година, Израел ја Газа под блокада, претворајќи го регионот во тоа што многумина го нарекуваат најголемиот отворен затвор во светот.

Израел ја продолжи офанзивата на Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот. Од тогаш загинаа повеќе од 42.400 луѓе, претежно жени и деца, а над 99.100 се повредени, според локалните здравствени власти.

Израелскиот напад го расели речиси целото население на Појасот Газа, среде тековната блокада која доведе до големи недостатоци на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради своите постапки во Газа. /МИА

Мицкоски најави нови германски инвестиции, очекува растот на БДП да надмине три отсто

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови германски инвестиции, а најголемата, како што истакна, ќе биде ветерен парк кај Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, вредна преку 400 милиони евра. 

До крајот на годината, според премиерот, две германски компании ќе почнат да вложуваат, едната, веќе присутна во земјава, ќе гради нов производен погон, а другата ќе стартува сосема нова гринфилд инвестиција.

Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на ново училиште во Ченто, Мицкоски рече дека очекува раздвижување на економијата по забрзаната динамика на капиталните инвестиции и над три отсто раст на БДП во третиот и четвртиот квартал од годината.

Ефектите од економската ситуација во Германија која, според премиерот, не е охрабрувачка, кај нас ќе се почувствуваат, како што рече, веројатно кон крајот на првиот и почетокот на вториот квартал идната година.

- Разговорот со германската Стопанска комора, беше пријатен и, би рекол, плоден. Веќе имаме неколку инвестиции во најава. Има една инвестиција во делот на енергетиката, нов ветерен парк – огромна инвестиција во потегот на општините Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, германска инвестиција, огромна 400 и нешто милиони евра. Струјата што ќе ја произведуваат, ќе ја продаваат на пазарот. За жал, четири години таа инвестиција не биле во можност да ја реализираат од причини кои не би ги коментирал сега во јавноста, ќе треба истражните органи да се позанимаваат. Но, веќе задолживме луѓе од Кабинетот што ќе ја следат на дневна основа реализацијата на оваа инвестиција која ќе значи уште еден чекор напред кон зелената транзиција, односно производство на електрична енергија од обновливи извори. Инаку, состојбата во германската економија не е охрабрувачка, туку е прилично предизвикувачка и очекувам ефектите што сега се случуваат во овој трет квартал во Германија, ние да ги почувствуваме кон крајот на првиот и почетокот на вториот квартал следната година, изјави Мицкоски.

Тој се осврна и на состојбите во индустријата кај нас, нагласувајќи дека последниве два месеца од доаѓањето на новата Влада, бројките се многу подобри.

- Индустриското производство просечно во вториот квартал паѓаше со 7 проценти. Просечно во првите два месеци од третиот квартал за којшто имаме досега обработени податоци, тоа се јули и август месец расте со 1,1 процент или во нето просечно е повисоко 8,1 проценти споредено со вториот квартал. Односно, во месец јули порасна за 3,8 проценти, а во месец август падна за 1,6 или во просек кога ќе се земе расте за 1,1 процент, додека пак, преработувачката индустрија и во првиот месец од третиот квартал јули и во вториот месец од третиот квартал август расте, во јули за 3,8 проценти, а во август мислам дека беше 1,1 процент, но треба тоа да го провериме. Извозот во август споредено со август минатата година е поголем за 12,2 процента, а увозот е помал за 1,6 проценти, така што не би се сложил дека извозот паѓа. Јас сега зборувам откако е оваа Влада, не зборувам за претходната. Откако е оваа Влада, избрана ова се параметрите, истакна премиерот.

Дополни и дека седум години додека соседите одеа напред, земјава одеше назад, па сега, како што напомена, мора да се прават крупни чекори.

- Порастот на БДП, согласно сегашните параметри, очекувам да биде меѓу прогнозите на ММФ и Светска банка или еден од подобрите во регионот или Европа, но да го почекаме декември кога излегуваат бројките за третиот квартал. Сепак, очекувам во третиот и четвртиот квартал растот да биде над три отсто со оглед на забрзаната динамика на капиталните инестиции, потенцира премиерот.

Во врска со проектите на општините, рече дека ќе бидат јавно објавени. - Не очекувам нови проекти, туку тие навреме што не доставија, да достават, а такви не се многу, нагласи Мицкоски.

Лами во Пекинг го нарече ангажманот со Кина прагматичен и неопходен

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денеска, за време на неговата прва посета на Пекинг откако лабуристите ја презедоа власта во јули, го оцени ангажманот со Кина како прагматичен и неопходен.

Лами се состана со кинескиот потпретседател Динг Ксујајанг, а подоцна денеска има средба и со министерот за надворешни работи Ванг Ји.

Неговото дводневно патување е обид да ги обнови врските со Пекинг откако односите се заладија во последниве години поради обвинувањата за шпионирање, поддршката на Кина за Русија во војната во Украина и задушувањето на граѓанските слободи во Хонг Конг, поранешна британска колонија која сега е дел на Кина.

-Од запирање на руската нелегална инвазија на Украина, до поддршка на глобалната зелена транзиција, треба често и искрено да зборуваме за двете области на спор, како и за областите на соработка во националниот интерес на ОК, рече Лами.

Во соопштението од неговиот кабинет се вели дека Лами ќе ја повика Кина да ја прекине својата политичка и економска поддршка за руските воени напори.

Кина, вклучувајќи го и Хонг Конг, е четвртиот најголем трговски партнер на ОК. /МИА

притисни ентер