Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

 Премиерот Христијан Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ и смета дека нема да бидат конструктивна опозиција. 

- Ние не може да кажеме какво раководство треба да има СДСМ, тие одлучиле дека такво раководство заслужуваат. Не сум импресиониран од ова раководство. Напротив, сум разочаран затоа што ценам дека овие луѓе не можат да бидат конструктивна опозиција и додадена вредност на политичката сцена и дека ќе продолжат со конструкции, измислици, ниски странски, дневни навреди...., изјави денеска Мицкоски, коментирајќи го изборот на највисоките тела на СДСМ на вчерашниот конгрес.

Според Мицкоски, локалните избори, што треба да се одржат за 10-тина месеци, ќе бидат тест за новото раководство на СДСМ.

- Јас би сакал да бидат конструктивен партнер на политичката сцена, но за жал морам да констатирам дека не сум импресиониран, рече Мицкоски.

На вчерашниот 30-ти конгрес на СДСМ беше избрана Фани Каранфилова Пановска за нов заменик претседател на СДСМ. На конгресот, на кој присуствуваа 536 од 626 нови делегати, беше избран и Централниот одбор на партијата, а до крајот на неделата се очекува да биде избрано целото ново раководство на партијата.

Гаши – Коњуфца: Потврда на одличните и конструктивни билатерални односи

Претседателот на Собранието на Република Македонија,  Африм Гаши во рамки на официјалната посета на Република Косово денеска остварил средба со претседателот на Собранието на Република Косово, Глаук Коњуфца.

На средбата присуствувале и пратениците Имрлије Салиу-Фетаи, претседател на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово и Тони Јаревски, член на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово.

Како што соопшти собраниската прес-служба, претседателот Гаши се заблагодарил за срдечниот прием и подвлекол дека оваа посета е потврда за потврда на одличните и конструктивни билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Косово, како и плодната соработка меѓу двете држави на сите нивоа.

- Гаши оцени дека билатералната парламентарна соработка е со интензивна динамика со тенденција трендот да продолжи и во иднина. Фреквенцијата на возвратните билатералните средби, за која претседателот Гаши се залагал и во текот на неговиот мандат како претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, резултираше со значително унапредување на дијалогот меѓу двете држави и одржување на Втората заедничка седница на владите на 18 ноември годинава. Двата парламенти успешно соработуваат и се поддржуваат и на мултилатерален план, во рамките на меѓународните парламентарни собранија на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Советот на Европа и Франкофонијата и споделуваат заедничка визија за стабилен Западен Балкан, интегриран во евроатлантските структури. Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија и НАТО, стои во соопштението од Собанието на Република Македонија.

Претседателот на Собранието на Република Косово, Коњуфца искажал благодарност за постојаната поддршка од Република Македонија на сите нивоа од независноста до денес. Подвлекол дека постојаната реципрочна поддршка на сите нивоа е рефлексија на одличните, пријателски и неоптеретени односи меѓу двете држави.

- Република Македонија и Република Косово споделуваат исти предизвици: приближување на стандардите на ЕУ, имплементација на реформи, соочување со предизвици и правење компромиси со соседите, рекол Коњуфца, се вели во соопштението.

Соговорниците се согласиле дека нашиот регион треба да е дел од Европската унија што поскоро имајќи го во вид геополитичкиот контекст на континентот и значењето на регионот за мирот и стабилноста во Европа и пошироко.

Франциск: Лицемерните земји кои зборуваат за мир, а произведуваат оружје се виновни за војните

 Папата Франциск ги обвини „лицемерните“ земји кои зборуваат за мир, а истовремено произведуваат оружје, за конфликтите во Украина и палестинските територии.

- Сакам да ги споменам неуспесите на човештвото – Украина и Палестина, каде што луѓето страдаат, а ароганцијата на освојувачите победува над дијалогот, изјави папата.

Римокатоличкиот поглавар повика на дијалог и потенцираше дека младите имаат посебна способност да донесат мир. Неговите зборови беа изречени на средба по повод 40-годишнината од примирјето меѓу Аргентина и Чиле.

Акција за пошумување кај Гевгелија, засадени над 5.000 дрвца багрем и чемпрес

Со акција за пошумување насловена „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“, во близина на месноста Топлик кај Гевгелија, засадени се над 5.000 дрвца багрем и чемпрес, информираа денеска од Општина Гевгелија преку нивната официјална страница.

Акцијата ја организираше Општина Гевгелија во соработка со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, Шумско стопанство „Кожуф“ и ОО на Црвен Крст од Гевгелија и со голем број волонтери,претставници на Советот на Општина Гевгелија, државните и локалните институции и граѓанскиот сектор.

На акцијата, покрај градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, учествувала и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашковска.

- Гевгеличани масовно и сплотени покажаа дека градот се сака со конкретни дела. Заштитата на животната средина е важен сегмент за здрава средина. Ова е поттик за сите нас ваквата иницијатива да прерасне во традиција и да се случува често, стои во изјавата на Сарамандов.

Во информацијата од Општината се додава дека акцијата треба да прерасне во традиција и има за цел да го надомести недостигот и намалувањето на шумската маса заради преголемата суша и предизвиканите пожари на подрачјето на општина Гевгелија, но и да ја подигне јавната свет за важноста на зелените површини и нивната улога во животната средина.

притисни ентер