Вo текот на една недела санкционирани 206 непрописно паркирани возила на територија на О.Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 18 до 24 ноември 2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 206 непрописно паркирани возила.

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 18 до 24 ноември 2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 206 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ велат дека заедно со Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на општината. Потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

Франциск: Лицемерните земји кои зборуваат за мир, а произведуваат оружје се виновни за војните

 Папата Франциск ги обвини „лицемерните“ земји кои зборуваат за мир, а истовремено произведуваат оружје, за конфликтите во Украина и палестинските територии.

- Сакам да ги споменам неуспесите на човештвото – Украина и Палестина, каде што луѓето страдаат, а ароганцијата на освојувачите победува над дијалогот, изјави папата.

Римокатоличкиот поглавар повика на дијалог и потенцираше дека младите имаат посебна способност да донесат мир. Неговите зборови беа изречени на средба по повод 40-годишнината од примирјето меѓу Аргентина и Чиле.

Акција за пошумување кај Гевгелија, засадени над 5.000 дрвца багрем и чемпрес

Со акција за пошумување насловена „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“, во близина на месноста Топлик кај Гевгелија, засадени се над 5.000 дрвца багрем и чемпрес, информираа денеска од Општина Гевгелија преку нивната официјална страница.

Акцијата ја организираше Општина Гевгелија во соработка со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, Шумско стопанство „Кожуф“ и ОО на Црвен Крст од Гевгелија и со голем број волонтери,претставници на Советот на Општина Гевгелија, државните и локалните институции и граѓанскиот сектор.

На акцијата, покрај градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, учествувала и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашковска.

- Гевгеличани масовно и сплотени покажаа дека градот се сака со конкретни дела. Заштитата на животната средина е важен сегмент за здрава средина. Ова е поттик за сите нас ваквата иницијатива да прерасне во традиција и да се случува често, стои во изјавата на Сарамандов.

Во информацијата од Општината се додава дека акцијата треба да прерасне во традиција и има за цел да го надомести недостигот и намалувањето на шумската маса заради преголемата суша и предизвиканите пожари на подрачјето на општина Гевгелија, но и да ја подигне јавната свет за важноста на зелените површини и нивната улога во животната средина.

Четвртина млади Европејци работат за време на школувањето

Во 2023 година, 25,7 отсто од младите Европејци на возраст од 15 до 29 години биле вработени додека учеле, соопшти Евростат.

Како што се наведува, 71,4 отсто од младите кои студираат лани не учествувале на пазарот на труд, додека 2,9 отсто активно барале вработување.

Процентот на млади луѓе кои студираат и работат во исто време значително варира меѓу земјите-членки на ЕУ. Најголем удел на вработени млади во текот на образованието е забележан во Холандија 74,5 отсто, Данска 52,6 отсто, Австрија 46,2 отсто, а најмало во Романија - само 2,3 отсто, Словачка 5,8 отсто и Унгарија 6,1 отсто.

Дополнително, најголем удел на млади кои се во образование и во исто време активно бараат вработување е забележан во Шведска 13,8 отсто, Финска 8,3 отсто и Данска 6,9 отсто. За разлика од нив, најмал удел на младите од споменатата категорија е регистриран во Унгарија 0,4 отсто, Чешка 0,8 отсто и Полска 0,9 отсто.

притисни ентер