Холандија во фокусот на 14. издание на „Здраво млади“

Како што информира МКЦ, програмата која има за цел да ја промовира и слави холандската култура, ќе овозможи увид во современата холандска сцена, со разновидна понуда од уметнички активности.

Во рамки на 14. издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади“, што ќе се одржи денеска во МКЦ, публиката ќе има можност да проследи богата културна програма која ќе биде реализирана како соработка на Младинскиот културен центар - Скопје и Холандската амбасада.

Како што информира МКЦ, програмата која има за цел да ја промовира и слави холандската култура, ќе овозможи увид во современата холандска сцена, со разновидна понуда од уметнички активности.

Во рамки на музичката програма, публиката ќе има можност да погледне плејада млади холандски музички групи и артисти кои со себе носат современ и моќен европски звук. Во МКЦ ќе настапат „VELOCITY MADE GOOD“, триото „HOUSEPAINTERS“, триото „TEXOPRINT“, „SØWT“, кантавторката „EERIE WANDA“, како и диџеј сет на независниот промотор, агент и менаџер на издавачката куќа „YUGOFUTURISM“, Кун Хегде или диџеј „VIKENDICA“.

Во соработка со Кинотека и „Eye Filmmuseum“ од Амстердам, публиката ќе има можност да проследи неколку архивски филмови кои се дел од фондот на реномираниот филмски музеј, а се патеписи од Балканот, Македонија и Скопје во периодот од 1912 – 1930 година.

На еден од надворешните ѕидови од институцијата ќе биде нацртан мурал од страна на еден од најпознатите ротердамски артисти Јорен Јошуа, чија специјалност се духовити и апсурдни илустрации од секојдневниот живот. Предвидена е и специјална работилница за урбана уметност и графити карактери со ХРОМ, НЕЈМ и ФЛИМ, мини саем на холандска литература и вкусување на автентична холандска храна.

Музичката програма на фестивалот почнува во 19 часот, додека останатите активности ќе се одвиваат во текот на целиот ден. Влезот е слободен. /МИА

Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

 Премиерот Христијан Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ и смета дека нема да бидат конструктивна опозиција. 

- Ние не може да кажеме какво раководство треба да има СДСМ, тие одлучиле дека такво раководство заслужуваат. Не сум импресиониран од ова раководство. Напротив, сум разочаран затоа што ценам дека овие луѓе не можат да бидат конструктивна опозиција и додадена вредност на политичката сцена и дека ќе продолжат со конструкции, измислици, ниски странски, дневни навреди...., изјави денеска Мицкоски, коментирајќи го изборот на највисоките тела на СДСМ на вчерашниот конгрес.

Според Мицкоски, локалните избори, што треба да се одржат за 10-тина месеци, ќе бидат тест за новото раководство на СДСМ.

- Јас би сакал да бидат конструктивен партнер на политичката сцена, но за жал морам да констатирам дека не сум импресиониран, рече Мицкоски.

На вчерашниот 30-ти конгрес на СДСМ беше избрана Фани Каранфилова Пановска за нов заменик претседател на СДСМ. На конгресот, на кој присуствуваа 536 од 626 нови делегати, беше избран и Централниот одбор на партијата, а до крајот на неделата се очекува да биде избрано целото ново раководство на партијата.

Со сослушување на оштетени во Кривичен продолжи судењето за Жан Митрев

Со сослушување на оштетени, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето против доктор Жан Митрев.

Лицата во својство на оштетени - брачни партнери, родители и членови на потесните семејства на жртвите, како и лица кои се лекувале во болницата пред Судот се произнесуваа по однос на преднајава на имотно правни барања.

Барање за отштета пред Судот денеска преднајавија вкупно 7 лица, додека едно од лицата во својство на оштетено, се откажа од барањето.

Поголем дел од оштетените не знаеја да кажат точна сума и зборуваа само за тоа кој се лекувал во болницата и колку хемофилтрации биле направени, а некои од оштетените најавува и точни суми како - износи од 609 илјади денари за три хемофилтрации и околу 250 илјади денари за хоспитализација, околу 15 илјади евра минус трошите за престој во болницата...

Едно од лицата во својство на оштетени, кое се откажа од барањето за штета, пред Судот рече "битно е дека сум жив, другото не".

На прашање од јавниот обвинител Искра Хаџи Василева, дали некој му вршел влијанија, бидејќи, како што кажа, имало сведоци кои пред Обвинителството јавувале за такви обиди, еден од оштетените само кратко кажа "не".

Судијката, која го води случајот Лидија Петковска, информираше дека дел од повиканите оштетените, иако уредно повикани не се присутни на денешното рочиште. Дел од нив го информирале Судот, дека не се државата или се времено во болница.

Обвинителството пред Судот, на денешното рочиште прочита вкупно два искази на лица во својство на оштетени со барања за отштета.

Јавната обвинителка, Хаџи Василева, посочи дека ЗКП предвидел дека оштетените кои се повикани, а не дошле пред Судот, тогаш може да се прочита нивното изнесено предбарање за отштета.

Одбраната, на тоа, реагираше дека тоа не може да се прави, бидејќи како што посочија, имало и такви кои се откажувале од барањата за отштета. Судот, како што информираше судијката Петковска, на едно од претходните рочиште веќе донел одлука по ова прашање, за оштетените кои не може да се јават пред судот, да бидат прочитани нивните искази. Судењето продолжува на 16 декември, за кога се повикани останатите лица во својство на оштетени. Пред Обвинителството за случајот преднајава за барања за штета најавиле вкупно 283 оштетени лица. Предметот се однесува на измама, односно, како што соопшти своевремено ЈО, прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, со цел противправно прибавување на имотна корист. Предметот е оформен по допрен глас, откако се објави документарец во кој се тврди дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми пари за хемофилитрација при лекување од Ковид-19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје. Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева. Судскиот процес пред Основниот кривичен суд во Скопје започна во февруари лани, но поради истекот од 90 дена од последното одржано рочиште тој лани во ноември беше вратен од почеток. Процесот се наоѓа во фаза на доказна постапка, каде се изведуваат докази и се сослушуваат сведоци предложени од Јавното обвинителство.

Вo текот на една недела санкционирани 206 непрописно паркирани возила на територија на О.Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 18 до 24 ноември 2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 206 непрописно паркирани возила.

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 18 до 24 ноември 2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 206 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ велат дека заедно со Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на општината. Потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

притисни ентер