Хезболах ја презеде одговорноста за гранатирањето на северен Израел утринава

Проиранското движење „Хезболах“ објави дека истрелало ракети кон регионот Хаифа во северен Израел, како одговор на израелската „агресија“ врз Либан.

Либанската група во соопштение рече дека „лансирала голема ракетна салва“ во област северно од Хаифа.

Израелската војска денеска соопшти дека северот на земјата бил под оган од Либан, а во многу градови биле пуштени сирени за воздушен напад.

Во ГОБ 8 септември во просторија за преглед починала 43 годишна жена

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје било пријавено дека кај нив во Ургентниот центар, додека била во просторија за преглед, починала М.С.(43) од скопското село Љуботен.

Лекар ја констатирал смртта без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.

Суарез преговара за нов договор со Интер Мајами

Напаѓачот на Интер Мајами - Луис Суарез, се чувствува одлично во клубот и затоа сака да потпише нов договор. Актуелниот договор на Уругваецот истекува на крајот на календарската 2024 година, но Суарез сака да остане и после тоа.

- Знам дека мојот адвокат разговара со клубот, но со мир на умот, ќе ја завршам сезоната. Тоа е одлука на клубот, но што се однесува до мене, со задоволство ќе останам, изјави Суарез, цитиран од „Атлетик“.

Триесет и седум годишниот фудбалер потпиша со клубот од Флорида во јануари 2024 година, откако претходно играше за Гремио.

Со Интер Мајами, каде што е соиграч со неговиот добар пријател Лионел Меси, Суарез има 22 гола и 10 асистенции на 33 натпревари во сите натпреварувања.

Во Србија во училиштата се зголемува бројот на македонски ученици кои го изучуваат македонски

Од 2012 година кога во основното училиште „Гоце Делчев“ во Јабука се запишаа првите пет македонски ученици да го изучуваат изборниот предмет Македонски јазик со елементи на националната култура, до денес нивниот број е зголемен на над 300.

Од 2012 година кога во основното училиште „Гоце Делчев“ во Јабука се запишаа првите пет македонски ученици да го изучуваат изборниот предмет Македонски јазик со елементи на националната култура, до денес нивниот број е зголемен на над 300 запишани деца во 10 училишта во девет населени места ширум Србија. Со ова тие ја остваруваат законската можност што ја имаат во Србија, да го изучуваат македонскиот јазик, културата и историјата, јави дописникот на МИА од Белград.

Овие и други податоци денеска беа презентирани на состанокот во Белград организиран од Македонскиот национален совет, на темата „Образованието на македонски јазик во Србија“, на кој за прв пат беа собрани македонски наставници кои го предаваат изборниот предмет Македонски јазик со елементи на националната култура.

- Многу е битно учениците да го изучуваат македонскио јазик, да ја изучуваат националната култура бидејќи така се чува идентитеот, традицијата и нитката со македонската држава, изјави претседателката на Македонскиот национален совет на македонското национално малцинство во Србија, Зорица Митровиќ.

Таа посочи и дека се соочуваат и со проблеми.

- Ни фалат учебници што ги обезбедува Р.Србија и ни е потребна поголема институционална подршка од Македонија, и во вид на учебници, како и на наставни помогала и дополнителни средства за да можат наставниците поквалитетно да ја изведуваат наставата, изјави претседателката на Македонскиот национален совет, чија законска обврска е и образованието на Македонците во Србија.

Директорката на ОУ „Бора Станковиќ“ од Богоевац, општина Лесковац, Татјана Гавриловиќ изјави дека во нејзиното училише македонскиот јазик го учат 70 ученици во 9 групи, од прво до четврто одделение.

-Децата во нашето училиште имаат желба и воља да го учат македонскиот јазик, им се допаѓа јазикот и културата. Од година на година расте нивниот интерес и се надеваме дека ќе го оджиме волку големиот број на деца и во иднина, изјави Гавриловиќ.

Изборниот предмет Македонски јазик со елементи на националната култура во Србија се учи во основните училишта во Јабука, Пландиште, Качарево, Богојевце, Гудурица, Хајдучица, во Нови Сад, Вршац и најмногу во Лесковац, каде 122 деца го учат овој предмет во две училишта.

-Во тек се активности да отвориме група и во трето основно училиште, се надебваме дека овој број ќе расте и дека и нашите внуци ќе го изучуваат јазикот на нашите претци, изјави Маре Каранфиловиќ од Лесковац, претседателка на одборот за образование на Македонскиот национален совет во Србија.

На состанокот на македонските наставници, м-р Ивана Станковиќ од Лесковац ја посочи потребата од обнова на Катедрата за македонски јазик на Белградскиот универзитет, како место каде би се профирирал потребниот наставен кадар, кој е дефицитарен во цела Србија.

притисни ентер